Во Дебар нема сомнителни и активни случаи на КОВИД-19
Раководителот на единицата за Јавно здравје во Дебар епидемиологот Ментор Мела, денеска за Радио Слободна Европа изјави дека покрај тоа што нема веќе болни во двете општини, нема ниту лица во изолација ниту пак сомнителни случаи на заразени со коронавирус. ,,Оваа е победа на дебарчани во борбата против Коронавирусот “изјави Мела и додаде дека состојбата со вирусот во двете општини е целосно смирена . Според доктор Мела успешно се одвива и процесот на скрининг во општините Дебар и Центар Жупа. Читать дальше...