Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Февраль
2020

Новости за 03.02.2020

Турција презема воена операција против сириските владини сили

SlobodnaEvropa.mk 

Турската војска уби триесетина сириски војници во возвратен напад откако четворица нејзини војници загинаа на позиции на северозападот на Сирија. Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган денеска рече дека воената операција е во тек и дека според нивните првични информации 30 до 35 сириски војници загинале во нападот. Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Британија, пак, соопшти дека шест сириски војници загинале. „Одговоривме соодветно на тие напади и ќе продолжиме…Одлучни... Читать дальше...

Нови средби за законот за ЈО

SlobodnaEvropa.mk 

Нова средба во поширок формат ќе се одржи денеска за надминување на разликите околу законот за Јавно обвинителство. Според најавите, првин ќе се одржат поединечни средби, а по нив и заедничка средба на работната група составена од претставници на парламенарните партии и експерти, во обид да се усогласи верзија на предлог-закон, која подоцна ќе се поднесе во Собранието. По средбата на работната група во петокот завчера некои пратенички групи доставиле амандмани за законот за јавно обвинителство... Читать дальше...

Макрон во посета на Полска

SlobodnaEvropa.mk 

Францускиот претседател Емануел Макрон ќе престојува во својата прва посета на Полска на 3 и 4 февруари. Двете земји не се согласуваат за неколку прашања, вклучително и владеењето на правото и заштитата на климата. Макрон во Варшава ќе разговара со неговиот колега Анджеј Дуда и со премиерот Матеуш Моравиецки.

Лондонската полиција уби напаѓач кој ранил две лица

SlobodnaEvropa.mk 

Лондонската полиција соопшти дека нејзини припадници убиле човек кој со нож ранил две лице во едно предградие на Лондон во инцидент означен како напад поврзан со тероризам. Се наведува дека напаѓачот имал во себе имитација на експлозивна направа кога полицајците го убиле. Полицијата не соопшти детали.

ЕПП за продолжување на суспензијата на унгарската Фидес

SlobodnaEvropa.mk 

Европската народна партија денеска и утре во Брисел ќе разгледува дали да биде продолжена суспензијата на унгарската владејачка партија Фидес. Одлука дали да продолжи суспензијата се очекува на политичкото собрание на конзервативците кога нивниот претседател Доналд Туск и лидерите на партиите ќе се соберат во Брисел. Сепак, сè уште не е јасно дали ќе има и гласање во врска со ова. Во март лани Фидес беше суспендирана поради загриженоста за владеењето на правото во Унгарија и анти-бриселската реторика.

Кина воведе построги карантински мерки

SlobodnaEvropa.mk 

Кинеските власти соопштија дека болницата со 1.000 кревети е комплетирана за третирање на жртвите на новиот, смртоносен коронавирус. Во меѓувреме бројот на починатите е 362, додека 17.000 луѓе во Кина и во светот се заразени. Специјализираната болница во Вухан е изградена за 10 дена, додека уште една болница со 1.500 кревети е во изградба. Градот е под блокада со затворени патишта и јавен сообраќај. Прв смртен случај од коронавирусот надвор од Кина бил забележан на Филипините.

Во Приштина гласање за новата влада на Косово

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателството на косовското Собрание за денеска закажа пленарна седница на која ќе се гласа за составот на новата Влада на Косово. Собраниската седница е свикана на барање на мандатарот за состав на новата влада, лидерот на партијата победничка на октомвриските избори, движењето Самоопределување на Албин Курти. Курти побара одржување на пленарна седница, на која ќе го предложи составот на неговиот кабинет. Приштинеските медиуми ги објавија имињата на 15 министри. Шеф на дипломатијата ќе биде Глаук Коњуфца... Читать дальше...

Комунизмот и љубовта во Албанија

SlobodnaEvropa.mk 

„Љубовта не учи ништо од историјата“, вели една од копродуцентките на првиот албанско руски филм под името „Ѓирокастро“. Станува збор за историска драма за еден мешан брачен пар од времето кога двете тогаш комунистички земји ги прекинаа односите.

Времето денеска: сончево со мала облачност

SlobodnaEvropa.mk 

Ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Утринската температура ќе биде од минус три до четири, а дневната 13 до 18 степени. Во Скопје и околината слично време. Утринската температура ќе биде околу еден, а дневната ќе достигне до 15 степени.


Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
Даниил Медведев

Даниил Медведев назвал трёх людей в истории тенниса, с которыми хотел бы поужинать






Нуралы Алип дебютным голом на 95-й минуте принес победу «Зениту» в Суперфинале Кубка России

Московская директива: упущенная победа или смертный приговор

Затяните пояса: с июля коммунальные услуги станут дороже