Опозициската СДСМ го повика министерот за внатрешни работи Панче Тошковски да излезе и да ја каже вистината за бегството на Артан Груби, кој се бара со меѓународна потерница за проневера на 8 милиони евра во Државна лотарија. Во спротивно, како што посочуваат, тоа ќе го направи СДСМ.
„Тошковски два дена молчи и се крие од јавноста за скандалозните пропусти кои личат на организирано пуштање на Груби. Ова е скандал од огромни размери а информациите кои стигаат до СДСМ секој ден се се позагрижувачки, велат од СДСМ. Читать дальше...