Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Январь
2020

Русија доби нова влада

0
Рускиот претседател Владимир Путин ја одобри новата влада на оваа земја, задржувајќи ги во неа клучните функционери, вклучително и министрите за надворешни работи и одбрана.


Списокот на назначувања што го објави Кремаљ денеска покажува дека Сергеј Лавров и Сергеј Шогу, остануваат во владата на новиот премиер Михаил Мишустин. Министерот за финансии, Антон Силуанов, министерот за енергетика Александар Новак и министерот за земјоделство Дмитриј Патрушев исто така ги задржуваат своите функции.


Сепак, гувернерот на Перм, Максим Решетников станува новиот министер за економија, заменувајќи го Максим Орешин. Советникот за економија на Путин, Андреј Белошов, е избран за прв вицепремиер, на местото на Силуанов.


Новата влада е формирана помалку од седум дена откако Путин откри големи промени во политичкиот систем што доведоа до оставка на тогашниот премиер Дмитриј Медведев и целата негова влада. По оставката, Медведев беше прогласен за заменик претседател на Советот за безбедност, тело предводено од Путин.



Потоа, Путин го избра 53-годишниот Михаил Мишустин, поранешен шеф на даночната канцеларија, за нов премиер на Русија.



 



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса