Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Август
2022

Новости за 28.08.2022

Вучиќ: Белград го извлече најдоброто можно од договорот со Приштина

SlobodnaEvropa.mk 

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека Белград успеал во договорот со Приштина да извлече најдобро можно, наведувајќи дека тој дел од договорот е устен. По заедничката вежба на припадниците на полицијата и војската Вучиќ изјави дека договорот со кој Србија укинува издавање на излезно- влезни документи за луѓето кои имаат косовска лична карта, а Косово не воведува за оние кои имаат српски лични карти е устен, заштоа што пишаниот договор е потпишан во 2011 година. „Поради таа одлука... Читать дальше...

Турција ја обвини Грција за вознемирување на авиони над Средоземното Море

SlobodnaEvropa.mk 

Турција ја обвини сојузничката земја членка на НАТО и лут ривал Грција дека  користи систем за противвоздушна одбрана од Русија за малтретирање на турски авиони во меѓународниот воздушен простор над Средоземното Море. Турскиот министер за одбрана на 29 август рече дека инцидентот се случил на 23 август, кога грчкиот ракетен систем С-300 на островот Крит ги заклучил турските авиони Ф-16 кои летале на 10.000 стапки во близина на Родос. Грција планира да постави дополнителни 80 километри ограда... Читать дальше...

Над 100 загинати за 24 часа во Пакистан поради поплавите

SlobodnaEvropa.mk 

Во изминативе 24 часа загинале 119 луѓе во поплавите во Пакистан, со што бројката на загинати се искачи на 1033. Националната управа за справување со кризи соопшти дека овогодинешните монсунски поплави зафатија повеќе од 33 милиони луѓе, односно еден од седум Пакистанци, уништувајќи или тешко оштетувајќи речиси милион домови. Пакистан бара помош за справување со поплавите Оттаму велат дека поплавите избришале  повеќе од два милиони хектари со засадени земјоделски производи, уништени 3.451 километар патишта и  однесени се 149 мостови. Читать дальше...

Затворен хотелот во Будва во кој се затруле со храна 96 туристи

SlobodnaEvropa.mk 

Масовното труење со храна  се случило во хотелот „Лоза“  во Будва кој претходно неколку пати бил пломбиран поради неисполнување на здравствени и санитарни услови.  Вкупно 96 странски туристи претрпеле масовно труење со храна во хотелот, по што денеска туристичката инспекција во Црна Гора донесе одлука за целосно запечатување на хотелот. Директорката на управата за туристичка инспекција Ана Вујошевиќ изјави дека утврдиле дека хотелот воопшти нема лиценца за работа и поради тоа ќе биде запечатен... Читать дальше...

ОН загрижени поради откажувањето на меѓународниот „ЕвроПрајд“ во Белград

SlobodnaEvropa.mk 

Обединетите Нации се загрижени поради најавата за забрана за одржување на меѓународниот настан „Еуропрајд“ која годинава треба да се одржи во Белград. Координаторката на ОН во Србија Францоа Жакоб изјави денеска дека најавата на претседателот Александар Вучиќ дека ќе се одложи овој настан е загрижувачка. Таа во пишаната изјава наведува дека Европрајд е прилика за унапрадување ЛГБТИ заедницата и за целосна примена на антидискриминациската агенда која се содржи во Законот за забрана на дискриминација донесен во 2021 година. Читать дальше...

Талибанците го обвинуваат Пакистан за прелети на американските дронови

SlobodnaEvropa.mk 

Талибанците тврдат дека Пакистан им дозволил на американските беспилотни летала да го користат нејзиниот воздушен простор за пристап до Авганистан. Ова не е прв пат да биде искажано вакво обвинување. Неодамна Пакистан ги отвфрли таквите тврдења  по американскиот воздушен напад во Кабул. Талибанскиот министер за одбрана Мула Мохамад Јакуб на прес-конференцијата во Кабул изјави дека американските беспилотни летала влегуваат во Авганистан преку Пакистан. „Според нашите информации, беспилотните летала влегуваат преку Пакистан во Авганистан... Читать дальше...

Најмалку 13 загинати при судири во Триполи

SlobodnaEvropa.mk 

Најмалку 13 луѓе загинаа, а повеќе од 95 се ранети при судири што избија во Триполи, главниот град ,а Либија. Судирите настанаа меѓу две спротивставени администрации. Министерството за здравство во саботата ја соопшти бројката на загинати при што додаде дека и 64 семејства се евакуирани од зоната каде што настанаа судирите. Порастот на тензии и немири му се заканува на релативниот мир во Либија кој што беше постигнат во изминативе две години. Оваа богата држава со нафта, завлезе во спирала од немири... Читать дальше...

Американски бродови пловат низ Тајванскиот теснец, прв пат по посетата на Пелоси

SlobodnaEvropa.mk 

Два воени брода на американската морнарица пловеа низ меѓународните води во Тајванскиот теснец на 28 август, што е прва таква операција по посетата на Тајван на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси. Американската морнарица соопшти дека крстосувачите Chancellorsville и Antietam ја спроведуваат тековната операција. Таквите операции вообичаено траат од осум до 12 часа за да се завршат и се внимателно следени од кинеската војска. Американска сенаторка го посети Тајван и покрај... Читать дальше...

Курти им се заблагодари на Борел, Лајчак и Ескобар

SlobodnaEvropa.mk 

Нормализација на односите мора да содржи во себе реципроцитет, како што имплицираат добрососедските односи, изјави денеска косовскиот премиер Алин Курти откако синоќа беше постигнат договор меѓу Косово и Србија за личните документи. „ Граѓаните на република Косово со документите за лична идентификација кои ги издава нашата земја, ќе можат да ја преминат границата со Србија на сите гранични премини без никакви пречки, или дополнителни оптеретувања и одлагање,“ напиша на социјалната мрежа Фејсбук Курти. Читать дальше...

Претпладне сончево, попладне пороен дожд

SlobodnaEvropa.mk 

Денеска не очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневната температура ќе биде во благ пораст и ќе се движи во интервал од 28 до 34°C. УВ индексот ќе изнесува 7. Во Скопје ќе биде променливо облачно, а попладне во делови од котлината ќе има услови за пороен дожд и грмежи. Максималната температура ќе достигне до 34 степени.  Од утре до среда под влијание на нестабилна воздушна... Читать дальше...

Лукаревска - Буџетот не е празен, даночната реформа не е конечна

SlobodnaEvropa.mk 

Даночниот концепт не е нова работа, вели Сања Лукаревска, директорка на УЈП и заменик-претседател на СДСМ. За даночната реформа има навистина поделени мислења, меѓутоа на крајот ќе мора да се најде најдоброто решение. Камен на сопнување е прогресивното оданочување, вели таа.

Лукаревска - Оптимист сум дека уставните измени може да поминат

SlobodnaEvropa.mk 

Има многу прогресивни сили коишто сакаат да одат напред и затоа сум оптимист дека може да поминат уставните измени, вели Сања Лукаревска, директорка на УЈП и заменик-претседател на СДСМ во интервју за РСЕ. Таа очекува пратениците кои мислат добро за државата дека ќе гласаат за тие уставни измени.


Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
Александр Зверев

Александр Зверев раскритиковал график соревнований в туре






Песков рассказал о давних дружеских отношениях Путина с Рошалем

ГИБДД в Москве проверит электросамокатчиков

Диетолог Павлюк рассказала, чем опасно интервальное голодание

«Квартир на рынке становится всё больше, а способных их купить — всё меньше». Подешевеют ли квартиры в Севастополе?