Добавить новость
ru24.net
World News
Сентябрь
2021

Северна Македонија и Филипините воспоставија дипломатски односи

0
Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи и неговиот хомолог од Република Филипини, Теодоро Л. Локсин, потпишаа Заедничко комунике за воспоставување дипломатски односи меѓу двете земји, соопшти МНР. „Ваквиот чекор ги потврдува заложбите на Република Северна Македонија за градење пријателски односи и воспоставување партнерства и со географски оддалечени земји. Отворањето на ново поглавје во билатералните односи меѓу двете земји нуди дополнителни можности за промоција на економските и трговските врски, како и зајакнување на досегашната успешна соработка на мултилатерално ниво“, оцени министерот Османи.


Обраќање на претседателот Пендаровски на ГС на ОН


Чинот на официјализирање на пријателството меѓу Република Северна Македонија и Република Филипини, што се реализираше на 76-тото заседание на Генералното Собрание на Обединетите нации, во Њујорк, наведуваат од МНР, претставува солидна основа за унапредување на дијалогот на сите нивоа, како и за градење на договорната рамка и развој на соработката во голем број области како културата, образованието, здравството и туризмот. Република Филипини е 181 земја со која Република Северна Македонија има воспоставено дипломатски односи.



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus




Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
WTA

Вероника Кудерметова разгромно проиграла Белинде Бенчич во втором круге турнира WTA-500






Азербайджан закрыл Русский дом: Баку ждёт реакции Москвы

«Со Христом я, или нет?» – главный вопрос новомучеников

Shot: У актера «Звезды пленительного счастья» Стриженова случился инфаркт мозга

Лолита осталась без газа: какие нарушения нашли в московской квартире певицы