Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Март
2023

Новости за 02.03.2023

Романскиот премиер доби советник со вештачка интелигенција

SlobodnaEvropa.mk 

Романскиот премиер Николае Чука го претстави својот „нов почесен советник“ во својот кабинет - помошник со вештачка интелигенција. Главната задача на помошникот, именуван како Јон, ќе биде да ги анализира социјалните мрежи и да ја информира владата во реално време за предлозите и желбите на Романците. Чука, претставувајќи го својот нов советник на седница на Владата, изјави дека Јон е „првиот владин советник кој користи вештачка интелигенција“. Оваа алатка за вештачка интелигенција, слична на огледало со звучен сигнал... Читать дальше...

Колера и други заразни болести-закана за областите погодени од турскиот земјотрес

SlobodnaEvropa.mk 

Колера и други заразни болести ги загрозуваат областите погодени од земјотресот во Турција доколку не се преземат итни санитарни мерки, предупредуваат лекарите во земјата, а пренесува „Хуриет дејли њуз“. Во земјотресот во Турција загинаа над 45 илјади лица, а милиони се погодени од катастрофата. Проф. д-р Ајлем Улаш Саз, член на Катедрата за педијатрија на Егејскиот универзитет, кој волонтираше во областа на земјотресот истакна дека кај лекуваните деца најчести биле инфекциите на цревата и дишните патишта. Читать дальше...

Собранието ги избра замениците министри

SlobodnaEvropa.mk 

Собранието во рамки на денешното продолжение на 104-тата седница ги избра Тирон Јајага за заменик-министер за одбрана, Викторија Аврамовска Мадиќ за заменик-министер за правда, Вјолца Бериша за заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Маја Манолева за заменик-министер за здравство и Агим Нухиу за заменик-министер за образование и наука. Сите заменици министри беа избрани едногласно, но за Тирон Јајага гласаа 64 пратеници, а за останатите заменици по 65 пратеници. Со тоа... Читать дальше...

ДПИ: Инспекторите на терен, се почитува одлуката за замрзнатата цена на лебот

SlobodnaEvropa.mk 

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) вчера и денеска извршил надзори и контроли во над 400 економски субјекти на ниво на цела држава при што утврдил дека генерално се почитува одлуката на Владата за замрзнување на цената на лебот од 450 грама на 33 денари. „Досега од контролите е утврдено дека цената на лебот во зависност од грамажата и во зависност од различни градови каде се продава изнесува од 25 до 33 денари и дека се доставува леб кој е опфатен со одлуката“, информираат од ДПИ. Оттаму нагласуваат... Читать дальше...

Без надзор и соодветни документи била изведена електричната инсталација во тетовската модуларна болница

SlobodnaEvropa.mk 

Овластениот вештак по електротехника Ирфан Шаќири на денешното рочиште за пожарот во модуларната болница во Тетово сведочеше дека електричната инсталација во болницата била изведена од двајца вработени во Клиничката болница, без никаков надзор од стручни лица. Тој посочи дека изведувањето на електричната инсталација во модуларната болница е реализиранo со недостиг на голем број на документи потребни за ваков тип на градба. „Целокупната постапка за изведување на електричната инсталација од почеток... Читать дальше...

Водата може да поскапи, проблемите на Водовод ќе останат

SlobodnaEvropa.mk 

Регулаторна комисија предложи нови цени за водата во Скопје, а Водовод и Град Скопје ќе донесат конечна одлука дали скопјани ќе добиваат повисоки сметки. Додека ЈП „Водовод и канализација“ и натаму се дави во долгови уште не може да ги реши големите загуби поради застарената водоводна мрежа.

Стано: Лидерите на Србија и Косово договорија план за нормализирање на односите

SlobodnaEvropa.mk 

Портпаролот на Европската унија (ЕУ) Петер Стано повтори дека лидерите на Србија и Косово на средбата се согласиле дека повеќе нема потреба од дискусија за европскиот план и дека овој документ сега „стана Договор на патот за нормализација на односите меѓу Косово и Србија“. „Она што исто така беше договорено е дека работата ќе продолжи, односно со дискусија за имплементација и конкретни чекори на патот кон нормализација на односите“, им изјави Стано на новинарите на редовната прес-конференција.... Читать дальше...

После Фолк радио, се отвора и Поп телевизија

SlobodnaEvropa.mk 

Битолскиот владика Петар доби дозвола за отворање скопска телевизија за општ, претежно забавен формат, каква што имаат најголем дел од телевизиите. По успесите во градежниот и туристичкиот бизнис, црквата сега влегува и во медиумскиот бизнис, иронизираат граѓаните на социјалните мрежи. Предлагаат црковната телевизија да се вика Поп ТВ.



Инфлацијата во еврозоната падна помалку од очекуваното

SlobodnaEvropa.mk 

Годишната стапка на инфлација во еврозоната падна на 8,5 отсто во февруари, објави денеска Агенцијата за статистика на Европската унија, но падот е помал од очекуваниот во време кога цените на храната растат. Годишната инфлација е забавена откако достигна врв од 10,6 отсто во октомври минатата година, но сепак е далеку над целта на Европската централна банка (ЕЦБ) од 2 отсто. Континуираното намалување на стапката на трошоците за енергија влијаеше на намалување на потрошувачките цени, но во февруари... Читать дальше...

Шаќири: Проблемите со онлајн настава се надминати

SlobodnaEvropa.mk 

Проблемите кои настанаа во онлајн наставата се надминаа за неколку часa и кон ова пристапивме од нужност, иако сме против он лајн настава. Ова го изјави министерот за образование Јетон Шаќири, на денешната прес конференција, но не посочи детали околу тоа какви мерки ќе се преземат за надминување на дојавите и за продолжување со наставата во училиштата.  „Што се однесува до образованиот аспект, вчера беше првиот ден, по првите препораки кои ги добија средните и основните училишта само во градот Скопје. Читать дальше...

На нива со детето во количка затоа што за земјоделките нема породилно

SlobodnaEvropa.mk 

Жените земјоделки не можат да остварат право на породилно отсуство. Воопшто не се споменати во законите со кои се регулира породилното, а Министерството за земјоделство повремено носи мерки да им исплаќа помош. Здруженијата бараат оваа дискриминација да престане со системско, а не „пилот“ решение.

Пекарите и денеска нема да испорачуваат леб

SlobodnaEvropa.mk 

И денеска на полиците во маркетите нема да има леб, велат пекарите. Тие остануваат на одлуката од понеделникот дека производство и испорака нема да има. Во изјава за МИА нивни претставници, подготвени се за разговор со надлежните институции, но тогаш кога ќе добијат официјална покана. Според пекарите, никој не треба да очекува дека ќе има леб за 20 денари. Цената не требаше да се замрзне зашто тоа, потенцираат, се коси со уставното право за слобода на пазарот, ниту требаше да се укине субвенционираната струја зашто мерката даде резултат. Читать дальше...

Протести во Грција по железничката несреќа

SlobodnaEvropa.mk 

Во знак на протест и жал, железничарите во Грција планираат да штрајкуваат и денеска поради, како што велат, официјалното запоставување на железницата. Таму синоќа избија протести поради железничката несреќа во која загинаа 43 лица. Демонстрантите се судрија со полицијата пред седиштето на Хеленик Трејн во Атина, компанијата одговорна за одржување на грчките железници. Протести се одржаа и во Солун и градот Лариса, во близина на местото каде што се случи катастрофата во вторникот вечерта. Владата... Читать дальше...

Продолжува судењето за пожарот во модуларната болница во Тетово

SlobodnaEvropa.mk 

Во Основниот суд во Тетово денеска треба да продолжи судењето за пожарот во тетовската модуларната болница што се случи на 8 септември 2021 кога 14 луѓе ги изгубија животите. На 16 февруари беше последното рочиште кога сведочеа две медицински сестри, родители на починато лице кое било хоспитализирано, двајца роднини на луѓе кои биле на болничко лекување, како и тројца вештаци. Судењето денеска треба да продолжи со сведочење на уште еден вештак предложен од Обвинителството по што ќе се презентираат писмени докази предложени од одбраната. Читать дальше...

Рекорден број на дојави за бомби

SlobodnaEvropa.mk 

Министерството за внатрешни работи вечерва соопшти дека по сите направени проверки во врска со денешните пријави за наводно поставена експлозивна направа во 120 училишта во Скопје е утврдено дека станува збор за лажни дојави. Досега ова е највисока бројка на пријави за бомби во училишта. „Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки од антитерористички тимови и утврдено е дека станува збор за лажни пријави“, се наведува во соопштението. Читать дальше...


Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
Андрей Рублёв

Рублёв выиграл турнир в "Мадриде", завоевав 16-й титул в карьере






В Подмосковье подготовили к 9 Мая все объекты памяти Великой Отечественной войны

Жителей Москвы предупредили об аномально холодной погоде

Стано: решение об участии ЕС в инаугурации Путина еще не принято

Анна Данилова дала старт Всероссийской акции "Синий платочек Победы" 2024 на станции метро Курская