Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Апрель
2023

Новости за 01.04.2023

Ахмети - фракции во ДУИ не се дозволени

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети денеска по средбата на Централното претседателство кој се одржа во седиштето на партијата во Мала Речица изјави дека фракции во ДУИ не се дозволени, откако членовите на „Огнената група“ претходно најавија дека ќе делуваат како фракција во партијата. „Фракција врз основа на статутот на ДУИ и одлуките на Конгресот, не се дозволени. Да го почекаме Конгресот, на Конгресот јас повторно ќе предложам, со најдобра цел да победи мојот предлог за непризнавање на фракции во ДУИ. Читать дальше...

„Огнените“ од ДУИ ќе делуваат како фракција

SlobodnaEvropa.mk 

Членовите на Демократската унија за интеграција (ДУИ) кои се дел од таканаречената „Огнена група“ го напуштија денешниот состанок на Централното претседателство кој се одржа во седиштето на партијата во Мала Речица и најавија дека ќе функционираат како фракција во ДУИ. Актуелниот организациски секретар во ДУИ Блерим Беџети по четири часа од почетокот на состанокот, изјави дека разликите се големи и од организационен аспект внатре во ДУИ, но и од аспект на дебатата за програмските определби врз основа на кои ја добиле довербата од граѓаните. Читать дальше...

Пакистанската армија тврди дека „терористи“ од Иран убиле четворица војници

SlobodnaEvropa.mk 

Пакистанската армија денеска соопшти дека напаѓачи од Иран убиле четворица нејзини војници на граничната патрола. „Група терористи кои оперираат од иранска страна нападнаа рутинска гранична патрола на пакистанските безбедносни сили кои оперираат долж пакистанско-иранската граница“, се вели во соопштението на армијата. Инцидентот се случил во областа Кеч во југозападната провинција Белучистан, која дели долга беззаконска граница со Авганистан и Иран. Армијата соопшти дека пакистанските власти... Читать дальше...

Мицкоски - нема да има уставни измени во овој парламентарен состав

SlobodnaEvropa.mk 

Во овој парламентарен состав промена на Устав нема да има, изјави денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Тој зборуваше за можноста дали уставните измени би можело да се направат по примерот на Хрватска, при што рече дека е подготвен за такво нешто, како што наведе, „ако тоа е формулата за успех, уште утре да ја почнеме процедурата да биде Македонија држава на еден народ и на малцинствата во нејзе“.  „Еве ако сакаат (СДСМ и ДУИ) уште утре да ја отвориме Преамбулата на македонскиот... Читать дальше...

Шефот на иранското правосудство: Без милост ќе ги гониме жените кои не носат хиџаб

SlobodnaEvropa.mk 

Соочен со зголемениот број жени кои му пркосат на задолжителниот кодекс на облекување, шефот на правдата во Иран се закани дека „безмилосно“ ќе ги гони жените кои се појавуваат во јавноста без превез, објавија денеска иранските медиуми. Предупредувањето на Голам-Хосеин Мохсени Еџеи доаѓа по соопштението за печатот од Министерството за внатрешни работи во четвртокот, во кое се нагласува задолжителното спроведување на законот за хиџаб. „Откривањето е еднакво на противење на нашите вредности“, неколку сајтови го цитираа Еџеи. Читать дальше...

Пронајдени двете тинејџерки кои беа исчезнати

SlobodnaEvropa.mk 

Пронајдени се двете тинејџерки на возраст од 12 и 15 години кои цели два дена не се вратиле дома, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи (МВР). Според полицијата, тинејџерките биле пронајдени денеска во 13.30 часот на улицата „Џон Кенеди“, кај продажен објект во паркот, од страна на полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар. „Пронајдени се малолетничките М.К.(15) и А.А.(12), за кои на 30.03.2023 во вечерните часови беше пријавено дека се оддалечиле“, се вели во соопштението на МВР. Читать дальше...

Изборниот молк во Црна Гора почнува на полноќ

SlobodnaEvropa.mk 

Во Црна Гора на полноќ почнува изборниот молк, во пресрет на вториот круг од претседателските избори, што ќе се одржи во недела на 2 април. Изборниот молк е на сила до затворање на гласачките места во недела во 20 часот. Во тој период се забранува медиумско претставување на претседателските кандидати, политичко рекламирање, објавување оценки на резултатите од гласањето, пароли или симболи на кандидатите и резултати од испитување на јавното мислење. Во изборната трка има двајца претседателски кандидати... Читать дальше...

Папата Франциск денеска излезе од болница

SlobodnaEvropa.mk 

Папата Франциск денеска ја напушти болницата за да се врати во Ватикан, откако беше лекуван од бронхитис, мавтајќи им на добронамерниците и медиумите кои го чекаа додека заминуваше. „Не се исплашив, сè уште сум жив“, им рече тој на новинарите во краткиот коментар пред болницата пред да замине. Папата кој има 86 години, беше пренесен во болница пред три дена откако се пожали на тешкотии со дишењето. Тој добро реагираше на инфузијата на антибиотиците, рече неговиот медицински тим. Папата... Читать дальше...

Утре Бугарија гласа на петти парламентарни избори за две години

SlobodnaEvropa.mk 

На 2 април во Бугарија ќе се одржат парламентарни избори. Ова се петти избори во последните 2 години и се одржуваат во услови на тековни политички превирања во земјата. Овие избори следуваат по четири други на кои ниту една партија не можеше да обезбеди изборно мнозинство или да состави одржлива владина коалиција. Без мнозинство или стабилна коалиција, претседателот Румен Радев назначи преодни влади, вклучувајќи ја и сегашната влада предводена од привремениот премиер Галаб Донев. Недостигот... Читать дальше...

Намалени и замрзнати цените на дел хигиенски производи

SlobodnaEvropa.mk 

Од денеска се замрзнуваат цените на тоалетната хартија, хигиенските влошки, влажните марамчиња и пелените за деца и возрасни.    Одлуката беше донесена минатата недела, а ќе биде во сила од 1 април до 31 мај 2023 година, како што најави министерот за економија Крешник Бектеши.  Намалувањето ќе биде 13 отсто од цените кои ги имале тоалетната хартија, влажните марамчиња, пелените за деца и возрасни (дајперси) и хигиенските влошки во трговијата на мало на 20 март годинава.  Владата ја донесе... Читать дальше...

Времето денеска - претпладне сончево, попладне нестабилно

SlobodnaEvropa.mk 

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и релативно топло. Ќе дува умерен до засилен, а во западните делови повремено силен ветер од југозападен правец од над 70 кмилометри на час. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, особено во источните делови. Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степена. Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Читать дальше...


Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
Стефанос Циципас

Паула Бадос и Стефанос Циципас расстались | Виды спорта






Телеведущая Виктория Боня решила покинуть Россию и улететь в Монако

В Самарской области стартовал чемпионат по профессиональному мастерству «Абилимпикс»

White Queen в честь своего дня рождения организовала вечер в морском стиле

Итоги опроса о главном спортивном событии подвели в Подмосковье