Бугарското Собрание утре (22.06.2022) ќе разговара за францускиот предлог за тргање на ветото за македонските евроинтеграции, а македонската влада утре ќе соопшти дали премиерот Димитар Ковачевски ќе оди на Самитот во Брисел. Утре се очекува и одлука дали на Самитот ќе присуствуваат лидерите на Србија и на Албанија. Ова се случува во момент на голема неизвесност за евроинтеграциите на Западен Балкан. Претставниците на ЕУ, кои го организираат Самитот во Брисел, велат дека очекуваат сите поканети да учествуваат на состанокот.