Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Июнь
2022

Бугарското Собрание утре ќе го разгледува „францускиот предлог“

0
Утре попладне Kомисијата за надворешна политика на бугарскиот Парламент ќе го разгледува „францускиот предлог“ за деблокирање на евроинтегративниот процес на Северна Македонија.


На седницата, како што е најавено, „ќе биде претставен и ставот на бугарското МНР за записникот од заедничката средба согласно членот 12 од Договорот со Република Северна Македонија од 2017 година, како и пакет документи на Претседателството со Советот на ЕУ во врска со процесот на проширување на ЕУ“.



Јавноста официјално не го видела „францускиот предлог“, ниту, пак, македонската влада се изјасни дали е прифатлив за неа. Дел од медиумите кои го добиле предлогот, објавија дека тој ги содржи сите бугарски барања, освен за македонскиот јазик. Бугарски претставници оценија дека се работи за предлог во вистинска насока, но оти треба да се доработи.



Што и да одлучи Бугарија - Македонија ќе заглави на патот кон ЕУ


Ако Бугарија го прифати францускиот предлог, владата во Скопје ќе мора да даде свој став. Министерот за надворешни работи Бујар Османи и премиерот Димитар Ковачевски досега велеа дека ќе дадат свој став кога ќе има усогласен став од сите 27 членки на ЕУ.



Остануваат точно 10 дена до крајот на ротирачкото претседателство на Франција. Но Софија веднаш треба да се изјасни за планот, за тој да може да се оствари.



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса