Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Ноябрь
2022

Косовската полиција од утре ќе почне да казнува возила со српски таблички

0
Kосовската полиција за Радио Слободна Европа потврди дека од 22 ноември ќе почнат да изрекуваат казни за возачите кои управуваат возила со српски регистарски таблички. Изрекувањето на казните ќе започне наутро на 22 ноември по 8 часот.


Изрекувањето на казните е дел од одлуката на косовската Влада за пререгистрација на автомобили со нелегални српски регистарски таблички во РКС, Република Косово.


Мерката за предупредување трае до 21 ноември, по што ќе бидат изречени казните од 150 евра.




Според косовската полиција, оваа мерка ќе трае до 21 јануари 2023 година.


До 20 ноември, според податоците на полицијата, биле дадени околу 1.740 опомени на возачи на автомобили со нелегални српски регистарски таблички.


Србите во северните општини на Косово предупредија дека ќе се спротивстават на изрекувањето казни, исто како што се спротивставија на одлуката на Владата за регистарските таблички.



Косовската полиција најави казни за возачите со српски таблички од 22 ноември


Владата на Косово од 1 ноември почна да го спроведува својот план.


По повеќечасовниот состанок денеска во Брисел не беше постигнат договор за кризата со регистарските таблички на Косово. По средбата, меѓу шефот на европската дипломатија Жозеп Борел, српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти, ЕУ побара од Косово веднаш да се откаже од казнување, а Србија да го прекине издавањето на регистарските таблички.



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса