Барние: EУ и Велика Британија постојано ќе преговараат за Брегзит
Новата рунда преговори за Брегзит заврши без значаен напредок, но со заложби од двете страни за интензивирање на преговорите, порачаа двајцата главни преговарачи, Доминик Рааб и Мишел Барние. Европскиот преговарач, Мишел Барние, појасни дека со оглед на кусото време кое преостанува до датумот за напуштање на Велика Британија, двете страни „постојано“ ќе преговараат. Доколку сакаат да постигнат договор пред напуштањето на Велика Британија, двете страни треба да постигнат заеднички договор до октомври, јавува дописничката на МИА од Брисел. Читать дальше...
