Нови 280 случаи на Ковид-19, 10 починати
Направени биле 3.929 тестирања.
Има и 156 оздравени пациенти.
Прв случај на Омикрон во земјава - заразен маж кој допатувал од Британија
Најмногу нови случаи има во Скопје - 137, Прилеп 24, Охрид 18, Битола и Штип по 15, Кавадарци 13, Гевгелија 10, Ресен 9, Куманово и Струмица по 8, Велес 4, Валандово и Богданци по 3, Кичево и Демир Хисар по 2, и Тетово, Гостивар, Кочани, Струга, Неготино, Радовиш, Виница, Македонски Брод и Дојран по еден нов случај.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 223.211, бројот на оздравени пациенти е 210.475, на починати е 7.904, а бројот на активни случаи изнесува 4.832.