Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Июнь
2022

Бугарското Собрание расправа за недоверба на Владата, протести пред домот на Петков

0
Во бугарскиот Парламент денеска започнува расправата за гласање на недоверба на Владата на премиерот Кирил Петков. Гласањето за недоверба беше поднесено од ГЕРБ поради „неуспех во областа на јавните финансии и економската политика“ на Владата.



Во меѓувреме Ангел Џамбаски и Александар Сиди, двајцата копретседатели на бугарската партија ВМРО, заедно со неколку партиски симпатизери, го блокираа излезот од зградата во која живее Петков.



Радев: Бугарската Влада да се изјасни за „францускиот предлог“, а не Собранието


Во објава на Фејсбук, Џамбаски рече дека тој и неговите колеги сакаат да разговараат со премиерот и да го слушнат неговиот став за Француски предлог за спорот со Северна Македонија. Џамбазки додаде дека ВМРО не прифаќа „никакво повлекување од каузата Македонија“ и „бугарскиот интерес“, без да прецизира што значи тоа.



Во 12 часот партијата организира протест пред Народното собрание насловен „Не ја изневерувајте Македонија“. Протести се најавени и на  движењето „Да, Бугарија”, партијата „Препород”, здружението „Толерантност” и национално движење „Хан Кубрат”.


Воедно и поддржувачите на бугарската Влада по 18 часот ќе одржат митинг за нејзина поддршка, а се очекува на него да зборуваат Петков, како и министри од владеачката коалиција и најголемата партија „Промените продолжуваат”. 



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса