Македонија го победи светскиот ракометен шампион Данска со 33:29
Ракометната репрезентација на Македонија вечерва го совлада актуелниот светски шампион Данска, во рамките на квалификациите за Светското првенство 2022. Предводени од новиот селектор, Кирил Лазаров, македонските ракометари во Скопје победија со 33:29, по што се на првото место на табелата со три победи од три натпревари. Селекторот, а во исто време и капитен, Лазаров имаше успешно деби на новата функција во репрезентацијата, а повратникот Филип Миркуловски, потсети на игрите од големите ракометни победи на претходните првенства. Читать дальше...