Добавить новость
ru24.net
World News
Сентябрь
2021

Данска ги укина сите мерки на рестрикција

0
Од  денеска Данците ги отфрлија сите ограничувачки мерки воведени поради вирусот корона, вклучително и специјалните пасоши за ковид кои беа задолжителни за влез во ноќни клубови.


Пасошите за ковид беа воведени во март 2021 година, кога Копенхаген полека почна да ги ублажува ограничувањата. Овие пропусници се отповикани на сите места на 1 септември, освен во ноќните клубови, каде што веќе нема да бидат потребни од денеска.



Некои мигранти ќе треба да работат за да добијат бенефиции во Данска


Утре, во присуство на околу 50.000 луѓе, ќе се одржи концерт во Копенхаген, а сите билети се продадени. Ова ќе биде прв настан од ваков вид во Европа.


"Нашата цел е слободно движење. Она што ќе се случи сега е дека вирусот ќе циркулира и ќе ги најде оние кои не се вакцинирани", изјави епидемиологот Лоне Симонсен за АФП.


Таа додаде дека вирусот повеќе не е социјална закана, благодарение на вакцината.


„Вакцините досега обезбедија имунитет од нови видови, но ако се појават соеви отпорни на вакцини, ќе мора да ја преиспитаме нашата стратегија“, рече Симонсен.


Со околу 500 дневни случаи на инфекција со коронавирус и стапка на репродукција од 0,7, данските власти велат дека го држат вирусот под контрола. Сепак, министерот за здравство Магнус Хојнике вети дека данската влада нема да се двоуми брзо да ги воведе повторно ограничувањата доколку е тоа потребно.


Властите инсистираат на тоа дека враќањето во нормален живот мора да биде придружено со строги хигиенски мерки и изолација на болните. Патниците што влегуваат во Данска се уште мора да презентираат или пасош за ковид или негативен ПЦР тест, а маските се потребни на аеродромите.



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus




Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
Зарина Дияс

Сенсацией обернулся матч Зарины Дияс за четвертьфинал турнира в Мумбаи






На труд мигрантов в регионах России будут вводить новые ограничения

Приёмным семьям Подмосковья увеличили ежемесячные выплаты

" В России есть вера": священник-ассириец из США переехал на Дон

Барнаульский криминалист победила во всероссийском конкурсе