Лавров: измислица е дека планиравме труење на чешки политичари
Руската амбасада во Прага ја смени адресата, за да не биде на Плоштад Немцов
Москва, претходно оваа недела го отфрли наводниот заговор за труење на тројцата Чеси како дел од „кампањата за дезинформации“, насочена кон дискредитација на Русија и се закани со сериозни последици врз чешко-руските односи. Сите тројца презедоа или поддржаа акции што го налутија Кремљ, вклучително и преименувањето на плоштадот пред руската амбасада по убиениот поранешен критичар на руските власти Борис Немцов и отстранување на статуа на генерал од времето на Советскиот Сојуз. Властите во Прага потврдија дека ним им била дадена целосна полициска заштита.