Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Декабрь
2020

Новости за 19.12.2020

815 новозаразени од коронавирус, 20 починати лица

SlobodnaEvropa.mk 

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2664 тестирања, а регистрирани се 815 нови случаи на ковид-19, од кои најмногу во Скопје - 329 пациенти. Починати се 20 лица, осум пациенти од Скопје (76, 65, 84, 64, 71, 80, 51, 74г), еден од Штип (82г), двајца од Прилеп (68 и 72г), еден од Струга (78г), двајца од Велес (70 и 65г), еден од Битола (84г), еден од Кавадарци (68г), двајца пациенти од Гостивар (64 и 89г), еден од Струмица (63г) и еден пациент од Берово (77г). Читать дальше...

Протест на моторџиите за сообраќајката кај "Млечен"

SlobodnaEvropa.mk 

Група моторџии денеска излегоа на протест против условната казна за виновникот во сообраќајката кај „Млечен“ од октомври 2018 година, во која загина 32-годишниот Гоце Димитриевски, а неговата бремена сопруга Наташа го загуби плодот и се здоби со тешки телесни повреди кои сѐ уште ги лекува. Моторџиите наведоа дека целта на протестот е да се крене гласот против неказнивоста на сторителите на тешки дела во сообраќајот. „Изрекување казна условен затвор, де факто слобода, во случајот како за сообраќајката кај ‘Млечен’... Читать дальше...

Шилегов демантира дека го плаќал своето адвокатско друштво

SlobodnaEvropa.mk 

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов го демантираше портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ дека како градоначалник го плаќал сопственото адвокатско друштво за консултантски услуги и рече дека со лаги и манипулации опозициската партија ја покажува својата безидејност. Шилегов на прес-конференција рече дека Град Скопје и тој како градоначалник немаат склучено никаков договор, ниту еден денар од градската каса, рече, не е влезен во неговото адвокатско друштво. "Вистината кога е ДПМНЕ во прашање е секогаш на обратна страна. Читать дальше...

Заев: Не знаеме во што е проблемот со Бугарија

SlobodnaEvropa.mk 

Ние сме пријатели со Бугарија, треба да го решаваме проблемот, а јас не знам во што е проблемот, изјави денеска Премиерот Зоран Заев во Битола каде  присуствуваше на промоција на шест нови еко-автобуси во РЕК Битола, на прашање на новинарите околу односите со Бугарија. "За нас Европската Унија е светост, нашата европеизација ја сакаме со постигнување европски вредности дома и ние тоа ќе го правиме со блокади или без блокади. Ние сме пријатели со Бугарија, треба да го решаваме проблемот, а јас не знам во што е проблемот. Читать дальше...

Русија ќе ја врати иконата подарена на Лавров

SlobodnaEvropa.mk 

Русија денеска објави дека ја враќа древната  православна икона што му беше дадена на министерот за надворешни работи Сергеј Лавров за време на посетата на Балканот по сомневањата  дека тоа е заштитено културно богатство украдено од Украина. Непријатната епизода започна кога Милорад Додик, член на трипартитното претседателство на Босна и Херцеговина, на 14 декември му ја  врачи на највисокиот дипломат на Москва иконата. „Иконата ќе им биде вратена на нејзините донатори за понатамошно разјаснување на нејзината историја преку Интерпол“... Читать дальше...

Швајцарија ја одобри вакцината на "Фајзер" и "Бионтек"

SlobodnaEvropa.mk 

Државниот регулатор на лекови на Швајцарија денеска  одобри широка употреба на вакцината развиена од "Фајзер" и "Бионтек",  велејќи дека нејзиното одобрувањето е прво во светот што отвора пат за неитна употреба на вакцината против ковид- 19. Сите претходни национални одобренија - почнувајќи од првото во светот, на вакцината "Фајзер" и "Бионтек" од властите на Велика Британија на 2 декември, по што следеа САД и други земји - се специјални овластувања за привремена употреба за да се помогне во борбата против вирусот. Читать дальше...

Контроли во 257 угостителски објекти за рестриктивните мерки

SlobodnaEvropa.mk 

Скопската полиција, вчера, за време на забраната за работење на угостителските објекти по 18 часот, во соработка со Државниот пазарен инспекторат, извршила контроли во 257 угостителски објекти, информира МВР. При контролите било констатирано непочитување на работното време во локал на подрачјето на Петровец, кој потоа бил  затворен, а сопственикот е приведен.  Денеска почнуваат новите рестриктивни мерки Од  вчера стапија на сила новите рестриктивни мерки кои ќе важат до 20 јануари.  Со нив... Читать дальше...

Стоилковски: Градоначалникот Шилегов го плаќал адвокатското друштво Шилегов

SlobodnaEvropa.mk 

Прортпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски денеска на пресс конференција изјави дека Петре Шилегов како градоначалник на Скопје плаќал консултации за правни работи на својата адвокатска фирма.   "Градоначалникот Шилегов склучил договор и го плаќал адвокатското друштво Шилегов. На Петре Шилегов малку му е платата како градоначалник на Скопје, особено што не работи ништо, па мора и хонорар да зема од градската каса! Со години, Петре адвокатот го советувал градоначалникот Шилегов за правни работи“, изјави Стоилковски. Читать дальше...



Изречени 704 санкции за неносење маска

SlobodnaEvropa.mk 

Во изминатие 24 часа на територијата на државата се изречени 704 санкции  по однос на мерката за носење лична заштита на лице, соопшти Министерството за внатрешни работи.  Во денешното соопштение МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид 19. Носењето заштита на лице е задолжително и на отворен простор и на затворени јавни површини. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски пред неколку дена на  прес-конференција по повод... Читать дальше...

36 нови пациенти во ковид-центрите во Скопје

SlobodnaEvropa.mk 

Министерството за здравство информира дека во изминатото деноноќие во ковид-центрите во Скопје се хоспитализрани 36 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Според податоците на министерството на инфективните оделенија во Скопје се лекуваат 470 лица сомнителни и потврдени за Ковид -19, од кои голем дел се на кислородна поддршка. И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 46 слободни места, а се очекува во текот на денот, по направените исписи на оздравените пациенти... Читать дальше...

САД ја прошируваат црната листа за кинески компании

SlobodnaEvropa.mk 

Одделот за трговија на САД ја потврди одлуката за додавање на десетици кинески компании, вклучувајќи го и најголемиот производител на чипови во земјата, во црната трговска листа. Одделот за трговија соопшти дека акцијата против најголемиот кинески производител на чипови, Меѓународната корпорација за производство на полупроводници (СМИЦ), произлегува од  „доказ за активности меѓу СМИЦ и субјектите што го обезбедуваат кинескиот воен индустриски комплекс.“ Секретарот за трговија Вилбур Рос рече... Читать дальше...

Продолжува расправата за дополнетиот предлог-буџет

SlobodnaEvropa.mk 

На пленарна седница, која е закажана во 12 часот, пратениците  денеска треба да ја продолжат расправата по Дополнетиот предлог буџет за 2021 година. Вчера беше трет ден како пратениците расправаа за Предлог-буџетот, а расправата може да трае најмногу пет работни дена, по што треба да се гласа по предлогот. Ставот на опозицијата, е дека предложениот Буџет е мегаломански и нереален и нема да се обезбеди финансиска консолидација, туку ќе се зголеми јавниот долг кој би достигнал 67 проценти. За власта... Читать дальше...

Помпео: Русија стои зад хакерскиот напад на американската влада

SlobodnaEvropa.mk 

Државниот секретар на САД, Мајк Помпео, кажа дека е јасно оти Русија стои зад големиот хакерски напад врз неколку американски владини агенции, а во кој исто така беа погодени и комерцијални инфраструктури ширум светот. Говорејќи во шоуто со коментаторот Марк Левин вчера, Помпео рече: „Мислам дека сега можеме да кажеме прилично јасно дека Русите се занимаваат со оваа активност.“ Помпео оцени дека се работи за голема операција која се состои во користење на софтвери за да се влезе во системите на американската влада. Читать дальше...

САД имаат и втора вакцина, "Модерна" доби одобрување

SlobodnaEvropa.mk 

Вакцината против ковид-19  на "Модерна" е втора вакцина по ред  на територијата на САД  што доби овластување за итна употреба од Управата за храна и лекови. Управата за храна и лекови(ФДА) пред една недела донесе одлука за одобрување на вакцината развиена од "Фајзер" и "Бионтек". Првите вакцини против коронавирусот пристигнаa во САД Вакцината на "Модерна", е развиена во соработка  со Националниот институт за здравство (НИХ), и ќе стане дел од националниот план  за имунизација што започна на... Читать дальше...

„Тажна балканска сказна“: Берлин, Софија, Прага и Вархеји во главните улоги

SlobodnaEvropa.mk 

Во текстот со наслов „Тажната балканска сказна“, каде главни актери се Берлин, Софија, Прага и унгарскиот еврокомесар Вархеји, авторот Рикард Јозвијак на „Брисел блог“, ги анализира кочниците, причините и губитниците на последните случувања со проширувањето на ЕУ.

Бугарското МНР: Нашата позиција кон Северна Македонија нема да се промени

SlobodnaEvropa.mk 

Бугарија нема да ја промени својата позиција кон Северна Македонија во следните месеци, велат од бугарското МНР за софискиот дневен весник Труд. На прашањето на „Труд.бг“, какви активности ќе преземе Софија во следните 6 месеци за да се најде решение за Северна Македонија, од министерството велат дека би било неразумно да се очекува промена на бугарската позиција. „Оваа позиција е предмет на надпартиски консензус и со 84 проценти јавна поддршка. Да не заборавиме колку бугарски граѓани се наследници на бегалци од Вардарска Македонија. Читать дальше...

Времето денеска ќе биде облачно со сончеви периоди

SlobodnaEvropa.mk 

Денеска ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, а по котлините ќе има магла или значителна ниска облачност која попладне ќе се намалува. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 7 до 14 степени. Во Скопје слично време со минимална температура до 1 и максимална до 9 степени. Синоптичарите најавуваат период на стабилно и суво време со умерена до значителна облачност најизразена во недела и понеделник. По котлините и понатаму ќе... Читать дальше...


Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
Стефанос Циципас

«Спартак» подарит Циципасу клубную футболку






Членам ЧВК «Енот» грозит до 17 лет тюрьмы за участие в преступной группе

Что думал Константин Крылов о национальной политике России, миграции и исламизации, и насколько его мысли актуальны сегодня

В Дубае состоится третья глава "White Jacket" с участием бармена Станислава Вадрны

Где построят новые дома для пострадавших от паводка в Орске? Список территорий и дизайн-проекты