Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Сентябрь
2023

Новости за 29.09.2023

Вучиќ: Радоичиќ ќе мора да одговори на повикот на надлежните државни органи

SlobodnaEvropa.mk 

Српскиот претседател Александар Вучиќ на 29 септември изјави дека Милан Радоичиќ, „ќе мора да одговори“ на повикот на надлежните државни органи. Ова е прва реакција на Вучиќ откако порано денеска Радоичиќ презеде одговорност за нападот во селото Бањска во неделата. „Сигурен сум дека надлежните органи имаат причини да поставуваат прашања, а дали обвинителот ќе го гони за какво било кривично дело, тоа не е прашање за мене. Тоа е прашање за обвинителството и другите надлежни државни органи. Ако некој мислеше дека тој ќе бега или ќе се крие... Читать дальше...

Косовската полиција го заплени имотот на Радоичиќ и објави видео од неговиот дом

SlobodnaEvropa.mk 

Косовските власти запленија имот на Милан Радоичиќ  на северот на Косово, во рамките на акциите за претрес поврзани со нападот на косовската полиција во селото Бањска во неделата. Сега веќе поранешниот претседател на партијата Српска листа, Милан Радоичиќ, порано денеска призна дека го организирал и раководел со нападот на косовската полиција на 24 септември кога се убиени еден косовски полицаец и тројца напаѓачи од српска националност. Претреси се извршени на пет локации во општините Северна Митровица... Читать дальше...

Азербејџан тврди дека ќе им дозволи на експерти од ОН да го посетат Нагорно-Карабах

SlobodnaEvropa.mk 

Азербејџан има намера да дозволи група експерти на Обединетите нации (ОН) да го посетат регионот Нагорно-Карабах „во рок од неколку дена“, објави во петокот, 29 септември, кабинетот на претседателскиот советник. Медиумите ќе имаат можност да го посетат и Карабах, според наведеното во соопштението, додека бројот на етничките Ерменци кои го напуштиле регионот по молскавична воена офанзива на Азербејџан достигна речиси 90.000, од околу вкупно 120.000 жители. САД, но и други држави го повикаа Баку... Читать дальше...

Османи: Србија треба да одговара за своите постапки против Косово

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, побара од меѓународната заедница Србија да биде таа која ќе се смета за одговорна за нападот на север на Косово, со тоа што „јасно ќе и се стави до знаење дека мора да престане да финансира и поддржува криминални групи за терористички акти“.  Османи на 29 септември заедно со амбасадори на земјите членки на НАТО и ЕУ разговараше за безбедносната состојба на земјата по нападот на косовската полиција во Бањска во неделата, кога загина еден полициски службеник, а потоа беа убиени и тројца од напаѓачите. Читать дальше...

Утврден составот на Анкетната комисија во Собранието за случајот „Онкологија“

SlobodnaEvropa.mk 

Собранието го утврди составот на анкетната комисија која ќе треба да ги истражува обвинувањата за случајот „Онкологија“, откако во медиумите беше објавен скандалот за злоупотреба на лекови од Клиниката за онкологија и нивно препродавање на црниот пазар. Со утврдениот состав на оваа комисија, ќе раководи пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизрахи, а одлуката за избор на Мизрахи беше донесена на денешната седница на собраниската Комисија за прашања на избори и именувања. За членови... Читать дальше...

Бектеши за млекото со афлатоксин: Граѓаните да им веруваат на институциите

SlobodnaEvropa.mk 

Граѓаните да им веруваат на институциите, а не на изјавите што ги даваат некои политичари за собирање на дневни политички поени, порача денеска министерот за економија Крешник Бектеши во врска со обвинувањата на Цветан Трипуновски дека во продавниците има над 20 тони трајно млеко од Србија со афлатоксин. Одговорајќи на новинарски прашања по посетата на „Бимилк“, Бектеши напомена дека веќе ја споделил информацијата на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) преку својот фејсбук профил. „АХВ... Читать дальше...

Радоичиќ ја презеде одговорноста за нападот во Бањска

SlobodnaEvropa.mk 

Радоичиќ преку писмо признава дека стои зад нападот во манастирот во селото Бањска. Неговиот адвокат јавно го објави неговото писмо, вое кое стои дека токму тој ги направил сите логистички подготовки за, како што стои во писмото, „одбрана на нашиот народ од окупаторот“.

АХВ контра Трипуновски: Во државата нема канцерогено млеко од Србија

SlobodnaEvropa.mk 

Неосновано ширење паника и доведување на граѓаните во заблуда е последната вест дека на рафтовите во продавниците се пласирани над 20 тони трајно млеко по потекло од соседна Србија кај кое лабораториски е детектирано присуство на афлатоксин М1 над максимално дозволените концентрации, реагираат од Агенцијата за храна и ветеринарство, откако претходно ваква вест објави Цветан Трипуновски, претседател на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ. „За да нема идни шпекулации и замајувања на јавност... Читать дальше...



Бројни институции немаат ни „К“ од капитални инвестиции

SlobodnaEvropa.mk 

На прсти се бројат државните институции кои реализирале најголем дел од парите предвидени за капитални инвестиции. Има и такви со нула реализација. На тие што не трошеле, Владата ќе им ги земе и ќе ги пренамени за плати, пензии, субвенции.

Амнестии - И затворите полни и криминалците на улица

SlobodnaEvropa.mk 

На половина пат е шестиот закон за амнестија во државава, колку што имаше од осамостојувањето на државата досега. Затворите се уште се преполни, условите во нив - нехумани, а ресоцијализацијата и рехабилитацијата на затворениците е „заглавена“ кај недостигот на кадар да работи со нив. Што ќе смени последниот Закон за амнестија?

Републиканците отворија истрага за импичмент на Бајден со фокус на син му

SlobodnaEvropa.mk 

Републиканците во Претставничкиот дом, кои ја започнаа истрагата за импичмент на претседателот Џо Бајден на првото сослушување во процесот на 28 септември, ги детализираа исплатите на членовите на неговото семејство од странство, но не обезбедија докази дека претседателот лично имал корист од нив. Првото сослушување за импичмент од страна на Комисијата за надзор на Претставничкиот дом служеше како преглед на доказите што републиканците досега ги собрале за странските деловни потфати на проблематичниот 53-годишен син на Бајден... Читать дальше...

Најмалку 52 лица загинале во самоубиствен напад во Пакистан

SlobodnaEvropa.mk 

Најмалку 52 лица загинале, а повеќе од 50 биле повредени во петокот, (29 септември) во самоубиствен напад на верски собир по повод роденденот на пророкот Мухамед во пакистанската провинција Белучистан, соопштија здравствените власти и полицијата. Според Ројтерс, ниту една група сè уште не ја презела одговорноста за експлозијата. На западот на Пакистан, каде што се наоѓа Балучистан, зголемен е бројот на напади, што ги зголемува ризиците за безбедносните сили пред националните избори закажани за јануари следната година. Читать дальше...

Градоначалникот на Белград поднесе оставка

SlobodnaEvropa.mk 

Градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ, во петокот на 29 септември поднесе оставка од таа функција, соопшти градската управа. Сепак, како што се наведува, тој ќе продолжи да го води Белград до „изборите и последниот тест на довербата на белграѓани“. „Штотуку поднесов формална оставка од функцијата градоначалник на град Белград, за да почнам да создавам законски услови за одржување на изборите, каде покрај парламентарните и локалните избори би се одржале на 17 декември“, изјави Шапиќ. Претседателите на општините низ Србија... Читать дальше...

Во кинескиот хакерски упад на Стејт Департментот биле украдени 60 000 мејлови

SlobodnaEvropa.mk 

Персоналот на американскиот Сенат соопшти дека хакери поврзани со кинеската влада украле околу 60 000 мејлови од сметките на 10 функционери на Стејт департментот во хакерски напад кој се случил летово

УСБ држава

SlobodnaEvropa.mk 

Њузлетер 29.09.2023 - Протести, чекање одговори, политички договарања, јавни прозивки... Стари кавги и нови актери. И меѓу нив - едно УСБ

Косовската полиција врши претреси во три општини на северот

SlobodnaEvropa.mk 

Косовската полиција во петокот на 29 септември соопшти дека врши проверки на пет локации во три општини на северот на Косово, во врска со нападите врз полицијата во селото Бањска во општина Звечан. Во судирите меѓу полицијата и вооружените групи во Бањска на 24 септември загинаа еден полицаец и тројца напаѓачи од српска националност. Според информациите на Радио Слободна Европа на терен, полициски службеници во Северна Митровица се во близина на градската болница и ресторанот Греј. Се претпоставува... Читать дальше...


Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
WTA

Свентек выиграла титул WTA в Мадриде






Ирина Струнова стала Терапевтом года

Экс-председатель совета директоров "Норникеля" Филипьев найден мертвым в Москве

«МК»: известный банкир Филипьев найден мертвым в московской квартире

Инаугурация Путина: Приглашены все друзья и недруги - Ушаков