Повредени полицајци во протестите во Иран
Протсети и меѓународна осуда по смртта на 22 годишна Иранка која умре откако беше уапсена од моралната полиција
Четворица ирански полицајци беа повредени, а еден „полицаец“ почина од повреди на 20 септември во јужниот град Шираз по насилните протести, објави официјалната новинска агенција ИРНА на 21 септември. Петнаесет демонстранти беа уапсени во Шираз на 20 септември, според официјален претставник цитиран од ИРНА. Покрај Шираз, митинзи во текот на ноќта се одржаа и во главниот град Техеран и во другите поголеми градови, вклучително и Машхад на североисток, Табриз на северозапад, Рашт на север и Исфахан во центарот, објави ИРНА.
