Владата утре ќе одлучува за полицискиот час за првомајските празници
Комисијата за заштита од заразни болести предала за првомајските празници да биде воведен полициски час сличен на оној за Велигденските празници. Тоа значи дека предлогот кој утре ќе се разгледува на владина седница е полицискиот час да почне вечерта в четврток до понеделник на утро, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче. Тој истакна дека се уште е рано за опуштање и дека на седницата ќе се разгледаат и други предлози и во текот на утрешниот ден ќе се знае од кога ќе почнат ограничувањата за да можат граѓаните да планираат.
„ Во меѓувреме видов и реакции на министерот Чулев, сметам дека не треба да станува збор за какво било какво лично мислење или тенденција, заради тоа што сите овие мислења се темелат на стручните сознанија на Комисијата за заразни болести. Така функциониравме до сега, се темелеа на бројот на пациенти на тоа што може да очекуваме од рестриктивните мерки, има медицинска издржаност за тоа што го препорачуваме. Се разбира дека граѓаните не сакаат да седат дома, кој би сакал да седи дома три дена затворен, но има причина зошто тоа е така предложено“, изјави Филипче.
Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, на својот официјален фејсбук профил објави дека до Координативниот кризен штаб во Владата предложил за претстојниот продолжен викенд за 1-ви Мај да нема продолжен полициски час, како што беше за велигденските празници, туку тоа да биде како изминатиот викенд - од сабота од 15 часот до 5 часот наутро во понеделник.
Чулев: За 1-ви Мај да нема полициски час како за Велигден
Според последните анализи на Комисијата проценките за пикот на заболени се очекува да се движи од 1600 до 1800, рече Филипче.
Во последните 24 часа Институтот за јавно здравје регистрира 53 оздравени од Ковид-19, 4 починати лица, и 13 нови евидентирани како заболени од коронавирус со што што вкупниот број се искачи на 1399.
Филипче изјави дека поради последните извештаи за направени пропусти во Центарот за јавно здравје Велес ќе биде разрешен актуелниот директор и дека ќе биде поставен нов во текот на утрешниот ден. Дополнитено изјави дека цените на јавното претпријатие Бутел за закоп на починати од коронавирус ќе бидат намалени.
Заболените од Ковид-19 од утре ќе се лекуваат со крвна плазма