Германија го укинува платеното боледување за невакцинирани лица
Германските фирми бараат опции да дознаат дали вработените им се вакцинирани
Германскиот министер за здравство Јенс Шпан рече дека одлуката ќе стапи на сила од 1 ноември и дека сите што сакаат ќе имаат време да се вакцинираат. Оние кои не го сакаат тоа ќе мора да сносат одговорност и да имаат финансиски трошоци, рече Шпан. Во Германија, 63,4 проценти од населението досега е целосно вакцинирано. Тамошната влада соопшти дека целта е да се имунизираат 75 проценти од населението за да се избегне ново нагло зголемување на бројот на заразени во текот на зимските месеци.