СЗО: И пониските нивоа на загадување на воздухот се штетни за здравјето
Загадениот воздух ги напаѓа белите дробови, но и мозокот на децата
Од последното ажурирање на препораките на СЗО, подобриот надзор и науката овозможија појасна слика за глобалните ефекти на шесте водечки загадувачи на воздухот врз здравјето на луѓето. Се проценува дека изложувањето на загаден воздух ќе предизвика седум милиони предвремени смртни случаи секоја година и ќе влијае врз здравјето на многу поголем број луѓе. СЗО наведува дека загадувањето на воздухот сега може да се спореди со другите глобални здравствени ризици како што се нездравата исхрана и пушењето цигари.