Добавить новость
ru24.net
World News
Сентябрь
2021

Министерството за здравство ќе ги приложи сите документи за ковид центрите

0
Министерството за здравство ја поздрави постапката на Основното јавно обвинителството кое ја води истрагата за избувнувањето на пожарот во мобилниот ковид центар во склоп на Клиничката болница Тетово. Министерството соопшти дека им стои на располагање на сите институции и дека ќе соработуваат и ќе ја приложат целокупната документација со која располагаат, за поставувањето на сите 17 регионални ковид центри во државата.



Според министерството, сите стручни технички извештаи од извршените испитувања на отпорите на заштитното заземјување, испитување на непрекинатоста на заштитниот проводник и отпорите на распространување на инсталацијата за заштита од атмосферски празнења, сертификати за тестирање и квалитет на материјалите кои се вградени во префабрикуваните модуларни контејнери, сертификати за ѕидни и кровни панели, за подови, известувања за извршена хидро проба и тестирање на инсталираната водоводна мрежа, известувања за исполнетост на минимални технички барања во однос на конструкција, плафони, столарија, греење и ладење, инсталации и подови, изјава за сообразност, записници од примопредавање на префабрикуваните модуларни контејнери-регионални ковид центри, решенија за пренесување на вредност на модуларни контејнери, како и решенија за пренесување на вредност на инвентар и немедицинска опрема на болниците се достапни за увид.



Експерти од германската криминалистика вклучени во истрагата за пожарот во Тетово


Министерството за здравство информира дека откако изведувачот ќе ги поставел модуларните контејнери се вршело примопредавање на истите. Примипредавањето, како што се наведува, го правеле инженери од МЗ, МТСП, како и претставници од изведувачот и болниците, со што модуларните контејнери се предавале на болниците во целост согласно техничките спецификации од договорот.



„Министерството за здравство не сакајќи да се меша во јавно обвинителските одлуки и дејствувања, ниту да наштети на независната истрага која ја водат Основното јавно обвинителство и Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, по претходна нивна дозвола, документацијата со која располагаме подготвени сме да ја доставиме на увид“, се вели во соопштението на министерството.



Заврши обдукцијата на починатите во пожарот во Тетово


Во пожарот во ковид центарот во Тетово загинаа 14 лица. Во моментот на несреќата во просториите имало вкупно 26 лица. Истрагата се уште трае.

 



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus




Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
Australian Open

Янчук назвал фаворита Открытого чемпионата Австралии по теннису






Суд оказал налоговой службе в аресте счетов «Нижегородавтодора»

Моторное топливо вновь подорожало в Воронежской области

Биатлонисту Усову за победу вместо большой фигурки лося вручили сундук рыбы

Гранат высказался о ситуации спартаковца Зиньковского