Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Ноябрь
2022

Новости за 19.11.2022

Илон Маск прави анкета дали да го врати Трамп на Твитер

SlobodnaEvropa.mk 

Илон Маск започна анкета на Твитер доцна во петокот, барајќи од следбениците да гласаат дали да се реактивира профилот на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп на платформата. Првите резултати покажуваат дека околу 60 отсто гласале „за“. Маск денеска напиша дека истражувањето генерира околу милион гласови на час. Новиот сопственик на Твитер, во мај изјави дека ќе ја поништи забраната на Твитер за Трамп, чиј профил беше суспендиран по минатогодишниот напад на американскиот Капитол. Твитер... Читать дальше...

Една третина од струјата вчера обезбедена од увоз

SlobodnaEvropa.mk 

Третина од електричната енергија за домаќинствата и малите компании вчера била обезбедна од увоз. Потребни биле 10.033 мегаватчаса, но ЕСМ од своето производство успеало да покрие само 6.873. Останатите 3.160 мегаватчаса електрична енергија биле купени по просечна цена од околу 250 евра. „АД ЕСМ на 18.11.2022 произведе 6 873 мегават часови електрична енергија, а набави 3 160 мегават часови. Потребите за електрична енергија непречено се задоволуваат“, соопшти Владата. Битиќи порачува дека недозволиво... Читать дальше...

Убиени тројца ирански демонстранти во родниот град на Махса Амини

SlobodnaEvropa.mk 

Иранските безбедносни сили убија најмалку три лица во западната провинција Курдистан во протестите предизвикани од смртта на 22-годишната Махса Амини, соопшти организацијата за заштита на човековите права Хенгав. Организацијата со седиште во Норвешка која ги следи злоупотребите во курдските области, за новинската агенција АФП на 19 ноември соопшти дека „репресивните владини сили отвориле оган врз демонстрантите во градот Дивандаре, убивајќи најмалку тројца цивили“. Групата за човекови права... Читать дальше...

Австрија не е против влезот на Хрватска во Шенген вели хрватскиот министер Божиновиќ

SlobodnaEvropa.mk 

Хрватска е една од најголемите придобивки за Шенген, а Австрија не ја гледа Хрватска како проблем, изјави во саботата на 19 ноември вицепремиерот и министер за внатрешни работи Давор Божиновиќ. „Сигурен сум дека ќе се покаже на 8 декември, кога ќе биде донесена конечната одлука“, рече Божиновиќ, отфрлајќи ги шпекулациите дека изјавата на австрискиот министер за внатрешни работи Карнер, кој се спротивстави на проширувањето на Шенген, важи и за Хрватска. „Вчера бев во контакт со него и денеска разговаравме. Читать дальше...

Заседава претседателството на ДУИ - без разрешувања, само отчет од функционерите

SlobodnaEvropa.mk 

Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска во партиското седиште во Мала Речица го одржува продолжението на конститутивната седница на новиот состав на партиското Централно претседателство, на која се очекува да ја евалуира работата на нивните функционери во извршната власт. Сепак, на дневен ред нема да има разрешувања на министри или директори, туку ќе се разговара за прашања кои имаат надлежности како партија, изјави потпретседалот на ДУИ, Арбер Адеми пред почетокот на седницата. „Во... Читать дальше...

Средбата Вучиќ-Курти најверојатно ќе се одржи утре велат од косовската влада

SlobodnaEvropa.mk 

Средбата помеѓу премиерот на Косово, Албин Курти и претседателот на Србија, Александар Вучиќ најверојатно ќе се одржи во недела, на 20 ноември, информираат од косовската влада за балканскиот сервис на РСЕ.   Средбата се одржува поради кризата на релација Приштина-Белград, која настана откако припадниците на српската заедница на север ги напуштија косовските институции противејќи се на одлуката на Владата на Косово за пререгистрација на возилата со КМ (Косовска Митровица) таблички издадени од српските власти. Читать дальше...

Нови обвинувања меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за тоа кој е „паразит“

SlobodnaEvropa.mk 

ВМРО-ДПМНЕ денеска објави нови имиња на функционери во аферата која ја нарекоа „Паразити“. Членот на Централниот комитет на партијата, Ивица Томовски, обвини дека поранешениот директор на ЈП Државни патишта Зоран Китанов, како претседател на Одборот на директори на Телеком земал месечна плата од над 6.200 евра. Томовски обвини и дека Садула Дураку од ДУИ како заменик претседател на Одборот на директори за еден месец земал 1.500 евра плата, а плата од 1.000 евра земала и Шкодране Дардишта од ДУИ. Читать дальше...

Бугарија уапси 5 лица за помагање на еден од осомничените за нападот во Истанбул

SlobodnaEvropa.mk 

Пет лица се приведени како обвинети за помагање на еден од осомничените за бомбашкиот напад што се случи минатиот викенд во центарот на Истанбул, во кој загинаа шест лица, соопшти бугарското обвинителство на 19 ноември. „Пет лица се обвинети поради нивната „логистичка“ помош на еден од осомничените да побегне, изјави за новинската агенција АФП Сијка Милева, портпаролка на обвинителството во Софија.  Турција уапси осомничена за нападот во Истанбул, ПКК негира дека се вмешани Нападот се случи... Читать дальше...



Шефот на ФИФА го обвини Западот за лицемерие

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино го обвини Западот за „лицемерие“ во известувањето за состојбата со човековите права во Катар пред Светското првенство, пишува Би-би-си. На прес-конференција во Доха, Инфантино зборуваше речиси еден час бранејќи го Катар. Рече дека европските нации треба да се извинат за делата извршени во нивната историја, наместо да се фокусираат на прашањата за работниците мигранти во Катар. „Денес имам силни чувства. Денес се чувствувам Катар, се чувствувам Арап, се чувствувам Африканец... Читать дальше...

Австрија се противи на влезот на Хрватска, Бугарија и Романија во шенген зоната

SlobodnaEvropa.mk 

Австрискиот министер за внатрешни работи Герхард Карнер од конзервативната Австриска народна партија се спротивстави на проширувањето на Шенген зоната во Хрватска, Бугарија и Романија, објави германската агенција ДПА повикувајќи се на австрискиот весник Куриер, за кој беше објавено доцна вечерта на 18 ноември во хрватските медиуми. „Не е соодветно да се гласа за проширување, кога системот на надворешни граници не функционира“, изјави Карнер за Курир. Имено, тој вели дека Австрија се соочува... Читать дальше...

Навивачите на Светското првенство можат да преживеат без пиво вели шефот на ФИФА

SlobodnaEvropa.mk 

Навивачите на Светското првенство можат да преживеат три часа на ден без пиво, изјави денеска Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, откако беше соопштена одлуката дека се забранува продажбата на пиво на сите стадиони каде ќе се одиграт фудбалските натпревари.  Мундијалот во Катар меѓу контроверзите и квалитетниот фудбал Светското првенство во фудбал ќе се одржи во Катар од 20 ноември до 18 декември 2022 година. Алкохолот е во голема мера забранет во исламската нација, но одлуката на земјата... Читать дальше...

Денеска променливо облачно време, од утре дожд

SlobodnaEvropa.mk 

Времето денеска ќе биде променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Минималната температура ќе биде 3, а максималната ќе достигне до 21 степен. Што најновата наука на ОН кажува за климатските промени? Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Во текот на ноќта ќе има повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 19 степени. Во недела и понеделник врнежи од дожд ќе има на повеќе места. Читать дальше...

Мундијалот во Катар меѓу контроверзите и квалитетниот фудбал

SlobodnaEvropa.mk 

В недела на 20 ноември почнува фудбалското Светско првенство во Катар 2022 година - мега спортски настан за коj и натаму постои дилема дали на крајот ќе се памети како еден од најдобрите мундијали според квалитетот на фудбалот што ќе се игра или, пак, по контроверзите кои му претходеа?


Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
Стефанос Циципас

Паула Бадос и Стефанос Циципас расстались | Виды спорта






Росгвардейцы провели персональный парад для ветерана ВОВ в Москве

На торгах Мосбиржи доллар подорожал к рублю

ТАСС: президент Лаоса Сисулит приземлился в одном из аэропортов Москвы

В Подмосковье обезвредили 15 боеприпасов времен ВОВ