Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Июнь
2022

Новости за 03.06.2022

„Отворен Балкан“ против даночно затајување и со меѓусебно признавање на дипломите

SlobodnaEvropa.mk 

Трите земји од „Отворен Балкан“ во Охрид ќе се обврзат на здружена борба против затајувањето данок, но и забрзување на процедурите за признавање на дипломите за високо образование меѓу Србија, Албанија и Северна Македонија. Во план е туристичка карта и потпишување меморандум за културна размена. Милош Теодоровиќ

Германскиот канцелар Шолц ќе ја посети Македонија на 11 јуни

SlobodnaEvropa.mk 

Следната недела германскиот канцелар Олаф Шолц ќе го посети Западен Балкан, при што е најавена негова посета и на Македонија на 11 јуни. Како што се наведува во официјалната агенда на канцеларот, на 10 јуни тој ќе биде во Косово и Србија. На Косово е планирана негова посета на германските трупи во КФОР. Шолц и Макрон го повикаа Путин да се вклучи во директни преговори со Зеленски Канцеларот потоа на покана на грчкиот премиер ќе отпатува за Солун на вечера со земјите од регионалната иницијатива... Читать дальше...

АХВ: Да се внимава на храната поради високите температури

SlobodnaEvropa.mk 

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) порача граѓаните да внимаваат на храната поради најавено зголемување на дневните температури, со кое се зголемуваат ризиците од појава на труење со храна. Оттаму порачуваат дека е неопходно е да се направи правилен избор на храна при нејзина набавка и да се обезбеди соодветен транспорт и услови за чување. „Наместо месо, ќе вариме коски“: страв од нови поскапувања „Да се одбегнува купување на разладена или замрзната лесно расиплива храна која се чува надвор од ладилник или во замрзнувач. Читать дальше...

Од полноќ поскапува бензинот до 2,5 денари по литар

SlobodnaEvropa.mk 

Од полноќ бензините ќе поскапат од два до 2,5 денари за литар, а цената на дизелот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).  Така, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за два денара за литар и ќе чини 109 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 2,5 денари и ќе изнесува 111,5 денари за литар. Нови антикризни мерки по ребалансот на буџетот Цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува и останува 99,5 денари за литар, додека малопродажната... Читать дальше...

Воз излета од шините во јужна Германија - најмалку тројца загинати, 16 тешко повредени

SlobodnaEvropa.mk 

Три лица загинаа, а 16 се тешко повредени кога регионален воз излета од шините во јужна Германија, соопштија полицијата и локалните власти. Портпаролот на полицијата, кој немаше никакви детали за жртвите, рече дека возот за Минхен бил доста полн во моментот на несреќата северно од Гармиш-Партенкирхен, ски-центар во Баварија, кој е популарен кај планинарите. Вкупно 60 луѓе се повредени во несреќата, изјави портпаролот на окружната канцеларија на Гармиш-Партенкирхен. Најсмртоносните автобуски... Читать дальше...

Регистрирани 72 нови случаи на Ковид-19 и 54 оздравени лица

SlobodnaEvropa.mk 

Во последните 24 часа се направени се 1.124 тестови и регистрирани 72 нови случаи на Ковид-19 , како и 54 оздравени пациенти, информираат од Министерството за здравство. Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, од вкупниот број позитивни (72), регистрирани се 20 реинфекции. Од новите 72 случаи, во Скопје се 53, Битола 8, Тетово, Охрид и Берово по 2 и Куманово, Прилеп, Штип, Кочани и Гевгелија по 1. Од оздравените пациенти, пак, 34 се од Скопје, Штип 5, Охрид 4, Битола и Берово по 3 и Куманово... Читать дальше...

Израел загрижен поради иранската нуклеарна програма

SlobodnaEvropa.mk 

Израелскиот премиер Нафтали Бенет му кажа на шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) дека еврејската држава е подготвена да го искористи своето „право на самоодбрана“ за да го спречи Иран да направи нуклеарно оружје. На денешниот состанок во Ерусалим со шефот на МААЕ Рафаел Гроси, Бенет го обвини Техеран дека го лаже светот за неговите нуклеарни активности. Бенет ја изрази „длабоката загриженост на Израел во врска со континуираниот напредок на Иран кон постигнување нуклеарно оружје... Читать дальше...

Вооружен инцидент долж киргистанско- таџикистанската граница

SlobodnaEvropa.mk 

Вооружен инцидент долж киргистанско- таџикистанската граница се случи денеска. Киргистанската гранична служба соопшти дека инцидентот настанал со пукањето од огнено оружје избувнало долж нестабилната граница со Таџикистан. Во соопштението е наведено дека киргистанските офицери морале да отворат оган откако таџикистанските граничари пукале на киргистанската страна, вклучително и користејќи минофрлач, како одговор на наредбата да се повлечат од територијата на Киргистан во која наводно влегле во Булак -Башиски округ во јужниот регион Баткен. Читать дальше...



ССМ- Генерален штрајк ако владата не ги исполни барањата до 21 јуни

SlobodnaEvropa.mk 

ССм донесе одлука за генерален штрајк во јавниот сектор доколку не им се исполнат барањата до 21 јуни. Тие бараат потпишување на општиот колективен договор каде што ќе се утврди линерално зголемување на платата од 2806 денари за сите работници во јавниот сектор и враќање на изгубеното право на регрес во 2023 година во износ од 30 до 100 проценти од просечната плата во државата. Претседателот на ССМ Дарко Димовски изјави дека доколку не им се исполнат барањата до зададениот рок синдикалците ќе прекинат... Читать дальше...

Курти ја одби поканата на Ковачевски за присуство на „Отворен Балкан“

SlobodnaEvropa.mk 

Косовскиот премиер Албин Курти ја одбил поканата на македонскиот премиер Димитар Ковачевски да присуствува и учествуваа во регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ која ќе се одржи во Охрид следната недела на 7 и 8 јуни. Косовските медиуми јавуваат дека во писмото кое му го испратил на Ковачевски било посочено дека „Косово е посветено на Берлинскиот процес“. Во него е наведено дека Косово и Северна Македонија треба да соработуваат во делот како „да ја спречат Србија да промовира руски и кинески интереси во регионот... Читать дальше...

Бавното обвинителство, мерката притвор ја претвора во казна

SlobodnaEvropa.mk 

Во Македонија и натаму се злоупотребува мерката притвор, проблем за кој експерти за РСЕ велат дека е присутен долго време. Тие сметаат дека се потребни нови измени на одредбите од Законот за кривична постапка

Турција официјално го промени името во Туркије

SlobodnaEvropa.mk 

Обединетите Нации го усвоија официјалното барање на Анкара, со што за нив, Турција отсега ќе биде Туркије (Türkiye). По оваа одлука, наредно од неколку меѓународни организации ќе се бара да го променат името на земјата, согласно со иницијативата што минатата година ја покрена турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган. „Промената е направена веднаш“, изјави Стефан Дујарик, портпарол на шефот на ОН. Тој истакна дека официјалното писмо на Анкара со барање за промена било примено во седиштето на ОН во Њујорк во средата. Читать дальше...

Критики за „хонорарците“, но каде е одговорноста за институциите?

SlobodnaEvropa.mk 

По илјадници евра добивале лица од државни институции и општини за работа на непосточеки позиции и давање стручно мислење. Во јавноста мета на критика се тие што зеле пари, но ретко кој ги споменува оние кои ги одобриле спорните исплати - институциите.

Нов оружен напад во болница во Тулса, најмалку четворица загинати

SlobodnaEvropa.mk 

Двајца лекари, рецепционер и поранешен војник кој ја придружувал сопруга за време на преглед, биле убиени во масовно пукање во болница во Тулса. Локалната полиција соопшти дека од две лица кои загинале при престелката се доктори, вториот е рецепционер во болницата, додека четвртиот загинат е ветеран кој го жртвувал својот живот за сопругата која ја придужувал на преглед кога започнало пукањето. Началникот на полицијата во Тулса, Вендел Френклин, изјавил дека еден од лекарите бил таргет на напаѓачот... Читать дальше...

Голем пожар во трговски центар во Москва

SlobodnaEvropa.mk 

Голем пожар избувна во деловниот центар Гранд Сетун Плаза во западна Москва, соопшти во руското Министерство за вонредни состојби. Во нивното соопштение е наведено дека засега нема пријавено жртви . Според Министерството за вонредни состојби, 120 луѓе се спасени од зградата и напорите за гаснење на пожарот се во тек. Пожарот зафаќа површина од 1.000 метри квадратни, соопшти Министерството. Според извештаите во руските медиуми и објавите на социјалните мрежи, можно е непознат број луѓе да се заробени... Читать дальше...

Изместени вредности за полуписмени граѓани

SlobodnaEvropa.mk 

Државата мора да се загрижи зошто дел од населението е без образование и зошто законите не се применуваат. Според дел од професорите со кои разговараше РСЕ, потребна е долгорочна стратегија која ќе биде надпартиска и нема да се менува со секој нов министер или партија на власт.

Наумовски: Економската соработка во фокусот на Стратешкиот дијалог со САД

SlobodnaEvropa.mk 

САД со ова го потврдуваат својот интерес за продолжување на процесот за стабилизација на Балканот, особено кога европската перспектива на регионот не е најјасна. САД сакаат да демонстрираат дека билатералните односи со Македонија, ќе бидат подигнати на повисоко ниво, вели професор Васко Наумовски.

Бајден ѝ се обрати на нацијата во врска со низата масовни пукања во САД

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот претседател Џо Бајден во синоќешното обраќање до нацијата побара од Конгресот мерки за спречување на масовни пукања, вклучително и зголемување на возраста за купување оружје за напад. „Видете, знам дека некои луѓе ќе речат „18-годишниците можат да служат во војска и да пукаат од такво оружје“, но тоа е со обука и надзор од најдобро обучените експерти во светот. Не ми кажувајте дека зголемувањето на возраста нема да направи разлика. Доста е“, рече Бајден за време на телевизиското обраќање... Читать дальше...

Стејт департментот за верските слободи во С. Македонија во 2021 година

SlobodnaEvropa.mk 

Државниот секретар на САД Ентони Блинкен го презентираше редовниот годишен извештај на Стејт департментот за верските слободи во светот. Во делот за Северна Македонија се вели дека Уставот на земјата забранува верска дискриминација и предвидува слобода на религијатa и верското изразувања. Се нотира дека Министерството за правда и другите владините министерства дискутирале за амандманите на законот од 2007 година со кои се уредуваат религиските слободи што би овозможило поголемите верски заедници да се стекнат со статус на „правни ентитети“... Читать дальше...

ССМ најавува генерален штрајк

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на ССМ Дарко Димовски по вчерашната двочасовната средба во Владата на која не бил постигнат договор за линеарно зголемување на платите за 2.806 денари најави дека денеска ќе биде донесена одлука за генерален штрајк. „Бараме итно зголемување на платите. Ценовните шокови и двоцифрената инфлација ни даваат право да бараме усогласување на платите веднаш, бидејќи веќе не се издржува“, рече Димовски, додавајќи дека денеска ќе заседаваат највисоките тела на ССМ и се очекува да биде донесена одлука за стапување во генерален штрајк. Читать дальше...


Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
Елена Рыбакина

Первая ракетка мира расплакалась после финала турнира с участием Рыбакиной






Свыше 35 километров дорог отремонтируют в Можайске в 2024 году

Гитлер в начале войны собирался применить химическое оружие

В «Иностранке» открылась выставка победителей конкурса к 80-летию освобождения Ленинграда

Отделение «Почты России» в поселке ВНИИССОК отремонтируют в июне