Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Ноябрь
2020

Новости за 11.11.2020

Ќе биде ли правдата подостапна со намалените судски такси?

SlobodnaEvropa.mk 

Јавноста е поделена по однос на намалувањето на судските такси. Некои сметаат дека секое олеснување за граѓаните е добро, а други дека мерката треба да важи и за правните лица. Според проф. Башким Селмани пак намалените такси значат подостапна, ама не и поквалитетна правда

ЕУ одби да учествува на конференцијата за враќање на бегалците во Сирија

SlobodnaEvropa.mk 

Европската унија нема да учествува на конференцијата за враќање на бегалците во Сирија на 11 и 12 ноември организирана од таа земјата со поддршка на Русија, бидејќи условите за учество во ЕУ сè уште не се исполнети, изјави шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел. Сириските власти го поканија Борел, како и министри за надворешни работи на неколку земји на ЕУ да учествуваат на конференција за враќање на бегалците. Лидерите на ЕУ повикуваат на дијалог меѓу заедниците и религиите „Сегашните... Читать дальше...

Франција и Германија се за ревизија на Шенген зоната

SlobodnaEvropa.mk 

Франција и Германија се за построги гранични контроли на Европската унија за справување на она што претседателот Емануел Макрон го нарече „закана од тероризам“, откако осомничени исламистички милитанти убија осум лица во Париз, Ница и Виена за еден месец. Нападите повторно го насочија вниманието на ЕУ кон верскиот екстремизам, кој се најде на врвот на политичката агенда по поразот на силите на Исламска држава на Блискиот исток во 2017 година. Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел изјавија... Читать дальше...

Анкара и Москва ќе го контролираат примирјето во Нагорно Карабах

SlobodnaEvropa.mk 

Турција ќе го контролира прекинот на огнот во Нагорно Карабах заедно со Русија, е објавено во Анкара по телефонскиот разговор меѓу претседателите Реџеп Таип Ердоган и Владимир Путин. Ердоган, наводно, му рекол на Путин дека „Турција, исто така, ќе спроведува активности за набљудување, преку заеднички центар со Русија што ќе биде на одредено место во Азербејџан“, соопшти кабинетот на Ердоган. Азербејџан и Ерменија завчера потпишаа договор под покровителство на Русија за прекин на непријателствата околу Нагорно Карабах. Читать дальше...

Трамп денеска за прв пат ќе се појави во јавноста по изборите

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на САД Доналд Трамп денеска ќе ги посети Националните гробишта во Арлингтон, соопшти Белата куќа. Тоа ќе биде првото негово јавно појавување откако на претседателските избори беше поразен од демократскиот ривал Џо Бајден. Трамп и првата дама Меланија Трамп ќе ги посетат гробиштата за да го одбележат Денот на бранителите, изјави за Ројтерс портпаролот на Белата куќа Џад Дир. Претходно американскиот државен обвинител Вилијам Бар ги овласти федералните обвинители да отворат истраги за нерегуларности во гласањето... Читать дальше...

Каракачанов: Не можеме да правиме компромис за бугарската историја

SlobodnaEvropa.mk 

„Бугарија не може да направи никаков компромис со прашањата поврзани со бугарската историја и со идентитетот на сите оние луѓе кои ги нарекуваме дел од нашата заедничка историја“, изјави бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов, коментирајќи ги вчерашните разговори на делегациите на Северна Македонија и Бугарија во Софија во рамките на самитот на земјите од Берлинскиот процес на кој копретседаваа премиерите на двете земји Зоран Заев и Бојко Борисов. Меркел повика на разбирање... Читать дальше...

ЕУ ќе го одобри договорот за вакцини со Pfizer

SlobodnaEvropa.mk 

Европската комисија денеска ќе одобри договор за набавка на вакцината против ковид-19 што ја развиваат Pfizer и BioNTech, изјави претседателката на Комисијата Урсула фон дер Лајен. „Ќе одобриме договор за 300 милиони дози на вакцина развиена од Pfizer и BioNTech“, се вели во изјавата на Фон дер Лајен. Над 50 милиони инфицирани, вакцина на повидок Комисијата претходно соопшти дека извршната власт на ЕУ ќе разговара за усвојување на договорот со двете компании, додавајќи дека одлуката не е поврзана... Читать дальше...

Ердоган му честита на Бајден за победата на изборите

SlobodnaEvropa.mk 

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган им ја честиташе на Џо Бајден и Камала Харис победата на претседателските избори. Билатералните врски меѓу сојузниците во НАТО станаа затегнати поради низа прашања, вклучувајќи го и купувањето на руски системи за ракетна одбрана С-400, разликите во политиката за Сирија и притворањето на вработените во американскиот конзулат во Турција. Но, личниот однос меѓу Ердоган и претседателот Доналд Трамп спречуваше понатамошно влошување на односите. Администрацијата... Читать дальше...

Во западниот дел на Македонија, земјотрес со сила од 5 степени

SlobodnaEvropa.mk 

Според информациите од сеизмолошката опсерваторија при ПМФ станува збор за земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала. Земјотресот кој се случил во 4 часот и 54 минути бил почувствуван на цела територија на Македонија Епицентарот се наоѓал 50 километри југозападно од Скопје во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар во близина на Маврово, на длабочина од 8,5 километри. Според досегашните податоци земјотресот најсилно беше почувствуван од населението во Гостивар и Маврово со V степени според Европската макросеизмичка скала... Читать дальше...

Времето денеска: сончево со мала до умерена облачност

SlobodnaEvropa.mk 

По котлините низ Повардарието ќе има магла, која околу пладне и рано попладне ќе се намали. Во останатиот поголем дел од земјава сончево со мала до умерена облачност. Дневната температура ќе биде од 12 до 18 степени. Во Скопје и околината слично време. Дневната температура ќе биде до 13 степени.


Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
Борис Беккер

«Наконец-то всё началось». Борис Беккер побывал на матче открытия Евро-2024






Сборная России завоевала 38 золотых наград в третий день Игр БРИКС

Ситуация не повторится. Центробанк поставил точку в вопросе дефицита долларов

"Не доверяйте Китаю!": Правду о том, как запугивали людей в пандемию, раскрыли через 3 года

NBC: Военные США в конце мая нанесли удар по сомалийскому лидеру ИГ* Мумину