Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Ноябрь
2022

Вахл - Претседавањето со ОБСЕ во 2023 година ќе биде тешка задача

0
Министерот за надворешни работи Бујар Османи и новоименуваниот шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килиан Вахл на денешната средба разговарале за .претстојното претседавање на Македонија со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во текот на 2023 година.


Амбасадор Вахл упатил отворена поддршка во текот на претседавањето, особено напомнувајќи дека претседавањето со ОБСЕ во 2023 година ќе биде тешка и предизвикувачка задача, пред сè поради отворената агресија на земја-учесничка и другите актуелни случувања во регионот на ОБСЕ, се наведува во соопштението од Министерство за надворешни работи (МНР).




Министерството соопшти дека Османи изразил задоволство од назначувањето на амбасадорот Вахл за шеф на Мисијата на ОБСЕ, како експерт со практично искуство во прашањата за Југоисточна Европа и Западен Балкан.


Шефот на дипломатијата нагласи и дека го цени фактот што Вахл доаѓа од Германија, земја постојан поддржувач на Северна Македонија и истакнат геополитички актер и важна членка на ОБСЕ.

 



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса