Иако е непопуларна мерка, веќе е донесена одлука за штрајк поради најавеното намалување на платите во Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), вели претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов во неделното интервју на Радио Слободна Европа. Работниците ќе протестираат и ако поминат низа закони со кои власта сака да ги намали платите, додава тој.
Очекуваме и овој месец да се зголеми Синдикалната потрошувачка кошничка и покрај владите мерки за замрзнување на цените, вели претседателот на ССМ Слободан Трендафилов во неделното интервју на Радио Слободна Европа. Тој зборува и дека предложени се низа закони кои предвидуваат намалување на платите на работниците и дека планираат протести, ако законите бидат усвоени.