Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Июнь
2019

Новости за 21.06.2019

Историјата полесно ќе се оправа со Грција, отколку со Бугарија

SlobodnaEvropa.mk 

Морате да ги почитувате и македонскиот и грчкиот историски наратив, но во исто време мора да ги избришете деловите кои ве прават непријатели, велат упатените според кои Заедничкиот интердисциплинарен комитет за историски, археолошки и образовни прашања може да помогне во градењето заедничка доверба

Испорака на руските ракетни системи во Турција следниот месец

SlobodnaEvropa.mk 

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека испораката на руските рактени системи С-400 во земјата ќе почне во првата половина на следниот месец. Според него, тогаш ќе бидат одредени и локациите каде системите ќе бидат распоредени. Тој истака дека договорот со Русија е направен со „многу добри услови за Турција“.

Состанок на потписничките на нуклеарната спогодба со Иран

SlobodnaEvropa.mk 

Европската унија на 28 јуни во Виена ќе биде домаќин на состанокот на државите кои ја потпишаа меѓународната нуклеарна спогодба со Иран. Покрај ЕУ, на состанокот ќе учествуваат и претставници на Кина, Франција, Германија, Русија, Британија и Иран. Во соопштението се наведува дека состанокот е со цел да се обезбеди континуирана примена на спогодбата од 2015 година која е под се поголем притисок откако САД се повлекоа од неа пред една година.

Уставниот суд на Украина го поддржа указот за вонредни избори

SlobodnaEvropa.mk 

Уставниот суд на Украина пресуди во корист на указот на претседателот Володимир Зеленски за распуштање на парламентот и распишување вонредни избори. Одлуката на судот го отвора патот парламентарните избори да бидат одржани на 21 јули, околу четири месеци пред редовните. Зеленски на 21 мај, ден по преземањето на функцијата, го распушти парламентот и распиша предвремени избори за 21 јули. Одлуката на Уставниот суд е обврзувачка.

Болтон во Израел на разговори со руски претставници

SlobodnaEvropa.mk 

Џон Болтон, советникот за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп во текот на викендот ќе престојува во Израел на разговори со израелски и руски претставници за регионалната безбедност. Тој ќе има состанок со неговите колеги од Израел и Русија Меир Бен Шабат и Николај Патрушев. До ова доаѓа во момент на зголемени тензии меѓу САД и Иран, особено откако иранските сили собориле американски дрон под неразјаснети околности. Техеран соопшти дека дронот бил на негова територија, додека Вашингтон тоа го демантира.

Њујорк тајмс: Трамп одобрил воени удари врз Иран, но нагло ги откажал

SlobodnaEvropa.mk 

„Њујорк тајмс“ објави дека американскиот претседател Доналд Трамп одобрил воени напади врз Иран, во знак на одмазда за уривањето на американското беспилотно летало, но „нагло“ ја отповикал мисијата. Весникот наведува дека по „интензивните разговори“ во Белата куќа - воените и дипломатските претставници очекувале во текот на ноќта воени удари врз Иран. Во разговорите, според „Њујорк тајмс“ биле вклучени највисоките претставници за национална безбедност на Трамп и лидерите на Конгресот. Официјален... Читать дальше...

Јункер: не е лесно да ме смените

SlobodnaEvropa.mk 

Лидерите на ЕУ повторно ќе се состанат на 30-ти јуни за да се договорат кој треба да ги наследи највисоките работни места во Унијата. Тие и во вториот обид синоќа во Брисел не успеаа да постигнат согласност за новите претседатели на Европската комисија, на Европскиот совет и на европарламентот, како и за новите шефови на европската дипломатија и на Европската централна банка.

Трамп: соборувањето на дронот грешка на некој глупав

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот претседател Доналд Трамп го намали значењето на соборувањето на американското беспилотно летало, наведувајќи дека можеби е во прашање грешка на некој „несмасен и глупав“. Тој додаде дека соборувањето на дронот било „нова бразда“ во се поголемите тензии меѓу САД и Иран, но не рече како ќе одговори на овој инцидент. Белата куќа подоцна ги повика лидерите на двата дома на Конгресот на состанок со Трамп за да ги разгледаат тензиите со Иран. Иранската револуционерна гарда вчера соопшти дека... Читать дальше...

Без согласност за новите функционери на ЕУ

SlobodnaEvropa.mk 

Лидерите на Европската унија не постигнаа согласност кој ќе ги добие главните функции во Унијата. На самитот во Брисел било решено за ова прашање повторно да се разговара на 30-ти овој месец. Изборот на новиот претседател на Европската комисија се замрси откако двете клучни групи, социјалистите и либералите, ставија до знаење дека не го поддржуваат кандидатот на конзервативната Европска народна партија Манфред Вебер, туку социјалистот Франс Тимерманс.

Времето денеска: сончево со мала облачност

SlobodnaEvropa.mk 

Ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во крајните западни и источни делови ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се движи од 12 до 19, а дневната од 24 до 35 степени. Во Скопје и околината слично време. Утринската температура ќе биде околу 17, а дневната ќе достигне до 33 степени.


Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
ATP

Алибек Качмазов поднялся на 73 позиции в рейтинге ATP, достигнув 179-го места






Тошич: «Пьянича признают во всём мире. Уверен, он поможет ЦСКА и молодым игрокам»

ФНС взыскала с экс-владельца банка "Югра" Хотина 220 млрд рублей

Более 16 тысяч человек сделали прививку от гриппа в Солнечногорске

Первое собрание отделения Союза женщин России прошло в Богородском округе