Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Октябрь
2023

Новости за 09.10.2023

Протест за случајот „онкологија“ - Граѓаните не им веруваат на институциите

SlobodnaEvropa.mk 

Луѓето не веруваат на институции, затоа и не излегуваат на протести, истакнаа малкуте насобрани пред Владата, кои протестираат за случајот „онкологија“. Протестите се одржуваат секој понеделник, веќе цел месец, откако Обвинителството отвори предистрага по пишувањето на медиуми за разработена криминална бизнис мрежа на Клиника за онкологија за препродавање на лекови, односно дека во оваа шема биле вклучени повеќе доктори и медицински персонал на клиниката. Еден од присутните на протестот, Славољуб... Читать дальше...

Гутереш - Тешката хуманитарна ситуација во Газа дополнително ќе се влоши

SlobodnaEvropa.mk 

Хуманитарната ситуација во Појасот Газа беше исклучително тешка и пред овие непријателства. Сега само експоненцијално ќе се влошува, изјави на 9 октомври генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш. Тој ги осуди нападите на цивили и земањето заложници, и го повика Израел да дозволи хуманитарната помош да стигне до Газа. Гутераш изјави дека е „длабоко вознемирен“ од израелската целосна опсада на Појасот Газа. Претходно, израелскиот министер за одбрана Јоав Галант нареди „целосна... Читать дальше...

Инфлацијата се намалува, трошоците на живот пораснале

SlobodnaEvropa.mk 

Државниот завод за статистика соопшти дека инфлацијата во септември се намалила во однос на август и изнесува 6,6 проценти. Во август инфлацијата изнесуваше 8,3 отсто. Минатата година имаше рекордна двоцифрена инфлација која достигна до речиси 20 отсто. Инфлацијата се намалува, но трошоците на живот растат, па во споредба со септември минатата година, трошоците пораснале за 6,6 отсто. Владата од средината на минатиот месец стартуваше со мерката „гарантирани цени“, со што се намалија цени на 24 категории продукти. Читать дальше...

Нетанјаху - Ова е само почеток

SlobodnaEvropa.mk 

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху порача дека она што ќе го доживее Хамас, ќе биде тешко и ужасно. Тој вели дека ова е само почеток. Нетенјаху на властите во јужен Израел им порача да останат јаки, оти како што вели, „ќе го промениме Блискиот исток“. „Знам дека поминавте низ тешки, ужасни работи. Она низ што ќе помине Хамас ќе биде тешко и страшно - ние веќе сме среде битка, а само што започнавме“, рече Нетанјаху, се наведува во соопштението од неговиот кабинет. Израелскиот премиер разговараше... Читать дальше...

ЕУ ја прекина помошта за Палестинците по нападот на Хамас врз Израел

SlobodnaEvropa.mk 

Европската комисија ќе ја ревидира целата своја развојна помош од 691 милиони евра за Палестинците и веднаш ќе ги прекине сите исплати, откако Хамас го нападна Израел. „Степенот на теророт и бруталноста против Израел и неговиот народ е пресвртница“, рече, европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји, во објава на платформата Х, поранешен Твитер. Во судирите што следеа по истрелувањето на илјадници ракети на Хамас врз Израел на 7 октомври загинаа најмалку 700 Израелци, додека при израелските... Читать дальше...

Затворениот турски активист Осман Кавала ја доби наградата „Вацлав Хавел“

SlobodnaEvropa.mk 

На затворениот турски активист за човекови права Осман Кавала на 9 октомври му е доделена наградата за човекови права Вацлав Хавел. Таа се доделува секоја година од Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) во чест на „извонредната“ акција на граѓанското општество во одбрана на човековите права. Кавала е бизнисмен, филантроп и бранител на човековите права, кој беше уапсен од турските власти во 2017 година за неговата наводна поврзаност со протестите во паркот Гези во 2013 година. И... Читать дальше...

Џафери - Ако има волја за лидерска, јас ќе ја испочитувам

SlobodnaEvropa.mk 

Прашањето за лидерска средба треба да се постави до претседателите на партиите, вели претседателот на Собранието, Талат Џафери. Тој вели дека доколку тие се согласат на лидерска, тој би свикал состанок за договор за термин за претседателски и парламентарни избори. Ако има волја, јас би ја испочитувал, додава Џафери. „Ако има разговори, тие би требало да завршат најдоцна до крајот на година. Се потоа ќе значи течење на роковите и постапките предвидени со закон и Устав за редовните избори“, рече Џафери во изјава за МИА. Читать дальше...



Меѓу 100 и 200 македонски државјани се во Израел проценува Кризниот штаб во МНР

SlobodnaEvropa.mk 

Дваесет македонски граѓани на 8 октомври, преку различни транспортни канали го напуштиле Израел, соопшти на 9 октомври Министерството за надворешни работи (МНР) на Северна Македонија. Уште над 100 граѓани се пријавиле дека сакаат да си заминат, соопшти Министерството. Поголем дел од овие граѓани се на локации кои се сметаат за безбедни, а дваесетмина од нив си нашле билети да некои од летовите кои се на располагање. МНР соопшти дека неколку од македонските граѓани пријавиле дека се во деловите... Читать дальше...

Сведоштва на Македонци во Израел: Се слушаа сирени, бегавме во скривници

SlobodnaEvropa.mk 

Во Израел пристигнавме во петокот, бомбардирањето започна во сабота и ние веднаш испаничивме, раскажува Елизабета Георгиева, една од деветте македонски државјани кои беа евакуирани од Израел. Според МНР, 20 македонски државјани го напуштиле Израел, а уште 100 бараат да се вратат во земјата.

Израел повратил контрола на делови во близина на Појасот Газа

SlobodnaEvropa.mk 

Израел соопшти дека повторно воспоставил контрола врз делови од својата територија во близина на Појасот Газа, кои беа цел на милитантите на Хамас во еден од најкрвавите напади против еврејската држава во последните децении. Во нападите има стотици мртви од двете страни, а светските лидери притискаат за дипломатско решение. Во меѓувреме странците брзаат да си заминат од земјата. „Ние имаме целосна контрола врз заедниците [во близина на границата со Газа]“, изјави воениот портпарол Даниел Хагари за новинарите на 9 октомври... Читать дальше...

Измените на актуелниот фрлија прашина и на новиот Кривичен законик

SlobodnaEvropa.mk 

Тоа што власта не можеше да почека два месеци за да добие комплетно нов Кривичен законик ќе донесе милионски штети и лесни наместо тешки кривични дела за функционери. Својот револт невладините, кои се чувствуваат злоупотребени, го искажаа со повлекување од подготовката на новиот закон.

Ковачевски - Се прави сѐ од Израел безбедно да се евакуираат сите македонски граѓани

SlobodnaEvropa.mk 

Бројката на македонски граѓани кои се наоѓаат во Израел се зголемува и се прават напори да се лоцираат, изјави на 9 октомври премиерот Димитар Ковачевски. Тој вели дека се прави сѐ оттаму безбедно да се евакуираат сите македонски граѓани. Евакуацијата на македонските граѓани од Израле доаѓа по големиот напад на палестинските милитанти во Израел кој започна во саботата на 7 октомври, а по кој израелски воени авиони извршија напади врз цели на Хамас, во Појасот Газа. Вчера дел од македонските... Читать дальше...

Како и да вртиш, за пензионерите пак нема

SlobodnaEvropa.mk 

За една нето функционерска плата од 200.000 денари, потребни се придонеси од 20 работници во приватниот сектор на минималец, вели Билјана Јовановска, поранешна директорка на ПИОМ. Зголемувањето на функционерските плати ја откочи спиралата на незадоволство. Можно ли е зголемување за сите пензионери?

Клаудија Голдин ја доби Нобеловата награда за економија

SlobodnaEvropa.mk 

Американската економска историчарка Клаудија Голдин ја доби Нобеловата награда за економија за 2023 година за нејзината работа на проучување на нееднаквоста во платите меѓу мажите и жените, објави Кралската шведска академија на науките. Нобеловата награда за економија е последна во низата овогодинешни Нобелови награди и вреди 11 милиони шведски круни или нешто помалку од милион долари. „Овогодинешниот лауреат за економски науки, Клаудија Голдин, го даде првиот сеопфатен преглед на заработката... Читать дальше...

Неколку компании ги прекинаа летовите кон Израел

SlobodnaEvropa.mk 

Неколку меѓународни авиокомпании ги прекинаа летовите до или од Тел Авив по нападот на Хамас врз Израел, велејќи дека чекаат да се подобрат безбедносните услови, пренесува Ројтерс. Во судирите што следеа по истрелувањето на илјадници ракети на Хамас врз Израел на 7 октомври загинаа најмалку 700 Израелци, додека израелските воздушни напади убија најмалку 436 луѓе во Појасот Газа. Американските авиокомпании Јунајтед Ерлајнс, Делта Ерлајнс и Американ Ерлајнс ги прекинаа директните летови во неделата. Читать дальше...

Усвоена новата европска директива за обновливи извори на енергија

SlobodnaEvropa.mk 

Советот на ЕУ денеска ја усвои новата Директива за обновливи извори на енергија, чија цел е зголемување на уделот на обновливата енергија во вкупната енергетска потрошувачка на Унија на 42,5 отсто до 2030 година, со можност за дополнител раст за уште 2,5 процентни поени до нивото од 45 проценти, јавува МИА. Согласно Директивата, секоја земја членка на ЕУ е обврзана да придонесе за постигнување на оваа цел во секторите транспортот, индустријата, градежништвото и централното загревање и ладење. ... Читать дальше...

Израел нареди целосна опсада на Газа

SlobodnaEvropa.mk 

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант изјави дека наредил „целосна опсада“ на Појасот Газа, велејќи дека властите ќе ја прекинат електричната енергија и ќе го блокираат влезот на храна и гориво.  „Наредив целосна опсада на Појасот Газа. Нема да има струја, храна, гориво, сè е затворено“, рече министерот Јоав Галант. За потсетување, Израел го контролира воздушниот простор над Газа и нејзиниот брег и ограничува кој и каква стока смее да влегува и излегува преку неговите гранични премини. Слично... Читать дальше...

Блупринт групата се повлекува од изработка на новиот Кривичен законик

SlobodnaEvropa.mk 

Групата на граѓански организации за реформи во правосудството, Блупринт, денеска соопшти дека се повлекуваат од процесот за изработка на новиот Кривичен законик. Александра Цветановска од Македонското здружение на млади правници изјави дека клучната причина за нивното повлекување од од процесот се последните измени на Кривичниот законик од 6 септември 2023 година, што беа предложени од страна на Владата. „Постапката во која беа донесени и содржината на овие измени во делот на трите клучни дела... Читать дальше...

Новости России
Москва

28 инвестиционных проектов Туризм.РФ перешли в активную фазу реализации


Блинкен ги отфрли тврдењата дека одмрзнатите ирански пари отишле за помош на Хамас

SlobodnaEvropa.mk 

Државниот секретар Ентони Блинкен ги негираше тврдењата дека парите што неодамна беа одмрзнати за Иран биле пренасочени како помош за ненадејните напади на Хамас во Израел, забележувајќи дека тие пари се уште не се потрошени и дека можат да се употребат само во хуманитарни цели.  „Ниту еден долар од таа сметка всушност се уште не е потрошен. Како и да било, тие се грижливо и тесно регулирани од Министерството за финансии за да се осигура дека се употребени само за храна, за лекови и лекарска опрема“,  изјави Блинкен за телевизијата Еј-Би-Си. Читать дальше...

Бухабиб: Хезболах нема да се придружи во борбите доколку Израел не го малтретира Либан

SlobodnaEvropa.mk 

Шефот на либанската дипломатија, Абдалах Бухабиб, денеска изјави дека неговата влада добила гаранции од Хезболах дека нема да се вклучи во борбите меѓу Израел и палестинскиот Хамас доколку Израел не го малтретира Либан.  Хезболах вчераутрото истрела минофрлачки гранати врз позициите на израелската војска на границата со Либан, во време кога борбите на југот на Израел беа во тек, јави „Тајмс оф Израел“. Либанската терористичка група, која е поддржана од Иран, тврди дека истрелала десетици ракети... Читать дальше...

Со нападот врз Израел, Хамас се обидува да ја „преуреди“ безбедноста на Блискиот Исток

SlobodnaEvropa.mk 

Кога исламистичката група Хамас започна спектакуларен напад против Израел, таа, исто така, имаше за цел да создаде нови регионални безбедносни усогласувања што може да ги загрозат палестинските аспирации за државност и амбициите на главниот поддржувач на групата, Иран. Саботниот напад, кој е најголемиот упад во Израел во последните децении, се совпаѓа со потезите поддржани од Соединетите Држави за потикнување на Саудиска Арабија кон нормализирање на односите со Израел во замена за одбранбениот договор меѓу Вашингтон и Ријад... Читать дальше...

Агенцијата за храна на ОН дистрибуира помош во областите погодени од земјотресот во Авганистан

SlobodnaEvropa.mk 

Хуманитарните работници стигнaле до некои области погодени од земјотресот во западен Авганистан и почнале да дистрибуираат итна храна за погодените, изјави за РСЕ Вахид Амани, портпарол на Светската програма за храна на Обединетите нации. Амани рече дека преку оваа програма досега било доставено храна до неколку стотици луѓе во Херат. „Подготвени сме да доставиме итна помош во храна на околу 20 000 луѓе“, рече Амани, додавајќи дека Агенцијата за храна на ОН е подготвена да го зголеми опфатот до 70 000 луѓе. Читать дальше...

Продолжуваат борбите меѓу Хамас и Израел, стотина израелски заложници во Газа

SlobodnaEvropa.mk 

Висок функционер на Хамас соопшти дека групата држи повеќе од 100 луѓе во заробеништво по нападот врз Израел. „Високи израелски офицери се меѓу заробените“, изјави Муса Абу Марзук. Се работи за бројка која е дополнителна од повеќе од 30 лица за кои се тврди дека ги држи палестинската група Исламски џихад. Меѓу затворениците кои борците на Хамас ги одведоа во Газа има жени, деца и постари лица. Во меѓувревреме, повеќе од илјада луѓе досега биле убиени во борбите меѓу Хамас и Израел кои траат и утрово... Читать дальше...


Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
ATP

Рублёв поднимется на шестое место в рейтинге ATP после победы на «Мастерсе» в Мадриде






Разворот на Восток

Анна Данилова дала старт Всероссийской акции "Синий платочек Победы" 2024 на станции метро Курская

В метро Москвы запустили поезд ко Дню Победы

Собянин принял решение возобновить подачу тепла в московские дома