Европската комисија го претстави планот за постепено и координирано укинување на мерките кои се воведени заради сузбивање на пандемијата на коронавирус кој предвидува почитување на три критериуми.
„Иако условите се разликуваат во секоја земја-членка, сите Европејци со право се прашуваат кога и по кој редослед ќе се укинуваат мерките“, изјави претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лејен и додаде дека мерките спасиле илјадници животи, но дека тие со себе носат и голема цена за општеството и економијата и дека не може да траат до недоглед, како и дека ќе треба да се навикнеме да живееме со вирусот сè додека не се пронајде вакцина.
ЕК наведува дека одлуките за ублажување на мерките треба да бидат втемелени на три критериуми. Првиот е епидемиолошки – што значи дека ширењето на заразата мора да биде забавено и стабилизирано. Вториот критериум е здравствениот систем да има доволно капацитет, што вклучува доволен број кревети за интензивна нега, на здравствени работници и медицински материјали. Третиот критериум се однесува на способноста на следење на заразата, вклучувајќи масовно тестирање за да може заразените лица брзо да се изолираат.
Лекарите против вирусот, НАТО против „виросаните“ вести
Фон дер Лејен истакна дека претставувањето на овој план никако не значи знак за почеток на укинување и попуштање на мерките, затоа што тоа е во надлежност на државите.
ЕК, исто така, препорача, контролите на границите внатре во ЕУ да се укинуваат на координиран начин, додека укинувањето на контролите на надворешните граници треба да се прави врз основа на информациите и податоците за ширењето на заразата надвор од ЕУ. ЕК порепорачува и сите вработени да не се враќаат на работа во исто време, а собирањето во групи постепено да се дозволува согласно епидемиолошката ситуација.
В Подмосковье сотрудники Росгвардии спасли пожилого мужчину, который оказался один дома и плохо себя почувствовал
Филиал № 4 ОСФР по Москве и Московской области информирует:
С начала года более 4,7 тысячи жителей Московского региона оформили страховую пенсию в автоматическом режиме на портале госуслуг
Филиал № 4 ОСФР по Москве и Московской области информирует:
В Московском регионе более 62 тысяч семей распорядились материнским капиталом через банки
За один день работники Уссурийского ЛРЗ и их дети выполнили сменно-суточное задание по ремонту 129 паровозиков
В этом году планируют заключить контракт на реконструкцию еще одного участка трассы Р-23 в Ленобласти
Работать там, где удобно: беспроводная гарнитура Fstyler BH230 от A4Tech
Бурятский Театр кукол Ульгэр в Улан-Улан-Удэ показал в Этнографическом музее народов Забайкалья перед детьми и родителями в семейный праздник сказку Колобок - Новости и Культура, Дети и Россия
Сотрудники военных следственных органов Следственного комитета России по всей стране оказывают помощь подшефным детским учреждениям