Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Январь
2020

Новости за 04.01.2020

Мицкоски очекува жилава работа, Заев професионално работење од новите министри

SlobodnaEvropa.mk 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска рече дека очекува жилава, тврдокорна и напорна работа од министрите за внатрешни работи и за труд и социјала, Наќе Чулев и Рашела Мизрахи, предложени од неговата партија. Тој на денешната прес-конференција во партиското седиште рече дека од нив очекува да ги штитат законите и уставот, и во рамки на нивните можности и овластувања, да направат нешто за граѓаните во следните сто дена. Според Мицкоски, има сериозни индиции за злоупотреба и прекршување... Читать дальше...

НАТО ја прекинува обуката на ирачките сили поради безбедносни закани

SlobodnaEvropa.mk 

Коалицијата за борба против Исламската држава во Ирак и во Сирија, предводена од САД, ја прекина обуката на ирачките сили поради зголемените закани со кои се соочува по американските воздушни напади во кои загина иранскиот генерал Хасем Солејмани и негови соработници. Ројтерс вчера објави дека германскиот генерал Ерик Фефер до германските пратеници испратил писмо во кое се вели дека американскиот генерал Пет Вајт одлучил да го зголеми нивото на заштита на војниците во Ирак со кои командува и затоа... Читать дальше...

Се урна зграда во Камбоџа додека бетонирале плоча, седуммина загинати

SlobodnaEvropa.mk 

Спасувачките тимови во Камбоџа пронајдоа уште две тела во урнатините на седумкатницата во провинцијата Кеп, со што бројот на загинати се искачи на седум, а има и 18 повредени, соопштија тамошните власти. Зградата, која била во изградба, се урна вчера, додека во неа имало работници. Зградата се урнала додека работниците ја бетонирале горната плоча, изјави заменик шефот на полицијата Нгоун Самет. Сопствениците на имотот, кои ги ангажирале работниците, се приведени на испитување. Премиерот Хун... Читать дальше...

Пекинг го смени шефот на канцеларијата за врски со Хонгконг

SlobodnaEvropa.mk 

Кинеските власти го разрешија високиот офицер за врски со Хонгконг поради постојаните немири кои ги разнишаа односите на овој специјален административен регион со Пекинг. Шефот на канцеларијата за врски Ванг Жимин ќе биде сменет со Луо Хуининг. Ова е најголемата промена на кинески функционер задолжен за Хонгконг откако летоска избија големи протести поради предложениот закон за екстрадиција, што доведе до брутално задушување и остри казни за демонстрантите, кои Пекинг ги нарече терористи. Според законот... Читать дальше...

Над 50 луѓе загинаа во лизгање на земјиште и поплави во Индонезија

SlobodnaEvropa.mk 

Најмалку 53 луѓе загинаа во свлечишта и поплави предизвикани од неколкудневните дождови во главниот град на Индонезија, Џакарта, и во неговата околина. Спасувачите и натаму се обидуваат да пронајдат луѓе затрупани со тони кал, соопштија денеска властите. Се очекува бројот на жртви да се зголеми, со оглед на тоа што сè уште има луѓе што се водат како исчезнати, а шансите да бидат пронајдени живи од час во час се намалуваат. Монсунските дождови и надојдените реки потопија десетина области во поширокото... Читать дальше...

Новиот премиер Спасовски ги задржа истите заменици

SlobodnaEvropa.mk 

Владата на денешната прва редовна седница во новиот состав, на предлог на премиерот Оливер Спасовски, ги назначи вицепремиерите. Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска е определена за заменичка на претседателот на Владата, додека за заменичка на претседателот, задолжена за економски прашања е именувана Мила Царовска, која дојде на местото на Кочо Анѓушев. За вицепремиер задолжен за европски прашања е определен Бујар Османи, а Садула Дураки, министерот за политички систем и односи меѓу заедниците е именуван за заменик на претседателот. Читать дальше...

Илјадници луѓе на посмртната поворка во Ирак за убиениот ирански генерал

SlobodnaEvropa.mk 

Илјадници луѓе се собраа денеска во Багдад на посмртната поворка за убиениот ирански генерал Касем Солејмани и неколкумина други, кои беа убиени еден ден претходно во американски воздушен напад во главниот град на Ирак. Нападот ги зголеми тензиите во регионот, а Иран предупреди дека ќе се одмазди. Многумина од насобраните носат ирачки знамиња, како и знамиња на милиции и организации, меѓу кои и Ирачките народни сили за мобилизација, чиј заменик-командант беше убиен заедно со иранскиот генерал и неколкумина други. Читать дальше...

Лондон ги советува Британците да избегнуваат патување во Ирак и Иран

SlobodnaEvropa.mk 

Лондон денеска им препорача на британските државјани да избегнуваат патување во Ирак или Иран, по убиството на иранскиот генерал Касем Солејмани. Во соопштението од британското Министерството за надворешни работи се наведува дека ги советуваат граѓаните да не патуваат во Ирак, освен во регионот Ирачки Курдистан и „да размислат дали за нив е клучно да патуваат во Иран“. Техеран најави дека ќе се одмазди за смртта на генералот, кој беше убиен во американски воздушен напад во кој настрадаа 10 луѓе, петмина Ирачани и петмина Иранци.



Вучиќ се откажа од посетата на Црна Гора на Божиќ

SlobodnaEvropa.mk 

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека нема да го посети северот на Црна Гора на Божиќ, како што најави претходно. На прес-конференцијата по средбата со патријархот на Српската православна црква Иринеј, Вучиќ рече дека црногорските власти би ја искористиле неговата посета да кажат дека се работи за напад врз независноста и уставниот поредок на нивната земја. Тој рече дека владиката Иринеј се согласил со неговата одлука. Вучиќ додаде дека неговата посета веќе била подготвена... Читать дальше...

Забрана за влез на товарни возила во Грција поради очекувано невреме

SlobodnaEvropa.mk 

Грција забрани влез на сите товарни моторни возила на нејзина територија, поради најавата за лоши временски услови. Забраната ќе стапи на сила утре наутро во 5 часот, а ќе трае до 6 јануари во 24 часот, информира МВР, според добиените информации од грчките власти. „Се воведува забрана за влез за сите товарни моторни возила во Република Грција, и тоа на граничните премини „Богородица“, „Стар Дојран“ и „Меџитлија“, со можност за нејзино продолжување“, соопшти МВР. Како што е наведено во известувањето од грчките служби... Читать дальше...

Продолжуваат протестите против верскиот закон во Црна Гора

SlobodnaEvropa.mk 

Во неколку градови на Црна Гора и синоќа продолжија протестите против усвојувањето на нацрт-законот за слобода на вероисповеста, јавија црногорските медиуми. Во Подгорица литијата низ улиците ја водеше митрополитот црногорско-приморски Амфилохије. По молебенот, литијата тргна низ улиците на Подгорица во 19 часот од Соборниот храм до црквата Свети Макавеј во Толоши и се врати во храмот, пренесува РТЦГ. Митрополитот Амфилохије се обрати на верниците со порака дека ништо не може да се изгради... Читать дальше...

Изборен молк во Хрватска пред утрешниот втор круг од претседателските избори

SlobodnaEvropa.mk 

Во Хрватска на полноќ започна изборниот молк во пресрет на утрешниот втор круг од претседателските избори, на кои 3,86 милиони гласачи ќе се изјаснат за Колинда Грабар-Китаровиќ од ХДЗ или за поранешниот премиер Зоран Милановиќ од СДП. Изборниот молк ќе трае до недела во 19 часот, односно до затворањето на гласачките места. Државната изборна комисија ги повика кандидатите, нивните предлагачи, гласачите и медиумите да го почитуваат изборниот молк и на социјалните мрежи. Според последната изборна анкета... Читать дальше...

Пожарите го уништуваат Националниот парк на островот Кенгуру во Австралија

SlobodnaEvropa.mk 

Националниот парк на островот Кенгуру во Австралија е речиси целосно уништен, а двајца луѓе загинаа во огромните шумски пожари кои продолжуваат да предизвикуваат хаос во земјата. Властите денеска соопштија дека изгореле околу 1000 квадратни километри околу Националниот парк на третиот по големина австралиски остров, кој се наоѓа југозападно од Аделаида. Луѓето загинале кога пожарот го зафатил нивното возило. Има огромни загуби на животинскиот свет на островот, на кој живеат кенгури, коали и ежови. Читать дальше...

Временска прогноза - Претпладне сончево, од пладне облачноста ќе се зголемува

SlobodnaEvropa.mk 

Времето денеска претпладне ќе биде сончево, а од пладне облачноста постепено ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13 степени. Во Скопје слично време со температура до 8 степени. Утрово најниски температури беа измерени во Берово – 10 и во Скопје – 8 степени. Во Петровец, Демир Капија -7, додека во Тетово, Битола и Струмица – 6. Во Дебар, Штип и Маврово, утрово се измерени – 5 степени, а во Куманово, Крива Паланка и Прилеп, – 4. Читать дальше...


Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
Арина Соболенко

Соболенко — Коллинз: белоруска выиграла первый сет в полуфинале Рима






Глеб Никитин выразил соболезнования в связи с гибелью Эбрахима Раиси

Назван средний размер штрафа ГИБДД в России

Прозоров: Россия свою позицию объявила, но Запад не поменяет Зеленского

В Москве запустили тематический трамвай к 89-летию столичного метро