Алијанса за Албанците: Оставките се обид да се избегне одговорноста
„Тие коишто пред само 24 часа рекоа дека е време за предизвици, а не за оставки, по објавувањето на првите индиции за трагични грешки во изградбата на модуларната болница во Тетово, даваат оставки. Овие задоцнети оставки се обид да се оправда нефункционалната влада која мора да поднесе оставка до последниот, тактика на неодговорни функционери за да ја покријат својата вина, брзање да го амортизираат револтот на граѓаните и игра да избегаат од одговорноста“, велат од партијата.
Во минатото, како што наведуваат, имало случаи што завршиле со оставка и во следниот мандат со повторно назначување на истите функционери во други оддели, но без никаква кривична одговорност.
„Трагедијата во Тетово го потресе светот, избриша 14 животи и ги изгори срцата на сите нас. Овој случај не смее да остане без правда и без одговорност. Го повикуваме обвинителството да не подлегне во политички игри, да дејствува итно и да не дозволи ниеден од осомничените да избега и да ни се случи „Будимпешта 2“, додаваат од партијата.
Серија оставки од морални причини за пожарот во Тетово
По пожарот во кој животот го загубија 14 лица оставка поднесоа министерот за здравство Венко Филипче, неговиот заменик неговиот заменик Илир Хасани, како и двајцата директори на болницата Фљорин Бесими и Артан Етеми.