Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Август
2019

Новости за 27.08.2019

Ердоган во посета на Русија за Сирија

SlobodnaEvropa.mk 

Рускиот претседател Владимир Путин денеска во близина на Москва ќе разговара со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за граѓанската војна во Сирија и натамошниот развој на руско турската соработка, соопшти Кремљ. Посетата на Ердоган доаѓа во време кога сириските владини сили вршат воздушни напади врз провинцијата Идлиб која е под контрола на бунтовниците и каде што Москва и Анкара имаат воспоставено демилитаризирана зона. Ердоган вчера изјави дека турските копнени сили наскоро би можело да влезат во Сирија.

Во сообраќајна несреќа во Грција загинаа шестмина мигранти

SlobodnaEvropa.mk 

Грчката полиција соопшти дека шестмина мигранти загинале, а десетина други биле повредени кога џипот со кој се превезувале на северот на земјата се превртел во канал за наводнување. Несреќата се случила во близина на градот Александропулос кај грчката граница, а во џипот се наоѓале 16 мажи од Пакистан и Египет и двајца криумчари, Бугарин и Алжирец.

Судбината на СЈО во рацете на пратениците

SlobodnaEvropa.mk 

Собранието ја изгласа потребата од носење на закон за Јавно обвинителство по скратена постапка, со кое ќе се реши статусот на СЈО. Расправата продолжува во собраниските комисии, за каде опозицијата најави амандмани на предлог-законот.

Разрешувањето на Јанева пред Советот на јавни обвинители

SlobodnaEvropa.mk 

Советот на јавни обвинители денеска ќе одржи седница на која се очекува да ја започне постапката за разрешување на Катица Јанева. Поради тајноста на истражната постапка за случајот „Рекет“ која е се уште во тек, седницата на Советот ќе биде затворена за јавноста. Пред почетокот на седницата Советот очекува да ги добие сите неопходни документи за предметот и да донесе одлука дали ќе ја отпочне постапка за разрешување на Катица Јанева преку Собранието или ќе назначи в.д. специјален обвинител од редовите на СЈО.

Олеснувања за фирмите кои донираат вишоци на храна

SlobodnaEvropa.mk 

Во тек е подготовка на Закон за донирање на вишок на храна, во услови кога се проценува дека околу 460 илјади граѓани живеат под прагот на сиромаштија и не можат да обезбедат три оброци дневно, а Македонија е на врвот по фрлање на храна. Законот за првпат ќе ги дефинира правилата за донирањето.

Пожарите во Амазон и борбата за храна

SlobodnaEvropa.mk 

Бразил ја отфрли помошта од Групата седум индустриски најразвиени земји во светот за борба против шумските пожари во Амазон, порачувајќи му на францускиот претседател Емануел Макрон „да си се грижи за неговиот дом и неговите колонии“.

Бразил ја отфрли помошта на Г7 за пожарите во Амазон

SlobodnaEvropa.mk 

Бразил ја отфрли помошта од Групата седум индустриски најразвиени земји во светот за борба против шумските пожари во Амазон, порачувајќи му на францускиот претседател Емануел Макрон „да си се грижи за неговиот дом и неговите колонии“. „Ја цениме понудата, но можеби тие средства се поптребни за пошумување на Европа“, изјави Оникс Лоренцони, шеф на кабинетот на претседателот Жаир Болсонаро. Претходно Г7 вети помош од 20 милиони долари за справување со пожарите во Амазон.

Седница на Собранието, на дневен ред и законот за ЈО

SlobodnaEvropa.mk 

Законот за Јавното обвинителство денеска влегува во собраниска процедура. Бидејќи се работи за закон со европско знаменце и скратена постапка тој треба да биде донесен до средината на септември. За да се постигне тоа е неопходен договор меѓу власта и опозицијата на нивните работни средби за законот за јавно обвинителство. Досега, како што беше соопштено по вчерашните разговори, била постигната согласност дека Катица Јанева повеќе не е предмет на дискусија дали да биде префрлена во новопланираното... Читать дальше...

Времето денеска: предпладне сончево, попладне нестабилно

SlobodnaEvropa.mk 

Предпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а попладне наместа ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе биде од 11 до 21, а дневната од 29 до 36 степени. Во Скопје и околината слично време. Утринската температура ќе биде околу 19, а дневната ќе достигне до 35 степени.


Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
Борис Беккер

«Наконец-то всё началось». Борис Беккер побывал на матче открытия Евро-2024






Дом 1949 года постройки капитально отремонтируют на севере столицы

Жара и духота возглавили рейтинг причин нелюбви россиян к лету

Столтенберг: НАТО обсуждает приведение ядерных боеголовок альянса в боевую готовность

Утреннее чтиво: неспокойно в Ростове, землетрясения в Грузии, вспышка ботулизма