Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Март
2021

Новости за 20.03.2021

Нови 1299 случаи на корона, 24 починати и 413 оздравени пациенти

SlobodnaEvropa.mk 

Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа се направени 5.057 тестирања, а регистрирани се 1.299 нови случаи. Регистрирани се 413 оздравени пациенти. Пријавени се вкупно 24 починати лица, на возраст од 35 до 82 години. Од нив седум пациенти од Скопје, пет од Кавадарци, четири од Прилеп, двајца од Гевгелија и по едно починато лице е регистрирано од Тетово, Велес, Кочани, Кичево, Ресен и Радовиш. Сите се починати во болнички услови. Во болниците се лекуваат 1289 заразени со... Читать дальше...

Во Естонија осуден научник за шпионажа за Кина

SlobodnaEvropa.mk 

Судот во Талин го осуди врвниот поморски научник Тармо Кутс под обвинение за шпионажа за Кина, јавија медиуми. Тој е осуден на три години затвор, наводно во првиот случај на шпионажа во Естонија, кој не е поврзан со соседна Русија. Кутс, наводно, работел со друг Естонец, кој го чека судење. Кутс е водечки експерт за океанографија на Технолошкиот универзитет во Талин. Тој работел за Министерството за одбрана на Естонија и бил член на научниот комитет на НАТО за подморско истражување, кој е вклучен... Читать дальше...

Олимписките игри во Токио забранети за странски гледачи

SlobodnaEvropa.mk 

На гледачите од странство ќе им биде забрането присуството на Олимписките игри во Токио кога ќе се отворат за четири месеци. Одлуката беше објавена по состанокот на Интернационалниот олимписки комитет, јапонската влада, владата во Токио, Меѓународниот параолимписки комитет и локалните организатори. Игрите во Токио беа одложени од минатата година поради пандемијата и треба да бидат отворени на 23 јули. Штафетата за поставување на факелот треба да започне на 25 март во Фукушима, во услови на строг протокол. Читать дальше...

Турција се повлече од Истанбулската конвенција

SlobodnaEvropa.mk 

Турција се повлече од Европскиот договор за заштита на жените од насилство што прва го потпиша пред 10 години и го носи името на нејзиниот најголем град. Указот на претседателот Реџеп Таип Ердоган со кој се поништува ратификувањето на Истанбулската конвенција е удар врз поборниците за правата на жените, кои велат дека договорот е клучен за борба против семејното насилство. Ќотекот ретко излегува од дома Генералниот секретар на Советот на Европа, Марија Пејчиновиќ Буриќ, ја нарече одлуката поразителна. Читать дальше...

Во болниците се лекуваат 1289 заразени со ковид-19

SlobodnaEvropa.mk 

На инфективните оддели во Скопје и во болниците во другите градови се лекуваат 1289 пациенти со ковид-19. Има околу 300 празни болнички кревети во ковид центрите, соопшти Министерството за здравство. Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 84 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 543 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка. Во ковид центрите во... Читать дальше...

САД и Индија ќе ги зајакнуваат билатералните односи

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот министер за одбрана Лојд Остин и неговиот индиски колега Рајнат Синг разговарале за начините за зајакнување на билатералните воени врски за време на нивната средба во Њу Делхи. Дводневната посета на Индија на Остин е прва од врвниот член на администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден. Вашингтон бара поблиски врски со сојузниците во регионот за да се спротивстави на наметливоста на Кина. Посетата доаѓа по завршувањето на вчерашните разговори во Алјаска меѓу највисоките американски и кинески официјални лица... Читать дальше...

Филипче очекува следната недела резултати од полицискиот час

SlobodnaEvropa.mk 

Министерот за здравство Венко Филипче по денешната посета на Општата болница во Кочани изјави дека се спремни да воведат и дополнителни рестриктивни мерки доколку сегашните не ги дадат посакуваните резултати. „Очекувањата се дека после воведување на една одредена мерка резултатите ќе бидат видливи после седум до 10 дена, што значи дека на почетокот на следната недела очекуваме некакви резултати од воведувањето на полицискиот час од 22 до 5 часот наутро“, рече Филипче. Целта на неговото воведување... Читать дальше...

Русковска давала исказ за Мијалков, случајот со бегството го води Ристоска

SlobodnaEvropa.mk 

Шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска во емисијата „Стадион“ на Канал 77 изјави дека пред 2 дена давала исказ за случајот со бегството на поранешниот директорот на УБК, Сашо Мијалков. Таа информираше дека предметот го води обвинителка е Ленче Ристоска. Се бара истрага за институционални пропусти во случајот со Мијалков Русковска посочи дека за Мијалков не бил побаран притвор кога се даваа завршните зборови за случајот „Таргет-Тврдина“, бидејќи немало законска основа. Читать дальше...



Заев: Словенија ќе даде нов импулс во проширувањето на ЕУ

SlobodnaEvropa.mk 

Премиерот Зоран Заев во интервју за електронското издание на словенечкиот весник „Дело“ изјави дека Северна Македонија заслужила да добие поддршка на следниот чекор на патот кон ЕУ. Тој изразува верување дека како земја членка на ЕУ, која недвосмислено ја реафирмирала својата определба за проширување со земјите од Западен Балкан, Словенија ќе направи се што треба ЕУ да не ги изгуби европските вредности и принципи и ќе продолжи да ја испраќа кон земјите кандидати пораката за поддршка за членство.... Читать дальше...

Пакистанскиот премиер два дена по вакцинација позитивен на ковид-19

SlobodnaEvropa.mk 

Премиерот на Пакистан, Имран Кан е позитивен на ковид-19, два дена откако ја прими вакцината против болеста. Специјалниот здравствен советник на премиерот Фајсал Султан на Твитер напиша дека Кан се изолирал дома. На Кан вакцината од кинескиот производител Синофарм му беше дадена на 18 март. Синофарм е единствената вакцина против коронавирус што досега се користи во Пакистан. Во февруари Кина и донираше на земјата половина милион дози. Во светот расте интересот за руски и кинески вакцини Јужноазиската... Читать дальше...

Бајден и Харис ветија борба против расизмот по нападот во Атланта

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот претседател Џо Бајден и потпретседателката Камала Харис ја посетија Атланта неколку дена откако вооружен напаѓач уби осум лица во три салони за масажа, а шест од жртвите се од Азија. Говорејќи по состанокот со водачите на азиско-американската заедница во државата Џорџија, Бајден одржа краток говор во кој рече дека омразата и насилството честопати биле исполнети со тишина во САД. "Но, тоа мора да се промени затоа што нашата тишина е соучесништво. Не можеме да бидеме соучесници. Ние мора да зборуваме гласно... Читать дальше...

По 900 години ерупција на вулкан во Исланд

SlobodnaEvropa.mk 

Вулкан на полуостровот Реикјанес во југозападен Исланд се активирал синоќа во 20 часот и 45 минути по Гринич во Гелдингадалур, близу до планината Фаградалс. Сликите објавени на интернет и фотографирани од главниот град Рејкјавик, на околу 40 километри од ерупцијата, покажуваат црвен сјај на ноќното небо. Меѓународниот аеродром во Исланд е оддалечен само неколку километри до вуклан, но областа е ненаселена и не се очекува ерупцијата да претставува опасност. „Ерупцијата се смета за мала во оваа фаза“... Читать дальше...

Приведени синовите на Дилавер Бојку

SlobodnaEvropa.mk 

Во полициска акција приведени се синовите на Дилавер Бојку. Едниот од нив Ербен Бојку беше баран со потерница за отслужување на казна затвор од 21 година. Додека пак другиот син Бесник Бојку е приведен бидејќи кај него е пронајдено огнено оружје. МВР соопшти дека синоќа на патот Струга-Дебар, пред селото Велешта полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка-Отсек за потрага во соработка со ОСОСК и Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ го лишиле од слобода 35 годишниот... Читать дальше...

Македонец и Русин осудени за сајбер криминал во САД

SlobodnaEvropa.mk 

Американското министерството за правда соопшти дека македонски и руски државјанин се осудени на казна затвор за нивните улоги во транснационална операција за компјутерски криминал, одговорна за кражба на 568 милиони долари ширум светот. 31 годишниот македонски државјанин Марко Леопард е осуден на 5 години затвор, а 33 годишниот руски државјанин Сергеј Медведев на 10 години затвор. Двајцата претходно се изјасниле за виновни. Медведев е ко-основач и администратор на Инфрауд, онлајн криминално претпријатие... Читать дальше...

Османи: Одложување на преговорите со ЕУ сериозна геостратешка грешка

SlobodnaEvropa.mk 

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи во интервју за шпанската новинска агенција ЕФЕ и магазинот Еурактив изјави дека земјата станала лакмусов тест за кредибилитетот на процесот на проширување на ЕУ. „Одложувањето на почетокот на преговорите, кои ја засегаат и Албанија, би било сериозна геостратешка грешка бидејќи ќе има последици за целиот балкански регион“, вели Османи. Османи уверен дека несогласувањата со Софија ќе се надминат Тој воедно смета дека по парламентарните избори во... Читать дальше...

Заев и Нуредени: Процесот за прогласување на Водно за заштитено подрачје сѐ уште отворен

SlobodnaEvropa.mk 

Премиерот Зоран Заев и министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини порачаа дека одлуката за прогласување на Водно за заштитено подрачје сѐ уште не е утврдена во нејзината конечна верзија и процесот е отворен за сите сугестии и предлози за изнаоѓање на најдобро решение. Заев и Нуредни беа на средба со претставници на повеќе граѓански организации од сферата на заштитата на природата и животната средина, кои, како што соопшти владината прес-служба, изразиле очекувања дека иницијативата... Читать дальше...

Облачно и врнежливо време, почнува пролетта

SlobodnaEvropa.mk 

Времето денеска кога календарски почнува проллета ќе биде облачно со врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места ќе има снег. Поради продор на студен воздух кон крајот на денот и во текот на ноќта повремено врнежите ќе преминуваат во снег и на некои пониски места. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 4 до 11 степени. Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд. Кон крајот на денот... Читать дальше...

Ковид 19 го подбутна електронското плаќање на сметки

SlobodnaEvropa.mk 

Во државата не постои унифицирана база со сите е-услуги, но одделните податоци од институции покажуваат видливо зголемување на луѓе кои плаќаат сметки онлајн. Сепак, најголем дел услуги се плаќаат на шалтер или во банка. На Националниот портал за е-услуги се регистрирани околу 1,5 % од населението.


Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
ATP

Рублёв поднимется на шестое место в рейтинге ATP после победы на «Мастерсе» в Мадриде






Замминистра обороны Иванов просит отпустить его из СИЗО на Рублёвку: Не шутка, а ходатайство по делу

«Динамо» – на первом месте. Перед заключительным днем 27-го тура таблица ЧР приобрела уникальный вид

Отказ США от российского урана может ударить по ...

Лавров: Запад желает, чтобы православию был нанесен непоправимый ущерб