Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Февраль
2021

Новости за 05.02.2021

Војници ќе помагаат во ковид вакцинацијата во САД

SlobodnaEvropa.mk 

САД планираат да распоредат 1.100 активни војници за да помогнат во напорите за вакцинирање за ковид- 19. Администрацијата на претседателот Џо Бајден денеска објави дека пет тимови војници, вклучително и медицински сестри и клинички персонал, ќе започнат со работа во рок од две недели. Екипите се очекува да можат да дадат околу 6.000 вакцини на ден. Во САД опаѓа бројот на заразени со ковид-19 Таквиот чекор доаѓа откако коронавирусот уби повеќе од 447. 000 Американци и во услови кога администрацијата... Читать дальше...

Унгарија ќе ја користи руската вакцина против ковид-19

SlobodnaEvropa.mk 

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека неговата земја може да ја користи руската вакцина „Спутник V“ против ковид-19 веќе следната недела. Тој порача дека здравствените власти ги вршат последните тестови за употреба на вакцината. Унгарија би била првата земја на Европската унија што би ја одобрила вакцината, која Русија ја регистрираше во август минатата година, пред почетокот на спроведувањето на големи клинички испитувања или податоци, покренувајќи многу прашања во врска со безбедноста и ефикасноста на вакцината. Читать дальше...

РСЕ поднесе жалби за казните во Русија

SlobodnaEvropa.mk 

Радио Слободна Европа поднесе жалба на низа руски судски решенија за изрекување на казните врз медиумот за непочитување на новите ограничувања според контроверзниот закон за „странски агенти“ на земјата. Адвокатите на РСЕ ги поднесоа жалбите против одлуките на Окружниот суд во Москва кој одобри неколку административни протоколи доставени од рускиот регулатор на медиуми Роскомнадзор „за непочитување од страна на медиумите кои вршат функции на странски агенти, согласно законот за етикетирање на информациите дистрибуирани од нив“. Читать дальше...

Битиќи: Недела неработен ден за социјална рамноправост и заштита на работничките правa

SlobodnaEvropa.mk 

Кабинетот на вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи соопшти дека на денешната седница на Економско социјалниот совет се потврдила намерата на Владата, недела да се прогласи за неработен ден. „За нормално функционирање на државата факт е дека ќе има можност одредени работодавачи/правни субјекти да работат но само во определени дејности и тоа само оние работодавачи кои ќе можат да покажат дека технолошко-производствените процеси не смеат да се прекинат (значи не сите работодавачи во тие... Читать дальше...

Професорите поделени на расправата за реформите во основното образование

SlobodnaEvropa.mk 

Во Собранието доцна попладнево продолжи јавната расправа за Нацрт-концепцијата за основно образование. Професор д-р Петар Атанасовски во своето обраќање запраша каков е тој концепт за кој образовни институции и соодветни факултети се изјаснуваат негативно. Според него, тоа е поразувачки и многу здруженија на професори од различни науки и дисциплини не дале поддршка. „Најавата за големи промени не ги радуваат учесниците во образовниот процес. Искуството покажа дека големите промени ни прават голема штета. Читать дальше...

Србија планира да ја произведува руската вакцина „Спутник V“

SlobodnaEvropa.mk 

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека земјата ќе инвестира во започнување на домашното производство на руската вакцина „Спутник V“ против ковид-19 до крајот на годината. Тој истакна дека со неговиот руски колега Владимир Путин направиле првичен договор за почнување на процедурата за производство. „Во моментов немаме производствени капацитети за „Спутник V“, но, ќе ги изградиме. Не е важно колку ќе чини, ќе инвестираме во тоа“, кажа Вучиќ и додаде дека целта на Србија е да произведува не само за свои потреби... Читать дальше...

Русија прогласи дипломати за персона нон грата поради учество на протестите за Навални

SlobodnaEvropa.mk 

Русија прогласи дипломати за персона нон грата и одлуката се однесува на неодреден број лица кои се вработени во дипломатските мисии на Шведска, Полска и Германија, поради тоа што учествувале на протести за поддршка на опозицискиот политичар Алексеј Навални кои се одржаа на 23 јануари. Министерството за надворешни работи соопшти дека бил поднесен протест до шведскиот амбасадор, вршителот на должноста амбасадор на Полска и германски претставник кои биле повикани во министерството. „Дипломатите... Читать дальше...

Апелациониот суд ја укина пресудата за обидот за пуч во Црна Гора

SlobodnaEvropa.mk 

Црногорскиот Апелационен суд ги укина пресудите донесени во врска со заговорот за уривање на владата во земјата во октомври 2016 година. Судот ги поништи првостепените пресуди повикувајќи се на „значителни прекршувања на кривичната постапка“ и побара од Вишиот суд повторно да го разгледа случајот.  Во мај 2019 година, група од 13 лица беа осудени под обвиненија за тероризам и за создавање на криминална организација како дел од обидот за пуч. Вишиот суд ја осуди групата вкупно на речиси 70 години затвор... Читать дальше...



Нови 314 случаи на корона, починати 8, а оздравени 210 пациенти

SlobodnaEvropa.mk 

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2161 тестирања, а регистрирани се 314 нови случаи со ковид-19. Починати се осум пациенти од кои по двајца од Куманово и од Охрид и по еден од Скопје, Велес, Струмица и Берово. Сите пациенти се починати во болнички услови, соопшти Министерството за здравство. Регистрирани се 210 оздравени пациенти. Ковакс го објави планот за ковид вакцините - За Македонија 103.200 дози Досега во земјата се направени вкупно... Читать дальше...

Притвор за осомничените од ланската група „Јавна соба“

SlobodnaEvropa.mk 

Кривичниот суд им одреди притвор од 30 дена на креаторот и администраторот на „Јавна соба“. Од судот информираат дека денеска пред судија на претходна постапка биле спроведени две лица осомничени за кривичното дело- Производство и дистрибуција на детска порнографија. Ако нема јавен притисок има „јавни соби“ Според образложението на судот, по произнесување на јавниот обвинител и двајцата осомничените лица, како и ценење на фактите и доказите кои биле приложени, судијата на претходна постапка... Читать дальше...

Поранешниот началник на Југословенската армија, генерал Момчило Перишиќ, осуден за шпионажа

SlobodnaEvropa.mk 

Поранешниот началник на Генералштабот на Југословенската армија, генералот Момчило Перишиќ, денеска е осуден од Високиот суд во Белград на три години затвор за шпионажа. Според пресудата, Перишиќ е осуден за давање тајни информации на вработениот во Амбасадата на Соединетите Американски Држави (САД) во Белград, Џон Нејбор. Заедно со Перишиќ, Миодраг Секулиќ и Владан Влајковиќ беа осудени на по еден и пол дена затвор и за откривање на воена тајна за кривичното дело. Хашкиот трибунал го ослободи Момчило Перишиќ Како што е наведено... Читать дальше...

Почина новинарот Ристе Недановски

SlobodnaEvropa.mk 

По кратко и тешко боледување, на 62-годишна возраст, на 4 февруари годинава, почина новинарот Ристе Недановски, соопшти денеска Лекарската комора. Во 1980 година Недановски запишал Факултет за интердисциплинарни стурии по новинарство при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” – Скопје. Во својот животен век, од 1991 година работи како новинар за здравство во редакцијата “Вечер” – НИП “Нова Македонија”. Во 1997 година преминува во редакцијата “Дневник”, во 1999 станува заменик-уредник на економската... Читать дальше...

Мицкоски бара предвремени избори сега и попис во 2022

SlobodnaEvropa.mk 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска побара предвремени парламентарни избори и предложи пописот да се одржи во март или во април 2022 година. „Час поскоро треба да се одржат предвремени парламентарни избори бидејќи ова нестабилно, мало, тенко владино мнозинство покажа дека Македонија е хибриден режим. Потребно е ново мнозинство кое ќе ја извади Македонија на прав пат“, рече Мицкоски, и додаде дека, според нив, „се можни предвремени парламентарни избори заедно со локалните“. ВМРО-ДПМНЕ... Читать дальше...

Кремљ: Коментарите на Бајден за Русија се агресивни

SlobodnaEvropa.mk 

Кремљ денеска ги опиша коментарите на американскиот претседател Џо Бајден за Русија како „агресивни и неконструктивни“, но рече дека се надева оти двете земји можат да ги остават на страна своите разлики и да соработуваат таму каде што има смисла, јави Ројтерс. Бајден вчера во своето прво дипломатско обраќање како претседател вети нова ера на надворешната политика на САД и рече дека му рекол на рускиот претседател Владимир Путин да очекува „помускулест“ американски пристап кон врските со Москва. Читать дальше...

Заев - Царовска: Доцниме со образовните реформи, ама нема да избрзуваме

SlobodnaEvropa.mk 

Целта на реформата е да го осовремениме нашето образование со нов модел на наставата кој е инспириран од образовните системи на развиени земји во Европа и светот, но имајќи предвид нашите автентични општествено-економски состојби и заедно со светските искуства да создадеме национален, македонски модел на основното образование, рече премиерот Зоран Заев во обраќањето со кое почна јавната собраниска расправа за Нацрт-концепцијата за основно образование. Денеска во Собранието е отворена дебата за... Читать дальше...

Чавков сведочеше за „27 Април“: Ми се јави Груевски загрижен

SlobodnaEvropa.mk 

Со сослушување на сведоците на одбраната, денеска во Основниот кривичен суд во Скопје продолжи судењето за „организаторите на настаните во Собранието од 27 април 2017 година“. На денешното рочиште прв сведочеше поранешниот шеф на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, кој рече дека на 27 април 2017 година имал интензивни комуникации со своите колеги задолжени за извршување на полициски акции и дека немал никаков контакт со обвинетите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски. „Не сум имал никаква комуникација со Миле Јанакиески и Спиро Ристовски... Читать дальше...

Симовски - Пописот да се сфати сериозно

SlobodnaEvropa.mk 

Македонските државјани кои се во странство може да се попишуваат онлајн или за нив податоци да даде некој близок. Тие со ковид ќе се попишуваат според протоколи на Министерство за здравство. Ќе има најмалку 5500 попишувачи, а освен на терен, ќе се користат и бази на податоци од институции.

Лајчак ќе претстави планови за дијалог меѓу Србија и Косово

SlobodnaEvropa.mk 

Претставникот на Европската унија (ЕУ)за Балканот и за дијалог меѓу Србија и Косово, Мирослав Лајчак, денеска соопшти дека ќе претстави планови за дијалог меѓу двете страни пред претставниците на ЕУ во следните недели и посочи дека има силна поддршка од сите земји-членки на Унијата. Тој на Твитер објави дека вчера доставил извештај до амбасадорите на Комитетот за политика и безбедност (ПСК) и до делегатите на Работната група за Западен Балкан (COWEB) за неговата работа во претходната година. Вучиќ... Читать дальше...

Советници или комесари? Русија сака да ги заштити учениците од „деструктивно влијание“

SlobodnaEvropa.mk 

Во некои училишта во Русија во експериментална фаза е спроведувањето на иницијативата за воведување специјални воспитувачи кои ќе работат со децата. Некои набљудувачи сметаат дека оваа иницијатива е обид да се задржат учениците да не учествуваат на антивладини протести.

Новости России
Москва

Росгвардия обеспечила безопасность генеральной репетиции парада ко Дню Победы в Москве


Уапсени креаторот и модераторот на „Јавна соба“, се товарат за детска порнографија

SlobodnaEvropa.mk 

Основното јавно обвинителство Скопје во текот на вчерашниот ден до Министерството за внатрешни работи издаде наредба за лишување од слобода на две лица – креаторот и администраторот на групата „Јавна соба“ на социјалната мрежа Телеграм. По наредбата е постапено и лицата се лишени од слобода, соопшти денеска Основното јавно обвинителство (ОЈО). „Надлежниот јавен обвинител денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајцата осомничени за кривично дело – Производство и дистрибуција... Читать дальше...

Ковакс го објави планот за ковид вакцините - За Македонија 103.200 дози

SlobodnaEvropa.mk 

Преку механизмот Ковакс ќе бидат распределени вкупно 337,2 милиони вакцини против ковид-19, од кои, Македонија ќе добие 103 200 дози. Ковакс иницијативата на Обединетите нации планира да ги испорача овие вакцини во првата половина од годинава во 145 земји во светот. Според Ан Линдстранд од Светската здравствена организација, испораките би можеле да почнат кон крајот на февруари. Распределбата на количините ќе биде пропорционална на бројот на населението во секоја земја. Најмногу ќе добие Индија (97,2 милиони)... Читать дальше...

Квалитетот на дебатата во Собранието на ниско ниво

SlobodnaEvropa.mk 

Квалитетот на дебатата во Собранието, од 1 до 10, доби средна оценка 5,5 во Извештајот на Институтот за демократија од Скопје за периодот од 4 август до 31 декември 2020 година. „На скала од 1-најнизок до 10-највисок, средната оценка на квалитетот на дебатата во Собранието е 5.5 и е пониска во споредба со претходните периоди на набљудување, за кои оценката за квалитетот на дебатата се движеше од 6.0 до 6.3. За разлика од минатите периоди квалитетот на дебата во Собранието не ја добива минималната... Читать дальше...

Гусар – Полицијата не ги заштити жртвите од „Јавна соба“ од незнаење

SlobodnaEvropa.mk 

Органите коишто треба да ги штитат жртвите не направија заштита, зашто и самите тие не знаат како да постапат. Ако јас сум неука странка и ако отидам да пријавам во полиција, а не знам кое кривично дело е, полицијата, односно надлежниот орган треба да ме упати, вели адвокатката Марта Гусар.

Ако нема јавен притисок има „јавни соби“

SlobodnaEvropa.mk 

Под притисок на јавноста полицијата отвори истрага за случајот „Јавна соба“ и уапси четири лица. Потребни се законски измени за поголема заштита од сексуално вознемирување на интернет, но законите и сега нудат заштита, само треба да се спроведат, велат жртвите.

Борел: Случајот со Навални ги отежна односите ЕУ - Русија

SlobodnaEvropa.mk 

Шефот за надворешна политика на Европската унија (ЕУ), Жозеп Борел, ја почна средбата со рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, со констатацијата дека меѓусебните односи „живеат тежок момент“. Оваа средба во Москва е прва со висок претставник на ЕУ на руско тло во последните четири години. „Со сигурност, нашите односи се под тежок притисок, а случајот со Навални е во суштината“, вели Борел, и додаде деда „и покрај разликите, да се изгради ѕид на тишина не е опција“. На својот блог... Читать дальше...


Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
ATP

Российский бизнесмен обвинил Алькараса в договорных матчах. Он направил письмо в ATP






Россияне рассказали о своем отношении к профсоюзам на работе

Тайны профессии. Восемь историй о том, когда нотариусы спасают людей

Галина Янко: главные традиции и приметы Пасхи

Спасение спасающих: почему в Пермском крае массово увольняются сотрудники МЧС