Арифи ќе чека одговори, па ќе бара одговорност за пожарот
„Завршени се истрагите на место на настанот и во моментот истрагата ги собира податоците, телефонски снимања, снимања од граѓаните, луѓе кои биле на местото, сите тие податоци за да го заокружи процес на истрагата. Вклучувањето на истражители од Германија е додатна помош овој процес да биде завршен“, рече Арифи.
Изгоре ковид-центарот во Тетово, потврдени 14 починати
На новинарско прашање дали ќе бара морална одговорност од раководството на болницата, Арифи порача дека прво сака да добие одговори на неколку прашања.
„Треба да се има предвид фактот дека ова беше голема несреќа и во голема несреќа не сите работи можете одма на почетокот да ги канализирате. Знаете и вие какво беше известувањето вечерта. Тоа што е важно-нека заврши процесот на истрагата и да имаме тука неколку одговори кои сите го очекуваме. Да ги добиеме сите тие одговори, одговорноста не е само морална и како таква треба да се понесе“, истакна градоначалничката.
Министерството за здравство ќе ги приложи сите документи за ковид центрите
Општина Тетово донесе одлука да ги покрие трошоците за посмртните услуги за жртвите и одобри финансиска помош во износ од 1000 евра во денарска противвредност за сите семејства на жртвите, како и за преживеаните.
Во пожарот во ковид центарот во Тетово загинаа 14 лица. Во моментот на несреќата во просториите имало вкупно 26 лица. Истрагата се уште трае.