Квалификации за светско првенство: Македонија ремизираше со Романија
Македонската фудбалска репрезентација вечерва во Скопје одигра нерешено, 0:0 со селекцијата на Романија. Ове е трето реми за „црвено-жолтите“ во третиот и последен меч од септемврискиот циклус квалификации за Светското првенство 2022. Избраниците на селекторот Благоја Милевски беа подобри, имаа повеќе шанси, шеесетина минути доминираа на теренот, но повторно останаа без целиот плен. На другите две средби од 6. коло од Ј-групата, Ерменија и Лихтенштајн одиграа 1:1, додека Германија го совлада Исланд на гостински терен со 4:0. Читать дальше...