Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Август
2021

Новости за 17.08.2021

Во Србија вакцинација со трета доза против ковид-19

SlobodnaEvropa.mk 

Од денеска во Србија може да се добие дополнителна, трета доза на вакцината против коронавирусот, објави Владата на Србија. „Сите вакцинирани граѓани ќе можат да ја добијат третата доза 180 дена по добивањето на втората доза, а граѓаните ќе бидат повикани преку СМС и е-пошта со линк што ќе ги одведе до порталот за е-влада, каде што ќе добијат подетални информации “, се наведува во соопштението. Вучиќ со лотарија ќе стимулира вакцинација во Србија Како што е објаснето, третата доза на вакцината ќе биде достапна на барање на граѓаните... Читать дальше...

ЕУ ќе одржи состанок за ситуацијата во Авганистан

SlobodnaEvropa.mk 

Министрите за надворешни работи на Европската унија денеска ќе одржат кризен состанок на кој ќе се разговара за падот на Авганистан во рацете на Талибанците, додека земјите се тркаат за евакуација на граѓаните и локалниот персонал од хаотичниот аеродром во Кабул. Неколку лица беа убиени на аеродромот, изјавија сведоци, додека луѓето се обидуваа да побегнат еден ден откако талибанските бунтовници ја зазедоа авганистанската престолнина и објавија крај на војната против странските и локалните сили. Хаос на аеродромот во Кабул... Читать дальше...

Вонредна седница на бугарскиот парламент за полициското насилство

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателката на бугарскиот парламент Ива Митева за денеска свика вонредна седница на која ќе се расправа за полицискиот скандал со насилство врз демонстранти и за преземени чекори во врска со тоа на бугарскиот министер за внатрешни работи Бојко Рашков. Во изјавата објавена на веб-страницата на бугарскиот парламент Митева наведува дека со огорченост, болка и вознемиреност ги гледала видео снимките од насилството врз младите демонстранти летото 2020 година. „Има таков народ“ нема да поддржи влада од трет мандат во Бугарија Според Митева... Читать дальше...

Нови мерки за влез и излез од Македонија?

SlobodnaEvropa.mk 

Македонската влада, како што најави министерот за здравство Венко Филипче, денеска ќе расправа за предлогот на Комисијата за заразни болести за влез и излез од земјава, и за граѓани на Македонија како и за сите други земји, да се бара или потврда за примена вакцина против ковид-19, или негативен ПЦР тест или потврда за прележана болест но само во првите 45 дена сметајќи од денот на оздравување. Министерот најави дека Владата ќе решава и за тоа од кога би важела оваа мерка. Министерството за здравство... Читать дальше...

Аеродромот во Кабул повторно отворен за евакуација по хаосот

SlobodnaEvropa.mk 

Аеродромот во Кабул беше отворен рано изутрината откако летовите беа прекинати претходниот ден поради нарушување на безбедноста што ги прекина операциите за евакуација, соопшти Пентагон. Хаосот избувна на аеродромот вчера, кога илјадници исплашени Авганистанци го преполнија аеродромот во очајнички обид да фатат лет надвор од земјата, што ги натера американската војска и меѓународните сили привремено да ги прекинат летовите за расчистување на аеродромот. Најмалку седум лица загинаа во нередите на аеродромот. Читать дальше...

Времето денеска: сончево и многу топло

SlobodnaEvropa.mk 

Ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претпладне од јужен, а попладне во горниот дел на Повардарието од северен правец. Дневната температура ќе биде од 29 до 39 степени. Во Скопје и околината слично време. Дневната температура ќе биде 38 степени.


Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
Людмила Самсонова

Самсонова вышла во второй круг турнира в Хертогенбосе






Картину Шишкина самолетом доставили из Москвы в Калининград для проекта «Выставка одной картины»

How old is this map: выпускник ТГУ создал карту возраста домов Томска

Фестиваль «Времена и эпохи» в Москве познакомит гостей с древней цивилизацией

5 фактов про Троице-Сергиеву Лавру, главный русский монастырь