Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Август
2021

Новости за 24.08.2021

Почина највисокиот човек во САД

SlobodnaEvropa.mk 

Највисокиот човек во САД, висок 2,35 метри, почина од срцева аномалија на 38 -годишна возраст во американската држава Минесота, објави неговата мајка на Фејсбук. Игор Вовковински, Американец со украинско потекло, живеел со болест, бидејќи неговиот тумор предизвикал прекумерна секреција на хормонот за раст. Како резултат на тоа, како дете, семејството се преселило во Рочестер, град во северниот дел на Соединетите држави познат по својата развиена здравствена заштита. Најстарата жена на светот има 116 години и сака математика „Малиот“ Игор... Читать дальше...

Корона парадокс – Зголемени платите на текстилците, намалени на фармацевтите

SlobodnaEvropa.mk 

Платите во угостителството и туризмот во јуни годинава биле за 25 отсто поголеми отколку во истиот месец минатата година. Во исто време, платите во фармацевтската индустрија се намалени за 8,2 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Упатените велат дека нема реален раст, туку има отпуштање на вработените со најниски примања.

Џонсон ќе го притисне Бајден за продолжување на рокот во Авганистан

SlobodnaEvropa.mk 

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска ќе го повика американскиот претседател Џо Бајден да го продолжи рокот за евакуација од Авганистан, но дури и да се постигне согласност, на Западот ќе му треба одобрување од Талибанците. Џонсон денеска ќе биде домаќин на виртуелен состанок на лидерите од Групата седум напредни економии на кој ќе се разговара за кризата во Авганистан, каде што илјадници луѓе на аеродромот во Кабул се обидуваат да избегаат од Талибанците. Авганистански стражар убиен во престрелка... Читать дальше...

Полска крева ограда висока 2,5 метри на границата со Белорусија

SlobodnaEvropa.mk 

Полска ќе подигне цврста ограда висока 2,5 метри на границата со Белорусија и ќе го зголеми бројот на војници кои ѝ помагаат на полската гранична стража за да го спречи влезот на бегалци кои пристигнуваат преку Белорусија, објави на Твитер министерот за одбрана на Полска Мариуш Блашчак. Кон крајот на минатата недела, министерот Блашчак објави дека 900 војници ѝ помагаат на граничната стража во патролирање и обезбедување на границата со Белорусија и дека веќе се подигнува ниска ограда со бодликава жица долж границата. Читать дальше...

Отворање на Параолимписките игри во Токио

SlobodnaEvropa.mk 

Јапонскиот цар Нарухито денеска официјално ќе ги отвори Параолимписките игрите, но поради мерките против коронавирусот повеќето од 68.000 места на стадионот ќе бидат празни. На годинашните Игри ќе учествуваат 4.400 спортисти од 162 тимови, меѓу кои и еден што претставува бегалци. Спортистите ќе се натпреваруваат во 22 спортови, а за прв пат се појавуваат бадминтон и теквондо. Игрите ќе траат до 5 септември и се одржуваат во позадина на напливот на случаи на ковид-19 во Токио. Случаите таму се зголемија... Читать дальше...

На самитот на иницијативата на Кримската платформа осудена руската анексија на Крим

SlobodnaEvropa.mk 

Украина и околу 50 нејзини сојузници ја осудија руската анексија на украинскиот полуостров Крим во заедничка изјава усвоена на првиот самит на иницијативата „Кримска платформа“ одржана во Киев. Самитот беше свикан од Украина за да го обедини притисокот врз Русија поради нејзината анексија на Крим во 2014 година, што мнозинството од светот го осуди како нелегално. Како резултат на тоа односите на Русија со Западот се влошија и се вратија на ниво како во Студената војна. Зеленски бара поддршка за... Читать дальше...

Советот за човекови права на ОН ќе одржи специјална седница за Авганистан

SlobodnaEvropa.mk 

Советот за човекови права на ОН денеска ќе одржи специјална седница за Авганистан. Седницата е свикана на барање на Авганистан и Пакистан, координатор на Организацијата за исламска соработка, за да се разгледаат „сериозните грижи за човековите права“ во врска со ситуацијата во Авганистан. Барањето досега беше поддржано од 89 нации. Поголемиот дел од делегациите ќе се обратат на сесијата преку видео врска. ЕУ ќе соработува со Талибанците доколку ги почитуваат човековите права Авганистанските талибанци... Читать дальше...

Берлин преговара аеродромот во Кабул да остане отворен и по 31 август

SlobodnaEvropa.mk 

Германија е во преговори со Соединетите држави, Турција и другите партнери за да го задржи аеродромот во Кабул отворен за евакуација и по 31 август, датумот што Вашингтон го предвиде да го заврши повлекувањето од Авганистан. „Треба да ги продолжиме разговорите со Талибанците, бидејќи тие сигурно ќе имаат посебна улога во функционирањето на аеродромот по повлекувањето на американските војници“, рече шефот на германската дипломатија Хајко Мас. Талибанците против одложување на повлекувањето на западните сили На аеродромот во Кабул... Читать дальше...

Состанок на Комисијата за заразни болести

SlobodnaEvropa.mk 

Министерот за здравство Венко Филипче најави дека во текот на денешниот ден состанок ќе одржи Комисијата за заразни болести. На состанокот, како што наведе, ќе бидат анализирани епидемиолошките мерки. Министерот Филипче смета дека актуелните мерки кои се во сила, треба да продолжат и натаму, се додека не се зголеми колективниот имунитет. Од ковид-19 починале 27 лица, 333 новозаразени Од 16 август е потребен сертификат за вакцинација или прележан ковид-19 за влез во ресторани, концерти или спортски настани. Читать дальше...

Времето денеска: сончево со локална облачност

SlobodnaEvropa.mk 

Ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Дневната температура ќе биде од 26 до 37 степени. Во Скопје и околината слично време. Дневната температура ќе биде 35 степени.


Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
Бьянка Андрееску

Бьянка Андрееску: «Мне нравится, что на траве, поскольку она намного быстрее грунте, меньше времени на раздумья»






Москва киношная: 115 культовых мест

В Москве пенсионер потерял почти 13 млн рублей, поговорив с мошенниками

Сенатор Карасин: Москва запомнит отказ Румынии в выдачи визы делегации РФ в ПАСЕ

Свыше 85 жителей приняли участие в выездном приеме администрации в Сходне