Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Сентябрь
2022

Новости за 26.09.2022

Шефица на босанското Обвинителство ставена на американската „црна листа“

SlobodnaEvropa.mk 

Шефицата на Обвинителството во Босна и Хергцеговина Дијана Кајмаковиќ денеска е ставена на „црната листа“ на САД поради континуирани обиди за поткопување на демократијата и владеењето на правото во Босна и Херцеговина. Потсекретарот за контратероризам и финансиско разузнавање во Министерството за финансии на САД Брајан Е. Нелсон изјави дека ова е дел од мерките на САД со кои ја потврдуваат посветеноста за стабилноста и просперитетот на Босна и Херцеговина бидејќи се однесуваат на личност која има... Читать дальше...

Рама - Прекинот на дипломатските односи со Иран не е голема загуба за Албанија

SlobodnaEvropa.mk 

Албанскиот премиер Еди Рама во интервју за „Вашингтон пост“ оцени дека прекинот на дипломатските односи со Иран, поради сајбер-напади, „не е голема загуба“ за неговата земја. Тој вели дека „абанската Влада ќе размисли за обновување на односите со Иран само кога Иран ќе биде слободен”, бидејќи, како што рече, „Иран повторно ќе ја нападне Албанија”. Што се знае за хакерската група која напаѓа во Албанија? Според Рама, иранските хакери планирале да уништат 95 отсто од онлајн владините услуги, но не успеале. Читать дальше...

Повредата на рбетот била фатална за хрватскиот ракометар Тот

SlobodnaEvropa.mk 

Вештачењата и обдукцијата што биле направени на телото на хрватскиот ракометар Денис Тот кој беше убиен пред ноќниот клуб во Градскиот парк во Скопје во раните утрински часови на 7 април покажуваат дека повредата на ‘рбетниот столб била смртносна.  На денешното судско рочиште вештаците од Судска медицина изјавија дека обдукцијата покажала дека со таа повреда на ‘рбетниот мозок  тешко дека ќе можел ракометарот да преживее. За убиството на Тот се обвинети три лица: Анџело Ѓоргиевски (28), Клементина Левковска (19) и Андреј Костовски (19). Читать дальше...

Најмалку 57 луѓе се убиени во антивладините протести ширум Иран

SlobodnaEvropa.mk 

Најмалку 57 луѓе се убиени во антивладините протести ширум Иран, предизвикани од смртта на 22-годишна жена која почина откако беше приведена во полиција поради наводно неправилно носење хиџаб, соопшти организација за заштита на човекови права. Иранската организација за човекови права на 25 септември соопшти дека поради блокирањето на интернетот од страна на владата во Иран, тешко е да се потврди значителен број извештаи добиени за смртта на демонстрантите. Официјалниот број на загинати изнесува 41. Читать дальше...

Дали партиските превирања ќе ја погодат Владата?

SlobodnaEvropa.mk 

Отвореното писмото на 20 функционери на ДУИ ја откри конфронтацијата во партијата. Но освен ДУИ незадоволство на дел од членството има и во другите две најголеми политички партии, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Аналитичарите гледаат опасност за владејачкото мнозинство, а на долг рок и нова политичка реалност.

Владата уверува парно ќе има, но не кажува кој ќе ги грее скопјани

SlobodnaEvropa.mk 

Скопјани ќе имаат парно, уверува Владата која тврди дека континуирано презема мерки за да обезбеди сигурно и стабилно снабдување со топлинска енергија за граѓаните на Скопје. Но, во соопштението не е наведно кој ќе ги снабдува Скопјани со парно. Од Балкан Енерџи Груп БЕГ – Производство велат дека немаат обврска да продолжат со дејноста во новата грејна сезона затоа што нема правен основ за тоа. Ова го наведе денеска компанијата БЕГ – Производство во соопштение по информациите дека треба да продолжи... Читать дальше...

Дистрибуцијата поскапа од струјата – само во Албанија има поскапа мрежарина од Македонија

SlobodnaEvropa.mk 

Само Црногорците плаќаат повисоки сметки за струја од македонските граѓани. Само во Албанија се плаќа поскапо за пренос и дистрибуција на струја отколку во Македонија. Најниски сметки плаќаат жителите на Косово.

За три дена 96 нови случаи на ковид-позитивни

SlobodnaEvropa.mk 

Во изминатите 3 дена (од 24.09 до 26.09.2022) регистрирани се 96 нови случаи на ковид-19 од направени 962 тестови, соопшти Министерството за здравство. Од вкупниот број на позитивни (96), регистрирани се 19 реинфекции. Најмногу од новите случаи се во Скопје – 66, Куманово - 5, Велес – 4, Прилеп, Тетово, Кавадарци, Охрид и Кичево – по 3, Битола и Штип – по 2, Гевгелија и Неготино – по 1. Регистрирани сe 288 оздравени пациенти. Нови 53 случаи со Ковид-19 и 103 оздравени Во текот на изминатите... Читать дальше...



Истражување: Најбогатите најмногу го загадуваат Скопје

SlobodnaEvropa.mk 

Додека енергенсите драматично поскапуваат во пресрет на претстојната зима, многу граѓани во Скопје ќе се соочат со проблеми како да ги затоплат своите домови. Голем дел од овие граѓани живеат во сиромаштија и социјална исклученост и немаат пристап до струја или централно греење. Но, сепак тие не се најголеми загадувачи на главниот град, туку оние кои имаат најголеми примања, над 40 илјади денари месечно, главно поради нивните навики и количините кои ги конзумираат. Ова се резултати добиени од истражување... Читать дальше...

Најмалку 13 загинати, од кои 7 деца при вооружен напад во руско училиште

SlobodnaEvropa.mk 

Бројот на загинати по вооружениот инцидент во рускиот град Ижевск порасна на 13 откако уште тројца им подлегнаа на повредите. Меѓу загинатите има седум деца. Ранети се 21 лице од кои 14 се деца. Рускиот истражен комитет соопшти дека е идентификуван напаѓачот кој по нападот се самоуби. Станува збор за Артем Казанцев, маж на околу 30-годишна возраст, кој бил матурант во училиштето каде што го извршил нападот. Дел од локалните медиуми јавуваат дека вооружениот напаѓач носел маица со кукаст крст на неа. Читать дальше...

Пригожин за прв пат призна дека е поврзан со платениците на Вагнер

SlobodnaEvropa.mk 

Рускиот бизнисмен Евгениј Пригожин денеска изјави дека ја основал приватната воена компанија „Вагнер групата“ во 2014 година, што е прва јавна потврда за врската што претходно ја демантираше. Групата Вагнер, составена од ветерани на руските вооружени сили, меѓу другите земји се бореше во Либија, Сирија, Централноафриканската Република и Мали. Прес-службата на угостителската фирма на Пригожин Конкорд ги објави неговите коментари на социјалната мрежа ВКонтакте како одговор на барањето за коментар зошто... Читать дальше...

САД и Јужна Кореја започнаа заеднички поморски вежби

SlobodnaEvropa.mk 

Јужна Кореја и САД денеска ги започнаа своите први заеднички поморски вежби во последните пет години во близина на Корејскиот полуостров, еден ден откако Северна Кореја лансираше балистичка ракета со краток дострел. САД се воен сојузник на Јужна Кореја, каде што се стационирани околу 28.500 американски војници за да ја заштитат земјата од северниот сосед вооружен со нуклеарно оружје. Конзервативниот претседател на Јужна Кореја, Јун Сук-Јол, кој дојде на власт во мај, се обидува да го зајакне тој... Читать дальше...

Османи: лажни се информациите дека ќе бидам сменет

SlobodnaEvropa.mk 

Лажна вест е информацијата за моја смена и таа не заслужува никаков коментар, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи во однос на наводната понуда за негово разрешување од министерската функција по отвореното писмо од група членови на ДУИ. Тој рече дека во партијата има големо ниво на демократија и секој може да го каже својот став, но дека последниот збор го има лидерот Али Ахмети. „Со вчерашната изјава на Ахмети, мислам дека тука е завршена таа приказна, изјави Османи. Зарашан... Читать дальше...

Екстремната десничарка Мелони ќе биде првата жена премиер на Италија

SlobodnaEvropa.mk 

Крајно десничарскиот блок доби јасно мнозинство во двата дома на италијанскиот парламент, а Џорџа Мелони ќе биде првата жена премиер во таа земја. Сепак, рекордно слабата излезност фрла сенка врз резултатот.

Вооружен напаѓач уби шестмина во училиште во Русија

SlobodnaEvropa.mk 

Локалната полиција соопшти дека вооружен напаѓач уби шест лица и рани 20 други во училиште во централна Русија. Гувернерот на регионот Удмуртија, Александар Бречалов, во видео изјава во понеделникот рече дека сè уште неидентификуваниот стрелец влегол во училиште во Ижевск, главниот град на регионот и убил чувар и некои од децата таму. „Според гувернерот и локалната полиција, напаѓачот се застрелал. Училиштето е евакуирано, а областа околу него е оградена, рече претставникот. Не се објавени детали за напаѓачот или неговите мотиви.

Колку чини бесплатното образование?

SlobodnaEvropa.mk 

Пари за курс за странски јазик, за спорт, за индивидуални часови, за курсеви по информатички програми... Децата се растргнати од воншколски активности, а родителите мака мачат да го менаџираат семејниот буџет со најновите поскапувања кои го погодија и овој „сектор“

Курти реизбран на чело на косовската владејачка партија Движење самоопределување

SlobodnaEvropa.mk 

Лидерот на партијата Движење самоопределување, актуелниот косовски премиер, Албин Курти доби нов четиригодишен мандат на чело на таа владејачка партија. Nа вчерашните внатрешни партиски избори, како единствен кандидат, Курти доби 98 насто од гласовите, против него гласале 0,89 насто, додека 0,51 насто не се изјасниле. Самоопределување исто така соопшти дека за претседателка на организацијата Жените за самоопределување е избрана актуелната министерка за правда, Албулена Хаџиу, која освоила 94 отсто од гласовите... Читать дальше...

Во Варшава конференција за човековата димензија

SlobodnaEvropa.mk 

Десетдневната конференција што денеска почнува во Варшава ќе биде посветена на дискусии за состојбата на човековите права и основните слободи во областа на ОБСЕ. Конференцијата ќе обезбеди платформа за оценување на имплементацијата на заложбите на ОБСЕ за човековата димензија и ќе понуди простор за состаноци за нејзините учесници да ја претстават својата неодамнешна работа и да ги означат прашањата за кои сметаат дека им треба итно внимание на меѓународната заедница. Османи во Виена ќе ги претстави... Читать дальше...

Хакерски напад врз болница во близина на Париз, откриени здравствени податоци

SlobodnaEvropa.mk 

Хакерите кои во август побараа откуп од неколку милиони долари од болница во предградието на Париз, што здравствената установа го одби ги извршија заканите и ги обелоденија украдените здравствени податоци. „Силно го осудувам објавувањето на хакирани податоци од болничкиот центар Корбеј-Есон“ во јужната периферија на Париз, напиша на Твитер францускиот министер за здравство Франсоа Браун. „Нема да попуштиме пред таквите криминалци. Мобилизирани се сите државни служби“, додаде францускиот министер. Читать дальше...

Времето денеска: променливо облачно

SlobodnaEvropa.mk 

Променливо облачно со слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Попладне најпрвин во западните делови ќе започнат врнежи од дожд, кои во вечерните часови и во текот на ноќта ќе се прошират насекаде и локално ќе бидат пообилни (над 25 л/м2). Дневната температура ќе се движи од 16 до 26 степени. Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 22 степена.

Al Arabiya: Шольц заключил контракт на поставки сжиженного газа из ОАЭ

«ФАН» (Riafan.ru) 

Канцлер Германии Олаф Шольц провел переговоры с президентом Объединенных Арабских Эмиратов (ОАЭ) шейхом Мухаммадом ибн Заидом Аль Нахайяном. В ходе встречи стороны заключили договор по энергетической безопасности и развитию промышленной сферы, сообщает Al Arabiya.


Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
Андрей Рублёв

«Титул, которым я горжусь больше всего»: Рублёв одолел Оже-Альяссима и выиграл второй турнир серии «Мастерс» в карьере






Свердловский истеблишмент продолжил многолетнюю традицию накануне Дня Победы. ФОТО

В подмосковных Котельниках сотрудники Росгвардии задержали подозреваемого в краже устройства для персонального прослушивания музыки

Психолог Чудова: на свадьбе не стоит концентрироваться на недостатках

Источник 360.ru: похожий на снаряд предмет нашли на улице Саляма Адиля в Москве