Ерменската опозиција се обидува да го собори Пашинијан со иницирање импичмент
Опозицијата во Ерменија ќе бара отповикување на премиерот Никол Пашинијан поради начинот на кој неговата влада се справува со спорот за Нагорно-Карабах со Азербејџан.
Заменик-претседателот на парламентот Ишхан Сагателијан на 16 јуни рече дека тој заедно со други опозициски политичари треба да изградат јавно барање за процесот, како и поддршка во законодавниот дом, каде што се потребни потписи од најмалку една третина од пратениците за да се иницира процесот.
„Ќе го започнеме процесот на импичмент само кога ќе добиеме соодветни услови за да постигнеме успех“, рече Сагаталиан, додавајќи дека иако уличните собири кои беа прекинати на 14 јуни не донесоа многу резултати, сепак една од нивните цели е постигната, а тоа е што на Пашинијан му го нарушија распоредот за нови отстапки кон кон Азербејџан.
Ерменските опозициски партии во парламентот првично ја започнаа својата кампања за соборување на Пахсинијан на 1 мај, две недели откако тој ја сигнализираше неговата подготвеност да го признае територијалниот интегритет на Азербејџан и „да ја намали границата“ на статусот на Нагорно-Карабах прифатлив за ерменската страна.
Тие го обвинија Пашинијан дека му помогнал на Баку да ја врати целосната контрола врз Нагорно-Карабах откако Ерменија изгуби контрола врз делови од отцепениот азербејџански регион и седум соседни области во војната во 2020 година, која заврши со прекин на огнот со посредство на Москва, надгледуван од руски војници.
Опозициските поддржувачи оттогаш редовно протестираа. Но откако опадна интересот опозицијата на 14 јуни објави дека нема да има собири секој ден, туку ќе протестираат една неделно.
Судир на опозициските демонстранти и полицијата во Ереван
Пашинијан и неговите политички сојузници ги отфрлија барањата на опозицијата за негова оставка, велејќи дека опозицијата не успеа да привлече поддршка од народот за промена на режимот.
Нагорно-Карабах, кој беше под контрола на етнички Ерменци речиси три децении, е меѓународно признат како дел од Азербејџан.
Пашинијан рече дека нема да потпише никаков мировен договор со Азербејџан без да се консултира со етничките Ерменци во Нагорно-Карабах.