Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Февраль
2020

Новости за 06.02.2020

Трамп ослободен од обвинувањата за импичмент

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот Сенат го ослободи претседателот Доналд Трамп од двете обвинувања за злоупотреба на службената должност и за опструирање на Конгресот, по историското двонеделно судење за негово отповикување. Сенатот со републиканско мнозинство гласаше 52 спрема 48 за ослободување на Трамп од обвинувањето за злоупотреба на службената должност и 53 спрема 47 да го ослободи од опструкцијата на Конгресот.

Најава за ново европско јавно обвинителство

SlobodnaEvropa.mk 

Главната обвинителка на Европската унија Лаура Кодрута Ковеси денеска, како што е најавено, треба да информира во врска со формирањето на Европското јавно обвинителство. Тоа ќе биде тело на Комитетот за граѓански слободи на Европскиот парламент.

Почина американскиот актер Кирк Даглас

SlobodnaEvropa.mk 

Почина Кирк Даглас, кој глумеше во епскиот филм „Спартак“ и десетици други продукции. „Со огромна тага моите браќа и јас објавуваме дека Кирк Даглас нè остави денес на 103-годишна возраст“, наведе неговиот син Мајкл, исто така холивудска ѕвезда. Во 1996 година, Академијата за филмска уметност и наука му додели почесен Оскар. Тој исто така го доби Претседателскиот медал за слобода, како и наградата за животно дело од Американскиот филмски институт.

Судењето за „Рекет“ продолжува

SlobodnaEvropa.mk 

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска продолжува судењето за случајот „Рекет“. Случајот се наоѓа во доказна постапка и треба да се продолжи со презентирање докази, а на ред се снимки доставени од сведокот Јордан Камчев во Обвинителството. На минатото рочиште беа презентирани фотографии од предмети одземени при претресот на домовите и работните простории на обвинетите Бојан Јовановски и Катица Јанева, како и од претресот на домот на Зоран Милевски-Кичеец, кој призна вина. Случајот го води судијката Васка Николовска-Масевска... Читать дальше...

ФБИ: Русија во информациска војна против САД

SlobodnaEvropa.mk 

Шефот на Федералното истражно биро ФБИ, Кристофер Вреј изјави дека Русија спроведува операција за „информациско војување“ против САД пред претседателските избори во 2020 година, иако, како што додаде, не видел знаци дека Русите се обиделе да ја нарушат изборната инфраструктура. Тој во Судскиот комитет на Претставничкиот дом рече дека Москва користи тајна кампања на социјални медиуми за поделба на јавното мислење во САД и за искористување на разликите за да создаде раздор. Забелешките се во согласност... Читать дальше...

Белата куќа го поздрави неизгласувањето импичмент на Трамп

SlobodnaEvropa.mk 

Белата куќа прогласи „целосна ослободување“ во „срамниот “ процесот за импичмент против претседателот Доналд Трамп откако тој очекувано беше ослободен од обвинениијата во Сенатот. Трамп за денеска најави и обраќање во врска со ова ова прашање. „Сенатот гласаше да ги отфрли неоснованите обвинувања за импичмент, а само политичките противници на Претседателот - сите демократи и еден неуспешен претседателски кандидат на Републиканците - гласаа за импичмент “, се вели во соопштението на Белата куќа. Сенаторите... Читать дальше...

Времето денеска: променливо облачно и ветровито

SlobodnaEvropa.mk 

Ќе биде променливо облачно, студено и ветровито. Претпладне на места се уште ќе има врнежи од снег со послаб интензите и ќе има појава на голомразица. Ќе дува повремено силен ветер (60 до 80 км/час) кој ќе предизвика појава на снежни наноси. Утринската температура ќе биде од минус 10 до 1, а дневната од минус 6 до 5 степени. Во Скопје и околината слично време. Утринската температура ќе биде околу минус 2 а дневната ќе достигна до 2 степена.


Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
Миомир Кецманович

Кецманович отказался от борьбы в игре с Медведевым на "Ролан Гаррос"






Отслеживают в соцсетях: как судебные приставы защищают права детей

Московская пенсионерка пошутила над мошенниками, подменив деньги бумагой

Запрет на езду на шипованных шинах летом вступил в силу в России

Московская пенсионерка подшутила над мошенниками