Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Февраль
2022

Реизбран германскиот претседател Штајнмаер

0
Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер денеска, на специјална седница на собранието, е избран во втор петгодишен мандат на местото шеф на државата.



Во пресрет на изборите за главно церемонијалната функција шеф на државата, него го поддржаа владејачката коалиција и главната опозициска партија.



Германскиот канцелар патува во Украина и Русија додека растат тензиите


Претседателот доби големо мнозинство од гласовите од Сојузното собрание, кое се свикува на секои пет години. Него го сочинуваат 736 пратеници од Бундестагот и претставници на сите 16 сојузни покраини, меѓу кои нема само политичари, туку и јавни личности од културата и спортот.



„Кој се бори за демократија ќе ме има мене на своја страна. Кој ја нападне, ќе ме има за противник“, рече Штајнмаер откако беше избран.



Тој е популарен меѓу граѓаните, но имаше критики дека на функцијата бил „безбоен“, дека давал премалку иницијативи и дека немал инспиративни политички говори.


Пред да биде избран за претседател во 2017 година, 66-годишниот Штајнмаер два пати беше министер за надворешни работи во владата на канцеларката Ангела Меркел, а претходно беше шеф на кабинетот на канцеларот Герхард Шредер.


Претседателот во Германија има мали политички овластувања, но е институција која ужива голем углед во јавноста.



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса