Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Апрель
2020

Новости за 27.04.2020

Столтенберг: Кина и Русија шират дезинформации за НАТО

SlobodnaEvropa.mk 

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ги обвини Кина и Русија дека шират дезинформации во врска со одговорот на организацијата на пандемијата на коронавирусот. Тој на видео конференција со РСЕ/РЛ и други медиуми истакна дека и двете земји се обидуваат да ги прикажат НАТО сојузниците како неспособни во заеднички одговор на пандемијата и заштитата на граѓаните, што не е точно затоа што сите земји членки работат заедно. „Ние имаме неколку пример на изјави кои доаѓаат од Москва и Пекинг, кои што не се точни... Читать дальше...

Русија ја надмина Кина во бројката на заболени од Ковид 19

SlobodnaEvropa.mk 

Русија го надмина бројот на заболени од коронавирусот во Кина со тоа што денешниот биланс на заболени се искачи над 87 илјади евидентирани случаи. Руските власти денеска завеле над 6 илјади нови случаи на заболени од Ковид 19 по што вкупниот број на заболени во Русија изнесува 87 147, што е за 3 илјади повеќе од бројката на заболени што ја објавија кинеските власти. Вирусот, кој прв пат се појави во Кина, предизвика смрт кај речиси 800 луѓе во Русија.Во меѓувреме, се зголеми и притисокот врз руската... Читать дальше...

Танцот е слобода!

SlobodnaEvropa.mk 

Григориј Вујани Макома, танчер, актер, кореограф и едукатор од Јужна Африка, е автор на светската, а Александар Хаџиманов, педагог и солист на балетот во МОБ, е потписник на македонската порака по повод Меѓународниот ден на танцот 29 април.

Пендаровски и Помпео разговарале за справувањето со Ковид 19 и прашањето за Косово

SlobodnaEvropa.mk 

Македонскиот претседател Стево Пендаровски му изрази сочуство на американскиот државен секретар Мајк Помпео во денешниот телефонски разговор за смртта на над 50 илјади американски граѓани како последица од КОВИД-19 и изрази солидарност со американскиот народ. Тие во разговорот размениле информации за актуелните состојби околу справувањето со пандемијата на КОВИД-19, при што Пендаровски изразил благодарност за досегашната американска помош за справување со вирусот, која изнесува над еден милион американски долари... Читать дальше...

Украинските пожарникари и натаму се борат со пожарите околу Чернобил

SlobodnaEvropa.mk 

Украинските пожарникари и денеска продолжија да се борат со серија пожари кои настанаа во близина на одамна затворената нуклеарна централа во Чернобил. Станува збор за пожари кои избувнаа пред еден месец. Државната служба за вонредни состојби соопшти дека пожарникари се уште се обидуваат да ги изгаснат пожарите кои беснеат во шумската околина на централата. „Главните напори се насочени на локализација на два пожари во шумата“ соопшти службата и додаде дека зрачењето во областа не ги наминува дозволените нивоа. Читать дальше...

Протести во Словенија поради аферата поврзана со Јанша

SlobodnaEvropa.mk 

Стотици граѓани денеска протестираа во главниот град на Словенија против Владата на премиерот Јанез Јанша. Причина за протестот беше објавувањето на аферата со набавката на медицинска и заштитина опрема за потребите на словенечките лекари кои се борат со епидемијата на коронавирусот. Со транспаренти на кој пишуваше „Доста е од пропаганда на омразата” тие побараа оставка од Владата. Граѓаните се обидоа да протестираат на главниот плоштад во градот но таму беа пречекани од полициски сили кои поставија... Читать дальше...

„Никола Младенов“ за Владо Апостолов, РСЕ доби пофалница за истражувачка сторија

SlobodnaEvropa.mk 

Новинарската награда „Никола Младенов“ која во изминативе години ја доделува Македонскиот институт за медиуми за истражувачки стории годинава му припадна на новинарот Владо Апостолов за сторијата „Жив и надграден: Лукративниот бизнис-клуб околу РЕК Битола“. Сторијата е објавена на интернет-страницата „Призма“и открива како се злоупотребува системот на јавни набавки за внесување фирми блиски на власта во профитабилниот бизнис за ископ на јаглен за потребите на термоелектраната РЕК Битола. Второто... Читать дальше...

Владата утре ќе одлучува за полицискиот час за првомајските празници

SlobodnaEvropa.mk 

Комисијата за заштита од заразни болести предала за првомајските празници да биде воведен полициски час сличен на оној за Велигденските празници. Тоа значи дека предлогот кој утре ќе се разгледува на владина седница е полицискиот час да почне вечерта в четврток до понеделник на утро, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче. Тој истакна дека се уште е рано за опуштање и дека на седницата ќе се разгледаат и други предлози и во текот на утрешниот ден ќе се знае од кога ќе почнат ограничувањата за да можат граѓаните да планираат. Читать дальше...



Влада: Немаше ни владина седница, а камо ли кавга за 1 Мај

SlobodnaEvropa.mk 

Ја информираме јавноста дека Владата денеска не одржува седница, ниту пак таква седница е закажана за денеска, ниту пак имало било каква „жестока расправа", ниту постои било каков план за дополнително заострување на мерките. Ова се вели во демантот од Владата, по објавата во дел од медиумите дека „на денешната владина седница имало жестока расправа откако на ставот на владата да има продолжен полициски час за 1 мај, се спротивставил министерот за внатрешни работи од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Наќе Чулев“. Читать дальше...

Чулев: За 1-ви Мај да нема полициски час како за Велигден

SlobodnaEvropa.mk 

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, на својот официјален фејсбук профил објави дека до Координативниот кризен штаб во Владата предложил за претстојниот продолжен викенд за 1-ви Мај да нема продолжен полициски час, како што беше за велигденските празници, туку тоа да биде како изминатиот викенд - од сабота од 15 часот до 5 часот наутро во понеделник. Влада: Немаше ни владина седница, а камо ли кавга за полициски час за 1-Мајските празници „Во пресрет на продолжениот викенд за 1 мај,... Читать дальше...

Српската опозиција најави протест против првомајски карантин

SlobodnaEvropa.mk 

Во пресрет на утрешната седница на српскиот Парламент, на која треба да бидат потврдени одлуката за воведување вонредна состојба и 83-часовен карантин, пратениците на опозицискиот Сојуз за Србија (СзС) порачаа дека нема да присуствуваат на собраниската седница, бидејќи со тоа, како што велат, би го поддржале кршење на Уставот. Лидерот на Движењето за пресврт, Јанко Веселиновиќ, најави дека ќе побара оценка на уставноста на одлуката за воведување вонредна состојба, јави МИА од Белград. Продолжен полициски час за Први мај во Србија... Читать дальше...

ВМРО-ДПМНЕ бара лидерска, Заев вели не треба сега

SlobodnaEvropa.mk 

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара на лидерската средба која што ја најави Претседателот Стево Пендаровски да се донесе усогласен став во врска со бугарските условувања на македонските евроинтеграции, додека пак лидерот на СДСМ, Зоран Заев, смета дека нема потреба од лидерска средба сега. Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, изјави дека на лидеркста треба да се договори заеднички став за „условувањата од Бугарија“ и за здравствената и економската криза од корона-пандемијата. Тој додаде... Читать дальше...

Оздравени 53, починати 4 и 13 новозаразени во последните 24 часа

SlobodnaEvropa.mk 

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 53 оздравени од Ковид-19 (Скопје-25, Куманово-13, Прилеп-5, Струга-1, Битола-4, Охрид -1 и Кочани-4). МЗ соопшти дека во последните 24 часа починале 4 пациенти. „На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две лица, 58 годишна пациентка од Желино (Тетово) примена на клиниката на 21 април со тешка форма на болеста и 81 годишна пациентка од Куманово, лекувана на клиниката од 15 април. И... Читать дальше...

ЗНМ: Поднесени тужби за нападите врз новинари на 27 април

SlobodnaEvropa.mk 

Здружението на новинарите на Македонија информираше дека денеска се поднесени тужби за нападите врз новинарите на 27 април 2017 година, при насилствата во Собранието. ЗНМ потсетува дека на 27 април, пред три години, се случи „крвавиот четврток“, кога поголема група, како што велат од ЗНМ, „поддржувачи на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ упадна во Собранието на Македонија, при што беа нападнати новинари, сниматели, пратеници и останати функционери. „Во име на одбележување на овој... Читать дальше...

„Транспаренси“ со 3 препораки за Владата во корона-кризата

SlobodnaEvropa.mk 

„Транспаренси Интернешанал - Македонија“ денеска побара од Владата навремено да ги доставува информациите од јавен карактер, да дава редовни извештаи и претходно да ги објавува политиките за прераспределба на буџетски средства како износот, количината и распределбата и сите донации кои се добиени од било кој извор. Видео - Рејтингот на власта зависи од менаџирањето на кризата „Укажуваме и бараме од сите надлежни органи и институции навреме самите да објавуваат редовни и ажурирани информации за постапувањата во врска со овие уредби... Читать дальше...

Од утре аплицирање за бескаматните кредити „Ковид 2“

SlobodnaEvropa.mk 

Од утре, па во наредните 15 дена, ќе се примаат електронските апликации за бескаматните кредити од втората линија - „Ковид 2“, а која се однесува за компаниите од сите дејности, со максимален број на 250 работници и со намален приход за 30 отсто во однос на истиот месец од претходната година, или пак во однос на просекот од претходната година. Бескаматната втора кредитна линија изнесува 8 милиони евра, добиената сума треба да се врати за 3 години со вклучен грејс период до 12 месеци, а отплатата... Читать дальше...

Заболените од Ковид-19 од утре ќе се лекуваат со крвна плазма

SlobodnaEvropa.mk 

Лекувањето со крвна плазма на заболени со Ковид-19 кај нас ќе започне од утре во болницата „8 Септември“, каде ќе започне лекување на овие болни и со озонотерапија, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче. Министерот сепак порача дека точната терапија за лекување на болните од овој вирус во светски рамки допрва ќе се утврдува и дека ние како земја сме дел од студијата со повеќе земји во светот во која ќе се утврдуваат еден од четирите начини со коишто оваа болест ќе се лекува со соодветна терапија и со соодветен пристап.

Спасовски за 3-годишнината од 27 април: Биле подготвени и за ликвидации

SlobodnaEvropa.mk 

Денеска се сеќаваме на најмрачниот ден во поновата историја на нашата држава, објави денеска премиерот Оливер Спасовски на својот официјален фејсбук профил по повод тригодишнината од насилството во Собранието на 27 април 2017 година. „На 27 април 2017 година, со монструозна намера и со насилство беше организирана и спроведена злосторничка акција од лидерите на тогашната владеачка партија кои беа решени да се задржат на власт по секоја цена, без чувство за последиците на нивните мрачни амбиции.... Читать дальше...

Борба против короната или борба за власт?

SlobodnaEvropa.mk 

Политичката јавност се сомнева во намерите на пратениците токму сега да се свика и да почне со работа Собранието. Избори во јуни би и донеле повеќе поени на власта, но нивно одложување пак не оди во прилог и на противењето на опозицијата да се свика стариот состав, велат аналитичарите.

Новости России
Москва

Сотрудники СЛД «Курск» филиала «Московский» ООО «ЛокоТех-Сервис» продолжают проводить экологические акции


Кина барала Германија да им ги пофали мерките против Ковид-19, Берлин одбил

SlobodnaEvropa.mk 

Германското министерство за внатрешни работи соопшти дека кинески дипломати контактирале високи функционери во германската влада со намера да ги поттикнат да дадат позитивни оценки за постапките на Пекинг за време на пандемијата на коронавирусот, пренесе Ројтерс. „Германската влада е запознаена со поединечни контакти на кинески дипломати со цел да поттикнат позитивни јавни изјави за постапките на Народна Република Кина во врска со коронавирусот. Сојузната влада не ги исполни тие барања“, стои во... Читать дальше...

„Поарно диви животни отколку луѓе“ - вие коментирате

SlobodnaEvropa.mk 

Позитивните и негативните тестови на кумановскиот градоначалник и неговата казна во вашиот фокус на социјалните мрежи. Сепак, фотогалеријата на диви животни и птици што ги „освојуваат“ тивките градови заради забраните за движење поради коронавирусот ве „освои“ - позитивно и негативно.

Дали СЗО е таа што треба да го запре ковид-19?

SlobodnaEvropa.mk 

Логично е кога светот е погоден од голема здравствена криза да и се обрати на Светската здравствена организација за да го заштити. Оваа агенција на ОН се најде под огромна критика за нејзиниот одговор на пандемијата на коронавирус, но поблискиот поглед на организацијата, нејзините овластувања и нејзиното финансирање сугерира дека не мора да биде така.

Полицискиот час го прекршиле 88 лица, 76 приведени

SlobodnaEvropa.mk 

МВР информираше дека 88 лица не ја почитувале забраната за движење во текот на изминатото деноноќие за периодот 26 и 27 април, при што приведени се 76 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, според статистичките податоци за изминатото деноноќие на 186 лица им се издадени решенија за изолација, а 77 лица потпишале изјави за самоизолација. Кумановскиот градоначалник Димитриевски ќе треба да плати 300 – 600 евра... Читать дальше...

Ардерн: Нов Зеланд ја доби битката со коронавирусот

SlobodnaEvropa.mk 

Новозеландската премиерка, Џасинда Ардерн, изјави денеска дека успешно е стопирано ширењето на вирусот Ковид-19 во земјата, односно дека вирусот „во моментов е елиминиран“. Таа изјави дека не се регистрирани нови случаи во таа земја. Изјавата на Ардерн дојде неколку часа пред земјата да го укине највисокото ниво на социјални ограничувања, пренесе АФП. „Ја стартуваме економијата. Ја добивме битката, но мора да останеме внимателни. Нема да ризикуваме со здравјето на нашите граѓани. Ако е потрбно ќе одиме и на ниво 3“, рече премиерката. Читать дальше...

„Рекет“ при крај, Кичеец чека правосилност на пресуда од слобода

SlobodnaEvropa.mk 

Што се случува со судскиот процес за „Рекет“? Опозицијата обвинува дека власта меша прсти во случајот. Од ОЈО не ни одговорија дали стравуваат дека осудениот Зоран Милески - Кичеец може да ја напушти земјава како што тоа го направија речиси десетина обвинети и осудени во високо профилни случаи. Имено тој прависилноста на пресудата ја чека на слобода.


Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
WTA

Соболенко вышла в полуфинал турнира WTA в Риме






В Москве проходит церемония прощания с художником Сергеем Андриякой

Завершено строительство ледовой арены с искусственным льдом в Щербинке

Подмосковье поделилось опытом на всероссийском медицинском форуме

Итоги учебного года подвели в Мытищах