Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Февраль
2022

Новости за 12.02.2022

Солзавец против демонстрантите во Париз

SlobodnaEvropa.mk 

Француската полиција испука солзавец кон демонстрантите на Елисејските полиња во центарот на Париз, непосредно откако во градот влезе „Конвојот на слободата“, кој протестира против антиковид мерките. Возилата со демонстранти успеаја да ги поминат полициските контролни пунктови во центарот на Париз за да го попречат сообраќајот околу Триумфалната капија. Канадската полиција почна да ги отстранува демонстрантите од мостот кон САД Полицијата спречи стотици возила да влезат во Париз за протест против антиковид мерките Демонстрантите... Читать дальше...

Канадската полиција почна да ги отстранува демонстрантите од мостот кон САД

SlobodnaEvropa.mk 

Канадската полиција денеска почна со отстранување на демонстрантите кои со блокадата на мостот меѓу Канада и САД ја прекинаа трговијата меѓу двете земји. Блокадата на мостот Амбасадор, најпрометниот граничен премин, го поремети протокот на стоки и ги принуди автомобилските индустрии во САД и Канада да го намалат производството. Демонстрантите шести ден протестираат против антиковид мерките и против политиките на канадскиот премиер Џастин Трудо. Властите во Онтарио вчера прогласија вонредна... Читать дальше...

Блинкен му рекол на Лавров дека дипломатскиот пат е отворен, но Русија треба да ги намали тензиите

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска му рекол на неговиот руски колега Сергеј Лавров дека дипломатскиот пат за решавање на кризата околу Украина останува отворен, но тоа подразбира Москва да ги намали тензиите и да се вклучи во разговор со добра волја, соопшти Стејт департментот. САД подготвени да ја евакуираат амбасадата во Киев, Русија повлече дел од дипломатскиот персонал Во соопштението се наведува дека Блинкен „повторил дека доколку Москва го следи патот на агресијата и дополнително ја нападне Украина... Читать дальше...

Затворени четири угостителски објекти во Тетовско, затекнати 27 лица без ковид-сертификат

SlobodnaEvropa.mk 

Привремено се затворени четири угостителски објекти вчера во Тетово и околни населени места во координирана акција на Министерството за внатрешни работи, Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи, кои извршиле инспекциски надзори во десетина угостителски објекти и казина на територијата на тетовско. Од МВР соопштија дека објектите се запечатени со пломби од Инспекторатот, а нивното привремено затворање е по член 64 од Законот за заштита на населението од заразни болести. Претреси... Читать дальше...

Албанското МНР ги повика граѓаните под итно да ја напуштат Украина

SlobodnaEvropa.mk 

Албанското Министерството за Европа и надворешни работи ги советува албанските граѓани да не патуваат во Украина. САД подготвени да ја евакуираат амбасадата во Киев, Русија повлече дел од дипломатскиот персонал Во исто време, министерството ги повикува албанските граѓани кои се во Украина што поитно да ја напуштат оваа земја, a за контакт за помош може да се обратат на неколку телефонски броеви и електронска пошта, што ги објавува во соопштението. „Се повикуваат албанските граѓани да се... Читать дальше...

Полицијата спречи стотици возила да влезат во Париз за протест против антиковид мерките

SlobodnaEvropa.mk 

Француската полиција соопшти дека запрела 500 возила кои денеска се обиделе да влезат во Париз во рамки на „конвојот на слободата“, покренат во знак на протест поради мерките воведени за спречување на ширењето на коронавирусот. Во соопштението се наведува дека возилата се пресретнати на три контролни пункта на влезовите во Париз, а изречени се над 150 парични казни. Отава блокирана две недели, полицијата предупредува Француската полиција соопшти дека скоро 7200 припадници на безбедносните... Читать дальше...

Украина ги повикува своите граѓани на смиреност

SlobodnaEvropa.mk 

Украинската влада денеска ги повика граѓаните да останат смирени и обединети, велејќи дека вооружените сили се подготвени да го одбијат секој напад врз земјата во време на растечка загриженост дека Русија се подготвува за инвазија врз својот сосед. Апелот дојде еден ден откако САД и други земји, меѓу кои Велика Британија, Австралија и Јапонија, ги повикаа своите граѓани веднаш да ја напуштат Украина поради растечката опасност од голема офанзива од руските сили. САД подготвени да ја евакуираат амбасадата во Киев... Читать дальше...

Авганистанските бегалци во ОАЕ на протест за преселување во САД

SlobodnaEvropa.mk 

Авганистански бегалци во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) протестираат, барајќи да бидат преселени во САД. Демонстрациите на повеќе стотини Авганистанци започнаа во средата, на 9 февруари, поради условите за сместување и недостатигот на комуникации околу преселувањето во САД. 39 Авганистанци од Македонија заминаа за Канада Еден од демонстрантите изјави дека сè повеќе луѓе им се приклучуваат на протестите, еден ден откако американски претставник на 11 февруари го посети центарот во кој се... Читать дальше...



САД подготвени да ја евакуираат амбасадата во Киев, Русија повлече дел од дипломатскиот персонал

SlobodnaEvropa.mk 

Соединетите Држави се подготвени да ја евакуираат својата амбасада во Киев, откако претставниците на американското разузнавањето предупредија дека руската инвазија на Украина е сè понеизбежна, пишува Асошиејтед прес (АП). АП, повикувајќи се на неименуван американски функционер, јавува дека од целиот американски персонал во амбасадата во Киев ќе се бара да замине поради стравувањата од руска инвазија. Путин телефонски ќе разговара со Бајден и Макрон Функционерите, кои сакаат да останат анонимни... Читать дальше...

Отава блокирана две недели, полицијата предупредува

SlobodnaEvropa.mk 

Веќе две недели трае протестот на камионџиите во Канада против задолжителното вакцинирање или карантин за премин на границата. Отава е блокирана, како и главните гранични премини со САД. Полицијата предупреди дека ќе превземе мерки за отстранување на блокадите, но демонстрантите не отстапуваат.

Абазовиќ - Не гледам проблем да се потпише Темелниот договор со СПЦ

SlobodnaEvropa.mk 

Црногорскиот вицепремиер Дритан Абазовиќ, кој се споменува како најсериозен кандидат за мандатар за состав на новата влада, изјави дека без проблеми би го потпишал Темелниот договор со Српската православна црква (СПЦ) доколку е во согласност со Уставот. За подгоричката телевизија „Адриа“, Абазовиќ изјави дека има драматизирање околу Темелниот договор и дека за тоа разговарал со патријархот на СПЦ, Порфириј, но дека овој акт мора да биде во согласност со Уставот и дека сè треба да се направи во согласност со процедурите. Читать дальше...

Путин телефонски ќе разговара со Бајден и Макрон

SlobodnaEvropa.mk 

Рускиот претседател Владимир Путин денеска телефонски ќе разговара со американскиот претседател Џо Бајден и со францускиот претседател Емануел Макрон, поради зголемените стравувања дека Русија можеби се подготвува за напад врз Украина. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на 11 февруари изјави дека барањето за телефонски разговор меѓу Путин и Бајден доаѓа од Вашингтон. За Ројтерс, официјален претставник на Белата куќа потврдил дека повикот ќе се случи. Песков рече дека Путин ќе разговара и со Макрон. Читать дальше...

Временска прогноза - Сончево, со максимална температура до 16 степени

SlobodnaEvropa.mk 

Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло, претпладне по одделни котлини со појава на магла или ниска облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево со услови за слаба магла претпладне. Максималната температура ќе достигне до 11 степени. БЕГ тврди дека парното греење е по пропис, корисниците мрзнат Во наредните денови следува период на променливо облачно и малку посвежо време... Читать дальше...

Пандемијата не ги поколеба македонските крводарители

SlobodnaEvropa.mk 

Во ниту еден момент во пандемијата немаше недостиг од крв и поради тоа да се откажуваат операции, велат во Црвениот крст. Во многу земји во светот, пандемијата и големиот број заразени значително го намалија бројот на крводарители, па во опасност е доведено и редовното работење на болниците.


Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
ATP

После победы в Мадриде Рублев поднялся с 8-го на 6-е место в рейтинге ATP






В десяти городах России ко Дню Победы появятся интерактивные инсталляции от VK

В предпраздничный день пробки в Саратове достигли 9 баллов

«Одна большая проблема»: почему стоит отказаться от поездок в Европу этим летом

Представители «Народного фронта» поздравили ветеранов ВОВ с Днем Победы