Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Июнь
2020

Новости за 29.06.2020

Чувајте се или не верувате дека короната постои - вие коментирате!

SlobodnaEvropa.mk 

„Абе престанете со тестирања и ќе нема корона, туку обичен грип. Или арно ви е, вака се полни буџетот со пари од тестовите“. Емил Недков им наоѓа маана на медиумите: „Да ги нема медиумите и вирусот ќе го нема“ - вие коментирате на Фејсбук

Се превртел траект кај Дака, најмалку 29 загинати

SlobodnaEvropa.mk 

Најмалку 29 патници загинаа во близина на Дака, откако се превртел траектот со кој патувале, соопштија официјални лица, пренесе АП. Два часа откако траектот се првртел во реката Буриганга, пронајдени биле 15 тела, соопшти Управата за воден сообраќај. Нуркачи на морнарицата, пожарникари и службите за цивилна заштита го лоцирале потопениот брод во коритото на реката. Уште 14 тела беа извлечени од потонатиот брод под вода. Траектот потонал откако утрово се судрил со друго пловило, поголем патнички траект... Читать дальше...

Кои се критериумите на ЕУ за влез на патници од други земји?

SlobodnaEvropa.mk 

Европската унија започна да ги отвора своите внатрешни граници за патниците, бидејќи поголемиот дел од континентот, барем привремено, ја намали кривата на коронавирусот. И сега блокот се подготвува за вториот и многу потежок чекор - олабавување на ограничувањето на својата надворешна граница за патниците од трети земји.

Кандидатот за прв премиер-Албанец ќе ја презентира програмата

SlobodnaEvropa.mk 

Поранешнбиот пратеник, и сегашен кандидат за прв премиер Албанец, Насер Зибери, денеска напладне пред Владата ќе ја презнтира владината програма, соопшти ДУИ, партијата која стои зад идејата за прв премиер на Северна Македонија од албанска националност. „Денес, со почеток во 12:00 часот, пред зградата на Владата во Скопје, првиот албански премиер ќе ја одржи првата владина седница на која ќе им ја претстави владината програма на граѓаните“, соопшти ДУИ. Гласајте за нас - не дај боже ако победи... Читать дальше...

ЕУ ќе вложува повеќе во истражување на вселената

SlobodnaEvropa.mk 

ЕУ ќе вложи повеќе пари во лансирање ракети, сателитска комуникација и истражување на вселената, со цел да ги зачува своите успеси во вселената и да држи чекор со американските и кинеските амбиции, рече комесарот на ЕУ за истражување на вселената, Тиери Бретон. Во текот на изминатите децении, Европа се обидува да изгради независен пристап до вселената и руските пионери за да ѝ помогне на нејзината индустрија, со успех како што се ракетите „Ариан“ или сателитскиот систем за навигација „Галилео“.

Мицкоски повикан во полиција за случајот од „Боемска улица“

SlobodnaEvropa.mk 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска е повикан на разговор во полициската станица Центар, пренесе МИА. Од МВР потврдија дека во текот на денот се очекува Мицкоски да се појави во полиција за случајот кога од страна на инспектори беше затекнат како седи во внатрешноста на кафана во Дебар маало, иако тоа беше забрането поради ширење на Ковид - 19. Најавени кривични пријави за случајот на „Боемска улица“ На 3 јуни годинава, раководителката на Одделението за инспекциски надзор Скопје... Читать дальше...

Од среда се отвораат аеродромите во Скопје и Охрид

SlobodnaEvropa.mk 

Врз основа на препораките на Комисијата за заразни болести, Владата донесе одлука од среда, 1 јули, да бидат отворени за сообраќај Меѓународниот аеродром Скопје и Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, соопшти Владата. Протоколите за работа на аеродромите се изготвени, а министрите за транспорт и врски и за здравство, Горан Сугарески и Венко Филипче, денеска ќе го посетат Меѓународниот аеродром – Скопје каде ќе имаат средба со менаџментот на ТАВ Македонија. Сугарески: Аеродромите в среда... Читать дальше...

Балкански маки - невработеност, корупција и одлив на мозоци

SlobodnaEvropa.mk 

Граѓаните од регионов ги мачат истите работи, невработеноста, коруптивните политички партии, корумпираното судство и здравство како и стравот од иселување на квалификуваниот кадар. Корона вирусот дополнително ги направи земјите од Западен Балкан понесигурни од претходно, покажува Балкан Барометар.



Макрон во Германија на разговори со Меркел

SlobodnaEvropa.mk 

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ќе ја посети Германија на разговори со канцеларката Ангела Меркел од почетокот на појавата на коронавирусот. До ова доаѓа пред Берлин да го преземе ротирачкото претседателство на Европската унија. Меркел ќе го прими Макрон на замокот Месеберг северно од главниот германски град. Додека Германија се подготвува да претседава со Советот на ЕУ за втората половина на 2020 година, „оваа средба ја одразува нивната заедничка желба за тесна координација меѓу Франција и Германија... Читать дальше...

СЗО: најголем број на нови инфекции во светот за еден ден - 189.000

SlobodnaEvropa.mk 

Светската здравствена организација објави дека светот регистрира нов најголем број заразени со коронавирус за еден ден, откако инфекцијата беше потврдена кај повеќе од 189.000 луѓе во претходните 24 часа. Досега најголем број заразени за еден ден изнесуваше 183.000. Расте бројот на заболени од коронавирусот на Балканот Повеќето нови случаи на инфекција се регистрирани во Бразил, повеќе од 46.800, а потоа следат САД, 44.400 и Индија со околу 20.000 новоинфицирани. Далеку најмногу заразени има во САД... Читать дальше...

За три дена на референдумот во Русија одѕивот над 28 проценти

SlobodnaEvropa.mk 

Централната изборна комисија на Русија соопшти дека вкупниот одѕив на гласањето бил скоро 28,5 проценти на третиот ден од еднонеделното гласање за уставни амандмани што би можеле да го отворат патот за продолжување на владеењето на претседателот Владимир Путин за 12 години. Досега гласале речиси 31 милиони луѓе, вклучувајќи го гласањето преку Интернет, изјави претседателката на Комисијата Ела Памфилова. Почна седумдневниот референдум во Русија Околу 110,5 милиони луѓе имаат право да гласаат на референдумот, што завршува на 1 јули. Читать дальше...

Трамп сподели видеото со расистичка порака, па го избриша

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот претседател Доналд Трамп сподели видео на својот профил на Твитер во кое неговите приврзаници извикуваат „бела моќ“, расистички слоган поврзан со белата надмоќност. Тој подоцна го избриша твитот и Белата куќа објави дека претседателот не ja слушнал „изјаватa“ на видеото. Видеото е снимено во мал град во Флорида, населено со пензионери, и прикажува дуел меѓу демонстрантите кои го поддржуваат Трамп и неговите ривали. Видеото што го сподели ги прикажува луѓето во колички за голф украсени... Читать дальше...

Над 6.000 со ковид-19 во С. Македонија

SlobodnaEvropa.mk 

Бројот на дијагностицирани со ковид-19 во земјава надмина 6.000, а и натаму продолжува трендот на трицифрен број новозаболени, како и секојдневниот црн биланс на пациентите кои ја губат битката со коронавирусот. Од почетокот на месецов евидентирани се 3854 позитивни и 154 починати. Поголем е и бројот на активните случаи од излекуваните. Активни во моментов се 3479, а од коронавирусот се излекувани 2315. Починати досега се 286, од кои девет само во текот на вчерашниот ден. Расте бројот на заболени... Читать дальше...

Дуда и Тшасковски во вториот круг од претседателските избори во Полска

SlobodnaEvropa.mk 

Конзервативниот полски претседател Анджеј Дуда и либералниот градоначалник на Варшава, Рафал Тшасковски, разменија обвиненија веднаш по објавувањето на резултатите од вчерашните претседателски избори во Полска, според кои двајцата влегоа во вториот круг. Според излезната анкета на агенцијата ИПСОС, Дуда освои 41,8 проценти од гласовите, а Тшасковски 30,4 проценти. Вториот круг од изборите ќе се одржи на 12 јули. Дуда, кандидатот на владејачката конзервативна партија Закон и правда, им се заблагодари... Читать дальше...

Косовскиот претседател Тачи ќе има обраќање за обвиненијата од Хаг

SlobodnaEvropa.mk 

Косовскиот претседател Хашим Тачи планира да и се обрати на нацијата на 29 јуни за обвиненијата за воени злосторства поднесени против него. Тачи првично најави дека својот говор ќе го одржи на 28 јуни, но неговата канцеларија соопшти дека настанот е одложен до следниот ден. Специјалното обвинителство во Хаг на 24 јуни покрена обвиненија за наводни воени злосторства и злосторства против човештвото против Тачи и други Косовци. ХРВ: Обвинението против Тачи и другите е чекор кон правдата Обвиненијата... Читать дальше...

Времето денеска: сончево со мала облачност

SlobodnaEvropa.mk 

Ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Дневната температура ќе биде од 25 до 38 степени. Во Скопје и околината слично време. Дневната температура ќе биде до 35 степени.


Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
Ролан Гаррос

Теннисист Джокович побил рекорд Федерера по победам на турнирах "Большого шлема"






Перестрелку между правоохранителями и убийцей на западе Москвы сняли на видео

Глава Рособрнадзора Музаев назвал условие для отказа от ЕГЭ

В СССР отменена плата за обучение в старших классах средних школ

Генеральный директор КА «Главный Советник» принял участие в Бизнес-диалоге «Россия – Венесуэла»