Мијалков добива 30 дневен притвор за „Плацеви на Водно“
Нови 30 дена притвор, овој пат за случајот „Плацеви на Водно“ доби поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, откако Основниот кривичен суд – Скопје го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција, за определување мерка притвор. Од Судот соопштија дека по добивањето на предметот, одржале седница на Советот и донеле решение со кое го прифаќаат предлогот на јавниот обвинител и на обвинетиот му определуваат мерка притвор во траење од 30 дена, се вели во соопштението од Основниот кривичен суд. Читать дальше...