Снимките од надзорните камери на ковид центарот предадени на Обвинителството
„Надзорни камери има, од страничната и од предната страна и материјалите се доставени се на јавен обвинител“, рече Нуредини.
Неодговорени прашања за пожарот во тетовската болница
Тетово ден по пожарот - помош, поддршка, истрага, одговорност!
Во однос на тоа зошто било дозволено посета во таков ковид центар, доктор Нуредини вели дека немало недостаток на кадар и целиот ковид центар бил снабдуван со непоходниот кадар. Што се однесува до посетите, вели дека кај нив има пациенти кои се роднини на медицински сестри и можеби и тоа допринело да има посета, но сите тие морале да ги почитуваат анти ковид мерките и не ги оставиле да ги посетат повеќе од 15 минути.
„Секоја посета е казнива. Не може роднина да се грижи за пациентите. Ние известивме до сите одделенија дека никакви посети не се дозволени“, изјави Нуредини.
Нуредини изјави дека сите повредени пациенти во пожарот се во добра здравствена состојба. Тој потврди дека помеѓу четиринаесетте починати имало и двајца цивили.